Среда, 07 Септември 2016   
Персеј - последниот крал на Антигонидската Империја

persejПерсеј бил последниот крал на Антигонидската Империја една од наследничките на Македонската Империја.

Во 179 п.н.е. починал Филип V. Претходната година Филип наредил да се погуби неговиот проримски настроен син Деметриј. Персеј бил љубоморен на успехот на Деметриј како амбасадор во Рим и го убедил татка си да го отруе како потенцијален узурпатор. Римјаните го поддржувале Деметриј, па така убиството на брата си не се покажало позитивно кај римјаните.

Една од првите одлуки по доаѓањето на престолот било обновувањето на мировниот договор со Рим. Но сепак останатите постапки на Персеј им задавале потешкотии на римјаните. Ова било неговото мешање во работите на соседните држави, вооружената посета на Делфи, избегнувањето на римските амбасадори во Македонија, како и неговите династички бракови. Наскоро Рим завојувал со Персеј во т.н. Трета Македонско-римска Војна (171-168 п.н.е.). Иако Персеј отпрво бил успешен, војната завршила по неговото предавање на римскиот генерал Луциј Емилиј Павле Македоник по решавачкиот пораз во битката кај Пидна и тој бил затворен во Рим. Антигонидското царство се распаднало и било заменето со четири републики. Андриск ја ослободил Македонија од римјаните во времетраење од една година, но бил позарен во 148 п.н.е.. Во 146 п.н.е. четирите републики се распаѓаат и Македонија официјално станува римска покраина.

Во јуни 2005 е пронајдена гробницата на Персеј долж патот Вија Валерија близу Маљиано де' Марси (Л'Аквила) од страна на претставници на италијанското министерство за култура и македонска археолошка делегација.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.