Среда, 17 Јули 2024   
Св. Давид цар Македонски, братот на Самоил

Македонците имале цар пред Самуил!? (4)

komitopuli

„На 13 јануари 1833 година во пожар настрадал манастирот Св. Јован Рилски. Монасите започнале негова обнова, која траела до есента 1837 година. Живописување му било доверено на Захариј Зограф, сликар по потекло од Македонија. Меѓу македонските светци (св. Методиј, св. Наум Охридски, св. Јован Владимир, Св. Ангелариј, св. Јован Рилски, св. Прохор Пчински, св. Гаврил Лесновски) и неколкумина од североисточна Бугарија, централно место зазема претставата на св. Давид цар Македонски, братот на Самоил.“ – пишува проф д-р Милан Бошковски во својот осврт за „Комитопулот Давид, цар Давид, св Давид цар“.

Од кирилскиот мемориален напис од село Герман, Преспанско (откриен во 1888 година) кој го подигнал Самоил, во чест на родителите и брат му, од 993 па се до 1502 година,  во изворите нема никакви податоци за Давид.  Дури во доцниот среден век се појавуваат податоци кои на Давид му придаваат високо световно и духовно значење како македонски владетел и светител.

Појавата на името на македонскиот цар Давид се поврзува со борбата на балканските  народи за ослободување од турското ропство. Всушност треба да се има во предвид, како што пишува проф д-р Милан Бошковски, „почетокот на преродбенските идеи и влијанието на бегалците и иселениците од Балканските земји во Австриската Империја, по Австро-турската војна (1683-1699) и Карпошовото востание 1689 година, ќе најдеме допирни точки со интересите на балканските православни области, Римокатоличката црква и нејзината пропаганда.“ Притоа, се мисли на влијанието на Карловачката Митрополија како експонент на интересите на Австриската Империја, која пак се поставува како заштитничка на православните јужнославјански народи, што пак се гледа и од Манифестот на австрискиот цар Леополд I до балканските народи од 1690 година. Проф. Бошковски истражувајќи ја појавата на името на македонскиот цар Давид по овој период го бележи следното:

„Свети Давид цар, како најмаркантна политичка и црковна фигура од средновековна Македонија најрано е претставен во Стематографијата Христифор Жефарович, Македонец по потекло од Дојран. Тој во Виена заедно со Тома Месмер од 1741 година во бакрорезна форма исликува плејада јужнославјански светители и личности од политичкиот живот на Балканот. Свети Давид цар, најстариот од комитопулите и брат на цар Самоил, за прв пат се појавува заедно со Свети Теоктист, во бакрорези на јужнославјански светители, како влијание на православните влијателни исселеници, и интерес на Австриската Империја експониран преку Карловачката Митополија. Во бакрорезот тој е насликан во монашка одежда со што Х. Жефаровиќ сакал да потенцира дека се закалуѓерил откако се откажал од царското достоинство. На Стематографијата Св. Давид е преставен во цел раст, во монашка одежда и со нимб околу главата... Во десната рака држи отворен ротолус на кој во два реда пишува: „Секое царство кое се разделува само по себе ќе пропадне.“ Левата рака му е подигната во делот на градите и во неа држи жезол симбол на световната власт и крст како христијански симбол.

Мораме да напоменеме дека според изворите Св Теоктист бил бугарскиот цар Тривелиј или Тервел (675 - 721) кој во 718 година ја разбива опсадата на Константинопол  и ја спречува арабската инвазија на Стариот континент. Всушност тој ја спасува Источната Римска империа од исламизација. Подоцна, според изворите, "Кнезот Тервел гради манастир во близина на градот Охрид во кој се повлекува од секуларниот живот и се замонашва под името Теоктист“. Со преставувањето на двете најважни световни и црковни ликови на македонскиот и бугарскиот народ, Жефаровиќ јасно укажува преку пораката од ротолус дека балканските народи можат да се спротивстават на Турците само доколку се обединат. Жефаровиќ тоа го покажува и во друг бакрорез каде Давид и Теоктист се појавуваат во друштво на српските владетели. Оттука проф Бошковски, во прдолжение на своето дело ќе забележи:

„Во сосема друга, јужнославјанска конотација, уште пред издавањето на Стематографијата, Жефаровиќ истата 1741 година, ликот на Св. Давид го вклопил кон српскиот владетелски дом на династијата на Немања, во бакрорезот Св. Сава со српските светители од домот на Немања. Бакрорезот е по нарачка на патријархот на Карловачката Митополија Арсеније IV Јовановиќ - Шакабенда, ослободен од секакви државни и етнички артибути. Едноставно е сигниран како св. Давид цар, што дозволува да го вклопиме во корпусот на Македонски светци. Во вториот ред на светители, од лево на десно претставени се Св. Теоктист и Св. Давид цар, со јасно испишани нивни сигнатури: S. ÏEOKTIST¿, и S. DAVID¿, QAR¿. На Св. Давид цар му се гледа само главата на која носи монашката капа со никифорски крст, карактеристичен за претставите на сите монаси кај Жефаровиќ.“

