|
|
Александар Македонски и откривањето на Америка |
Во Националниот музеј на Турција има две карти направени во XVI век од турскиот адмирал Пири Реис. Извадени се од Бахрие (Книга на морињата), стар атлас на географски поморски карти. Пириовите карти датираат од 1513 и од 1528 година и на нив се претставени дел од морските брегови на Јужна Америка, Западна Африка, Шпанија, Франција, дел од Северна Америка, Гренланд, Нова Земја и дел од Канада. На картата од 1513 година фигурираат Мексико и Перу, кои биле пронајдени подоцна од спомнатиот датум. На картата од 1528 година фигурира Антартикот, кој бил проучуван од експедиции околу триста години подоцна (во XIX век). Еден шпански морнар, заробен од Пири Реис, изјавил дека со тие карти се служел Кристофор Колумбо при откривањето на Америка, кои биле копирани од книга од времето на Александар Македонски! Од своерачните запишани белешки на турскиот адмирал се дознава дека картите ги подготвил со помош на документи кои на арабиски биле наречени "џаферие" и биле нацртани во времето на Александар Македонски. Овој цар, како што е познато, сакал да го заземе цел свет за да создаде општо светско братство на народите, па секако спомнатите карти му биле познати или, пак, биле направени по негова заповед. Најмистериозно во случајов е тоа што според мислењето на денешните специјалисти-експерти, кои ги разгледувале картите од Пири Реис, нивната точност и прецизност се такви така што можеле да бидат направени само со опсервации на земјата од сателит или барем од авион! |