Среда, 23 Ноември 2016   
МАКЕДОНСКА ВЕРА ПРАВО-СЛАВНА, А МАКЕДОНЦИТЕ СЛОВЕСНО-ВЕЛЕНИ, СЛАВНИ СИНОВИ БОЖЈИ

Прв дел:

ШТО Е БОГ

За повеќемина од човековата популација, претставата за Бог и што е Бог не е јасна. Луѓето не знаат што е Бог. Една од причините за тоа е и лошата информираност од христијанските отци, затоа што и самото христијанство нема исправен став за прашањето што е Бог. Според христијанството, Бог е нешто апстрактно, нестварно, недопирливо, семоќно, кој дарува и казнува. Бог ја измислил реалноста, создавајќи сѐ што можеме да видиме и да претпоставиме, Бог е семоќен, неуништлив, вечен. Со еден збор Бог е СЀ и секаде, од тука се наметнува стравот од Бог, дека луѓето се никој и ништо, тие се само овци на Богот Татко - овчарот.Воедно Бог праќа на земјата спасител, да го спаси човековиот род од нешто, што никој не знае од што. Да го спаси од непостоечкиот грев. Целата оваа особеност, прокламирана од христијанството, и од другите на неа слични религии, служи само за одржување на луѓето под контрола и потчинетост на нешто што не постои. Христијанството воедно нуди и апстрактно решение за тоа што е всушност Бог, со зборовите: „Кога ќе дојде божјото откровение“. Со други зборови сѐ погоре кажаното претставува страв од Бог, и тој страв е темел на нашето постоење и спасение, од нешто, повторно, што не знаеме од што. Христијанството вели дека Бог се открил како личност, како син божји наречен Исус.

Од каде се црпат сознанијата за Богот на христијанството? Одговорот на христијанските отци е дека нашиот ум, вклучувајки ги и самите отци во таа група на луѓе, кои се неспособни тоа да го откријат, затоа што сме „отпаднати од Бог“ -отпад, (најверојатно сака да се каже, произлезени од самиот Бог), а воедно и нашите органи за спознанието (гносеолошки), се осквернети или ретардирани, „затоа е многу тешко да создадеме вистинска претстава за Бог, која е субјективна, и таа нѐ води кон идолопоклонство, а не онаа вистинската, која го добиваме од самото откровение“.[1]

Како Бог се открива? Христијанството вели дека Бог се открива преку сѐ она што тој го создал, кое непосредно го гледаме. Бог го спознаваме и преку одбрани поединци, наречени пророци, како на пример: Адам и Ева, Сит, Кај, Енох, Ное, Сим, Аврам, Исак, Јаков, Мојсеј, и др. преносители на гласот божји. Божјите објави ги внесуваат, запишуваат во светите книги.

makedon-bog
Македон Бог Сонце ИЛИ, ИЛ, ИЛИЈА.

Според дешифрираните текстови објавени во книгата „Зета Македониа“, доаѓаме до некои спротивставени гледишта за претставата што е Бог, и како тој ни се открива. Бидејќи македонската монотеистичка вера е со старост од најмалку 412.416 години, од тука произлегува заклучокот дека христијанството како политеистичко убедување, па и сите други религии и митологии во светот, произлегуваат од македонската вера, со што, нешто и се совпаѓа во констатациите.

Веднаш да објасниме зошто книгата „Зета Македониа“ дава одговор за прашањето што е Бог. Според сознанијата напишани во книгата „Зета Македониа“, дешифрирани од споменици на културата оставени од македонскиот народ на сите пет континенти, Бог е всушнот: Нешто реално - стварно, мило, допирливо, моќно, но не е најмоќно, тој ја дарува божјата семенка за нов живот, таа семенка е СВЕТЛИНАТА, тоа значи тој не е создавач на нешто од ништо, тој е само оплодувач, а Мајката е таа најмоќната која создава и дарува нов живот. Во македонската монотеистичка вера, единствен Бог е Богот Сонце ИЛИ, ИЛ, ИЛИЈА, во христијанството наречен Свети Илија, кое сите божји карактеристики ги персонифицира со СВЕТЦИ. Од тука произлегува многубожјиот карактер на христијанството.