Карактеристично е дека и на двата бакрорези св. Давид цар е претставен на идентичен начин. Според толкувањата на акад Грозданов, како што пишува Бошковски, определени елементи во композицискиот распоред на споменатите графики од една страна, како и верувањата за роднинските врски меѓу семејството на цар Самоил и семејството на Стефан Немања, од друга, упатуваат дека во прашање е помислата за Самоиловиот брат Давид, со верувањата за него дека бил цар кој се повлекол во монаштво, отстапувајќи му ја власта на најмладиот брат.

Сепак, тоа не се. „Ликот на св. Давид цар, во јужнославјанската ликовна традиција се појавува на уште еден бакрорез од 1766 година, но овој пат од непознат автор. Станува збор за бакрорезот Успението на Богородица со изгледот на манастирот Пива на извориштето на истоимената река во Зета. Неговиот лик е преставен во вертикалните медаљони од десната страна. св. Теоктист е претставен во четвртиот медаљон, додека св. Давид, изгравиран е под него во петтиот медаљон. Сигнатурата околу нимбот гласи: St*¥i David¢.69 Во медаљонот тој е претставен во вообичаената монашка облека со сите атрибути до половината. Во десната подигната рака држи палмова гранка, додека во левата крст. Предлошката на св. Давид цар во Пивскиот манастир може да има основа во Легендата за бракот на Косара, ќерката на Самоил, внука од брат на цар Давид, а жена на зетскиот кнез Јован Владимир. Изоставањето на титулата цар кај св. Давид е разбирлива и логична. Во зетската традиција цар е Самоил, таткото на зетската кнегиња Косара.“ – пишува проф Бошковски.

Според текстовите на отец Паисиј Хилендарски и во Зографската хроника напишана од монахот Јаков, царот Давид се споменува како син на комитопулот, т.е. како брат на цар Самоил, кој владеел пред Самоил, а потоа го оставил царскиот престол и се замонашил. Бидејќи неговите мошти станале „нетлејни“, бил прогласен за светец. Нема прецизни хронолошки податоци за неговата канонизација, но рефлексии од бакрорезот од стематографијата на Христифор Жефаровиќ се сретнуваат и во Света Гора. Проф. Бошковски, за овие рефлексии го бележи следното:

„Рефлексија на бакрорезот од стематографијата на Христифор Жефаровиќ издаден во Виена 1741 година, во фрескоживописот на јужнославјанските светители за создавање единствена јужнославјанска држава, а под вилијание на прелатите на Карловачката Митрополија, најрано среќаваме во параклисот на Св. Сава во Хиландар кој е зографисан во 1779 година. Како ктитори на живописот се јавуваат повеќемина чорбаџии од Видин и Копривштица и донацијата на попот Најдан. Акад. Ц. Грозданов истакнал дека мајсторот пред себе ја имал Стематографијата и нејзините бакрорези, со што се сложуваат и поновите истражувачи. Во првиот појас на северниот ѕид на параклисот во поткуполниот простор во долната зона од левата страна, претставени се двајца владетели и светители: ликот на св. Давид комитопулот, најстариот брат на цар Самоил, кој е сигниран како цар и српскиот крал св. Стефан Првовенчани. Во продолжение следат ликовите на св. Сава, св. Евтимиј св. Антониј и св. Симеон. Св. Давид цар е насликан во цел раст. Околу главата има нимб чија внатрешност е богато украсена со венец. ..Во десната рака држи ротулус на кој го пишува истиот текст како на бакрорезот кај Х. Жефаровиќ, а во левата рака која му е подигната, држи скиптер/ Живописот на овие фрески, според стилските карактеристики им се припишува на сликарската работилница на браќата Константин и Атанасиј од Корча.

Во Зографскиот манастир на Света Гора во црквата Св. Георги Зограф, каде како ктитори се јавуваат тројца истакнати охридски браќа и кнезови Мојсеј, Арон и Јован, во 1817 година, ликот на св. Давид цар е насликан на западната страна во припратата на главната црква. Неговиот лик е живописан од раката на искусниот сликар Митрофан Зограф. Фигурата на св. Давид претставена е помеѓу ликот на Св. Михаил - кнезот Борис и ликот на Св. Теоктист... Св. Давид е претставен во монашка облека како возрасен човек, со седа брада распослана на градите... Во десната рака држи крст, а во левата која му е потпрена на појасот држи бројаница, на која во долниот дел виси крст.... Целта на неговата претстава била да се потенцира ктиторството на охридските благородници Мојсеј и Арон, кои биле неговите браќа – комитопули.“

