|
|
Британски документ за Македонија |
Документите наречени „House of Commons Papers“ се една од петте главни категории на парламентарни документи во Британија, кои се резултат на работата на Британскиот Дом и неговите Комитети и коишто се неопходни за неговото функционирање. Во извештајот од парламентарната сесија оддржана меѓу 3 декември 1878 и 15 август 1879 година, број на документ 79, се водело расправа за Турција. Во прилогот на овие државни документи, под реден број 259 се наоѓа службениот извештај на вршителот на должноста Конзул во Солун господинот Едвард Баркер кој го известува сер АстинХенри Лајард , тогашен британски амбасадор во Истанбул, за состојбата во Македонија. Од информациите кои ги добил од пристигнатите дезертери, тој наведува дека бројот на востаниците изнесува 15 000 добро вооружени востаници, со пушки од типот Хенри-Мартини, првите британски пушки од 1871 година, кои претходно Русите ги одзеле од Турците. Понатаму, продолжува со информацијата од епископите, кои дошле во Солун во чест на Патријархот Јован, пред да биде пренесен во Истанбул, во која наведува: „Тој изјави дека востаниците, кои себеси се нарекуваат “Македонци“, барале голема сума на пари од него за неговите епархјани, и понудиле да дадат (сметко)потврда, велејќи дека парите ќе бидат вратени кога тие ќе си ја повратат сопственоста на својата земја “Македонија“. Бидејќи сумата била “претерана“, епископот пребегнал ноќта во Серез. Овој документ претставува уште една важна потврда, за тоа како се декларирале Македонците, во случајов во 19от век, за нивната национална свест и силните стремежи за ослободување на Македонија и создавање на независна суверена држава под името Македонија. Тоа не е само потврда со која се разбиваат сите комшиски пропаганди, туку и историски доказ кој задолжително треба да влезе во историското образование на секој Македонец. |