|
|
Компензацијата би била територијата на Македонија |
Никола Србов Бидејќи глеам дека учени недоучени пишуваат цели реферати за Тодор Александров, решив да појасниме само еден мал сегмент, Еве ви знаење бесплатно. Припадниците на подоцна основаното Привремено претставништво предвидувале меѓународната поддршка за Македонија да ја бара исклучиво од државите кои биле дел од Антантата. Од друга страна ЦК на ВМОРО пред војната при посетата на повеќе европски влади, Германија, Австро-Унгарија, Русија, Франција и Англија, од државите кои припаѓале на Централните сили добила ветување за „автономна“ Македонија во рамките на Бугарија, или припојување на вардарскиот и егејскиот дел кон Бугарија, но Македонија во секој случај да остане како една целина неподелена на повеќе делови. Од членките на Антантата, ВМОРО не добила никакво ветување ниту конкретна помош, напротив, на маса била ставена компензацијата која Србија требала да ја добие на сметка на Австро-Унгарија и Грција во Мала Азија. Компензацијата би била територијата на Македонија. По сондирањето на она што било понудено и ветено, Александров се одлучил да застане на страната на Централните сили сметајќи дека за Македонија во тој момент е најважно да не биде поделена, туку да остане една целина во рамките на било која држава или федерација што давало можност подоцна да се осамостои. Прво, да не сум прочитал ни еден лош коментар за Димо Хаџи Димов, второ, ваков став имаше и Јане Сандански пред Балканските војни. |