Освен во Света Гора, вакви рефлексии се појавуваат и во  манастирот Св. Јован Рилски, за кои Бошковски пишува:

„На 13 јануари 1833 година во пожар настрадал манастирот Св. Јован Рилски. Монасите започнале негова обнова, која траела до есента 1837 година. Главен мајстор бил Павле од с. Кремени Костурско. За обновата пристигнала помош од Македонија, а оловниот покрив бил донесен од Кратово. Живописување му било доверено на Захариј Зограф, сликар по потекло од Македонија. Меѓу македонските светци (св. Методиј, св. Наум Охридски, св. Јован Владимир, Св. Ангелариј, св. Јован Рилски, св. Прохор Пчински, св. Гаврил Лесновски) и неколкумина од североисточна Бугарија, централно место зазема претставата на св. Давид цар Македонски, братот на Самоил.

Во 1845 во параклисот на црквата Св. Архангели, при Рилскиот манастир тој е насликан во цел

раст.  Насликан е ... во монашка одежда. Ликот со очите, белата брада која му паѓа на градите оставаат впечаток на спокојна и мудра личност. Во десната ракa држи скиптер со палмова гранка, а во левата отворен ротулус кој лебди, со натпис „Кој не се покорува на сите закони не може да биде инок“. Во левата рака која му е подигната држи скиптер и крст... Со сигурност се знае дека ликот на св. Давид е насликан од раката на сликарот Захариј Зограф. Светецот е насликан во реалистичен стил како што се претставени и останатите, светци, патријарси, цареви и маченици... Тоа го прави за да го побуди патриотското чувство на своите современици.

Претставата на св. Давид цар во средината на XIX век станува омилена тема за сликање во повеќе македонски манастири и цркви. На западната страна на нартексот на црквата во Тројанскиот манастир, која му припаѓа на Рилскиот манастир, сликарот Захариј Зограф во 1847/8 година, врз светло сина подлога ја слика фреската Св. Давид цар Македонски. И во овој манастир св. Давид претставен е во цел раст, заедно со Св. Стефан Првовенчани врз светло сина позадина и златно жолт нимб. Св. Давид цар е претставен како возрасна личност, со побелена коса и долга седа брада која му паѓа на градите... Во десната рака држи ротолус кој лебди, а во левата скиптер и крст...

Современикот на Захариј Зограф, а син на Иван Николов, е Никола Иванов Образописов роден во с. Продановци, во околината на Самоков, во 1863 година во црквата Св. Св. Петар и Павле во метохот Орлица над с. Рила, го живописува ликот на Св. Давид цар. Меѓу фреските, покрај него, го исликува и св. Јован Владимир со отсечената глава во рацете, архиепископот Св. Теофилакт Охридски, Св. Св. Кирил и Методиј, Св. Јован Рилски, Св. Милутин и други јужнославјански светители. Македонскиот цар Давид, братот на цар Самоил во метохот Орлица е насликан заедно со Св. Сава Осветен врз светло сина подлога. Сликарот Никола Образописов го насликал во релативно реалистична форма. Светецот кој е сигниран како: S∫t. DAVI’D¿ CAR¿ BOLGRSKI˘ во споредба со св. Сава Осветен изгледа многу помладо... Св. Давид во десната рака држи отворен ротулус а во левата палмета и крст...

Претставата на св. Давид цар и св. Сава Осветен заедно во црквата Св. св. Петар и Павле во метохот Орлица, поаѓа од идејата на ктиторот за нивните слични животни врвици, угледното потекло, откажување од земните богатства, повлекување во монаштво и заслуги за унапредување на монашките заедници во Палестина и Македонија. Првиот св. Сава Осветен потекнува од семејство на угледни родители кои и во интерес на Источното римско царство го оставаат малолетниот син на блиските роднини. Тој одлучил животот да му го посвети на Бога. Во 482 година во Јудејската пустина на реката Кедрон, југоисточно од Ерусалим го основал манастирот св. Сава кој прераснал во најзначаен испоснички центар во Палестина. Вториот пак св. Давид цар, на Света Гора во Македонија, бил еден од ктиторите на манастирот Зограф од претпоследната деценија на X век. И тој од млади години бил богоугодно воспитен, како цар се откажал од световниот живот, се замонашил и му ја препуштил царската власт на брата си Самоил. Со личниот пример е заслужен за развојот на монаштвото на Зографскиот манастир..“

Професор Бошковски со своите истражувања, како и со овој осврт за цар Давид, уште еднаш укажува на континуитетот не само на македонското име, туку и на државноста на македонскиот народ.

(Крај)

 [извор: проф д-р М. Бошковски, „Комитопулот Давид, цар Давид, св Давид цар“, УДК. 929.731(497.7)“09/10“ 7,04“17/18“(497.7)]

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.