Среда, 30 Ноември 2016   
МАКЕДОНСКА ВЕРА ПРАВО-СЛАВНА, А МАКЕДОНЦИТЕ СЛОВЕСНО-ВЕЛЕНИ, СЛАВНИ СИНОВИ БОЖЈИ

Втор дел:
ШТО Е СВЕТИОТ ДУХ

„Откако постои човекот на Земјата, само Македонците имаат директна поврзаност со еден Бог и за секогаш. Таа врска е „права“ директно поврзана со персонифицираниот Бог Сонце-лавот.“ Зета Македониа стр. 441.

Денешните луѓе, вклучувајќи ги и христијанските отци и наводно и луѓето од далечното минато, не може да објаснат што е Бог и во каква состојба Бог егзистира.

„Светото писмо ‘вистински’ ни го открива Бог. На еврејски ЕЛОХИМ (семоќниот), како полнота на сила и моќ, како полнота на семоќност, независен од ништо и од никого, над простор и време, творец на сè што постои, од ништо да направи нешто, таа моќ е ЉУБОВ. Тој е суштество или живо битие“. Таа полнота, претставува целосна исполнетост. За човечкиот ум целосната исполнетост претставува нешто страшно, незамисливо големо, преполнето со сила и тоа, со сила, која е семоќна. Наводно, сето ова ја претставува љубовта. Таа полнота на сила, моќ и семоќност кај човекот произведува само страв и стравопочит.     

Денешните луѓе можеби и не знаат што е Бог, заблудени од многубожји митологии и новоформирани религии. За луѓето од пред две и повеќе илјади години, Бог заедно со духот божји е нормална и секојдневна појава.

За разлика од христијанството, во македонската вера, божјата моќ е моќта на божјата љубов, составена од светлост и топлина, од темнина и студ, од ситна роса и вода, љубов и болка. Божјата љубов е љубовен допир помеѓу светлината и материјата. Македонската вера е вера на РЕИНКАРНАЦИЈА. Таа е вера на секојдневно реинкарнирање на љубовта со појавата на секојдневното утринско сонце и допирот на сончевите зраци.

Оваа љубов при разденување е отсликана како цифрена вредност ЕДЕН, со значење се разденило. Во природата нешто првично е светлоста на денот со цифрата Е-ДЕН. И во зборот ден се содржи цифрената вредност ЕН (еден).

Светлоста е присутна, видлива во периодот на денот и во периодот на ноќта. Светлоста е присутна во секоја материја, што претставува дух божји МАКЕДОН. Секоја материја си има своја светлост и топлина.

svet-duh

Дух божји Македон, 7.000-6.000 г. македонска ера пред појавата на христијанството. Говрлево во близина на Скопје, Република Македонија.

Топлината е светлост, светлоста е љубов, љубовта е ПОГЛЕД, погледот е духот божји Македон, Македон е сила, кај секој Македонец.

Зошто духот божји се нарекува Македон? Духот божји се нарекува Македон, затоа што Македонецот го раѓа Големата Мајка Македонка, која се наоѓа во вселената

- РАЈОТ МАКЕДОНИЈА. Духот божји, како поглед божји ЅЕ, се претставува како ИС-ИСУС, новородениот поглед ЅЕ, што е рамно на љубов. Љубовта е допир и спој од светло и темно, љубовта е мајка.

Духот божји се нарекува Македон и поради фактот дека Македонецот е единствениот син божји или единствениот кој се вика по таткото Сонце Илион а по Мајката Македон, како бел човек и единствен кој го прима словото божјо преку сончевите зраци – светлоста. Со примените слова (наречени ЦУТНИ и цифри ПРОЛЕТНИ) тој е единствен кој ја развива науката, и ја презентира на пошироките народни маси и другите племенски заедници низ светот, во вид на ВЕРА право-славна. Од таа вера подоцна ќе се развијат сите митологии и религии во светот.

Од оваа констатација донесуваме заклучок дека: БОГ НЕ ПОСТОИ или Бог постои додека постојат Македонците во кои се наоѓа македонскиот дух. Духот Македон секоја година, ослободен од храната, виното и добитокот, од природно упокоениот Тешт (татко на невестата), принесени на оган (симбол на сонцето), го праќаат македонскиот дух Македон кон сонцето да се прочисти, а Богот Сонце, духот Македон го праќа во центарот на галаксијата, каде се умножува, а утре ден преку ситната роса пристигнува на Земјата.

Ако нема Македонци, ќе го нема ни духот Македон. Поради овој факт, духот божји во христијанството нема име, како што и богот нема име. Нарекувајќи го со придавката Јахве (на македонски со значење ЈА сум СЀ) и поради македонскиот ген, ум, писмо, јазик, име и вера, Евреите го напишале христијанството за уништување на македонскиот дух во Македонскиот народ.

Во книгата Зета Македониа конкретно на стр.24, наведуваме што претставува бог за Македонците и зошто тоа верување е значајно.

„Значајноста на верувањето е огромна за разбирање на целиот верски концепт на македонската цивилизација. Македонецот развива силно чувство кон Сонцето поради неговата моќ за создавање на светлост, топлина, душа и писмо. За Македонците, сонцето е единствено божество, а целата материја во макро и микрокосмосот е божја, исполнета со божјиот дух Македон. Затоа Македонците уште од времето кога станале свесни (слово-свесни, словесни), за својот постанок и егзистенција, на Сонцето му припишуваат божествен карактер, т.е. самото Сонце е Бог, двигател, прапочеток и праизвор на животот, извор на духот божји Македон, бог на небото и обожествените Македонци на земјата.

Сонцето како најважна и најзначајна појава, во македонската вера се именува како Бог ИЛИ, ИЛЕ, ИЉО, ИЛИЈА, Зет, Тешт, а неговите зраци се именуваат со носителот на духот божји Македон – „З“ зрак, „Ѕ“ поглед – молња и сончев зрак наречен ИЛ.

Македонската вера запишана во вид на цртежлигатура, пред појавата на новиот и стариот завет, ни укажува на силата божја која не е семоќна. Бог има и своја немоќ, тој е  немоќен да роди нов живот. Бог е зависен од мајката родилка и од синовите божји Македонците. Македонците се единствено свесни дека постои дух божји наречен Македон, со кој богот ИЛИ го добива карактерот на живо суштество. Бог е роден и ограничен во времето, а неограничениот простор е мајката божја Македонка.

Новиот живот го создава/раѓа Мајката Македонка.

bozja-ljubov

Продолжува...

branko-sotirovski
Автор: Бранко Сотировски

www.zetamacedonia.com


[1] Отец Ивица Тодоров, видео запис "Училиште за Животот" - 1

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.