|
|
НАСИЛНО ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ ЈА ОТФРЛААТ ДВОЈАЗИЧНОСТА И ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА! |
СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ МАКЕДОН НАСИЛНО ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ ЈА ОТФРЛААТ ДВОЈАЗИЧНОСТА И ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА! 01 март 2017 година, Скопје, Македонија - Сојузот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во целиот свет МАКЕДОН изразува сериозна загриженост за политичката криза во Македонија и апелира на уставност и законитост! Сојузот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во целиот свет МАКЕДОН бара Претседателот на Републиката да изјави дека неговите овластувања во согласност со членот 90 од Уставот се исцрпени и да ги упати пратениците на распуштање и одржување на нови парламентарни избори! Сојузот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во целиот свет МАКЕДОН, ја отфрла таканаречената “албанска платформа“ којашто претставува грубо мешање на Тирана во внатрешните работи на Македонија и ултимативно барање за состав на коалициона влада во спротивност со Уставот. Сојузот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во целиот свет МАКЕДОН отфрла редефиниција на уставноста и државноста, двојазичност на целата територија и федерализација, со цел територијална дезинтеграција на Македонија! Сојузот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во целиот свет МАКЕДОН смета дека Законот за употребата на јазиците на малцинските заедници, донесен во 2008 година, претставува најширока основа за остварување на јазичните права во согласност со членот 7 од Уставот. Сојузот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во целиот свет МАКЕДОН бара Советот за безбедност на Обединетите Нации да го заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, доколку ЕУ и НАТО ја дестабилизираат, а со цел рекомпонирање на власта заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Сојузот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во целиот свет МАКЕДОН ги повикува Соединетите Американски Држави, врз принципите на еднаква сувереност и немешање во внатрешните работи, да ги одвратат силите кои провоцираат дестабилизација, контролирана нестабилност и војна во Македонија |