Македонскиот Бог Илија не казнува, тој секогаш благословува со топлина, светлост, пирвеј, ситна роса и те штити од соѕвездието Аждер - студот преку соѕвездието Крст или почеток на новата година во род. Мајката Земја Македонка е таа која божјите деца ги раѓа, негува, храни, штити, и ги казнува со глад. 

Македонскиот Бог е роден од Мајката на светлото и темното, која ќе ја роди целата вселена. Бог постои поради неговиот син Илион или по мајка наречен Македон. Ако божјите синови Македонците не постојат и Бог нема да постои. Бог постои поради потребите на својот син Илион-Македон.

Синот божји Илион-Македон, со предземениот оплодувачки ген божји, по неговото полнолетство, кога ќе стане семен, наречен Зет, заедно со неговата невеста, рамноправно учествуват во создавањето на рајот Македонија на Земјата и вселената. Денот на оплодувачката моќ на Зетот е XXII-ри март, кога на врвовите на планините, најблиску до Бог, во директен контакт со сонцето и првиот сончев зрак, по најкуса ПРАВА линија го прима словото божјо - умот, со вкупното знаење. Тоа знаење е јазикот, писмото и науката, што претставува СЛОВО божјо. Од тој ден Македон ќе биде словесно-велен или славен, ќе го слави својот Бог Илија, духот божји Македон и пролетта Дон.

Најголемата лага на христијанството за вистинското откривање на Бог, се случила тогаш кога Бог ќе го испрати својот син Исус меѓу луѓето, во кој се наоѓа светиот дух, роден од дева Марија, како човек. Во книгата „Зета Македонија“ ќе видиме дека Исус не е роден од мајката пред 2016 г. туку е роден најмалку пред  412.416 години.

Според македонските записи, ИС – ИСУС е младото новородено сонце од денот XXV-ти декември. ИС е со значење бебе, новороденче или вкупната новородена природа, во која се наоѓа и синот божји Македон на ден XXII-ри март, кога се номинира новиот Зет, со значење ГОСПОДИН, ГОСПОДАР, ГОСПОД на Земјата.

aziski-sombol
Источно-азиски симбол за оган подарен од македонскиот народ.

„Значајноста на ова верување е огромна за разбирање на целиот верски концепт на македонската цивилизација. Македонецот развива силно чувство кон Сонцето поради неговата моќ за создавање на светлост, топлина, душа и писмо. За Македонците, сонцето е единствено божество, а целата материја во макро и микрокосмосот е божја, исполнета со божјиот дух Македон. Затоа Македонците уште од времето кога станале свесни (слово-свесни, словесни), за својот постанок и егзистенција, на Сонцето му припишуваат божествен карактер, т.е. самото Сонце е Бог, двигател, прапочеток и праизвор на животот, извор на духот божји Македон, бог на небото и обожествените Македонци на земјата.

Сонцето како најважна и најзначајна појава, во македонската вера се именува како Бог ИЛИ, ИЛЕ, ИЉО, Зет, Тешт, а неговите зраци се именуваат со носителот на духот божји Маке-дон – „З“ зрак, „Ѕ“ поглед – молња и сончев зрак наречен ИЛ”. (Цитат од книгата „Зета Македониа”,стр.24). 

Продолжува втор дел: „ШТО Е СВЕТИОТ ДУХ“.

(Книгата „Зета Македониа“ ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  или на телефон +389 78 264 106. Наскоро второ дополнето издание но и верзија на англиски јазик. За повеќе информации посетете ја страната www.zetamacedonia.com)

branko-sotirovski
Автор: Бранко Сотировски

www.zetamacedonia.com


[1] Отец Ивица Тодоров, видео запис "Училиште за Животот" - 1

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.