Среда, 24 Мај 2017   
На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

titanik

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Преку филмот, е позната трагичната судбина за “непотонливиот” Титаник. На гордоста на британската флота немало само љубов и романса. Сите патници не биле од луксус, туку во Америка барале спас од немаштијата.

На пловниот џин имало и Македонци.

Ги напуштиле домашните огништа со стапчето и бовчето на рамо. Реки солзи се ронеле зад нив на разделбата со децата и фамилијата. Пред патот за туѓина, душата се корнела.

Во печалбата се оставала снагата, а не ретко и животот, пред к’сметот да ги врати дома со пари, за нива, куќа или добиток.

По леб со брод

Еден од нив бил и Аце Малинкоски од селото Штавица. Не стасал да ја види статуата на слободата во Њујорк, оти заминал на дното на океанот заедно со бродот Титаник пред полноќ на

14 април 1912 г. пред едно столетие.

Според кажувањата на роднините, пред 100 години овчарот Малинкоски, како и многумина, сонувал за “ветената земја”. Дал една турска лира кај екимот во Прилеп за лекарскиот преглед. Добил ќитап дека е здраво момче, азган за аргатлук во Америка. Го фрил гунчето и опинците и облекол ала-франк костум. Се качил на пајтонот и кинисал за Неготино. Оттаму го фатил возот за Солун. Со брод стасал до Англија да се качи на пловило за Америка. За несреќа, стигнал на време да го “фати проколнатиот” брод. Во битката за подобар живот, во бегството од бедата, фантазирало младото момче од 22 години дека ќе печали пари и со сопствен пајтон и коњ ќе се врати како чорбачија дома.

Ќе му се вртат момите во амерканскиот костим, залижената коса со паларија, ќе го меркаат и посакуваат чупите не само селски. Ќе стокми куќа - палата и ќе се вдоми со жена да народи деца.

Ама, летот по облаците и јавето не се стокмуваат.

Судбината имала други планови за Аце, кој дома ги оставил родителите Стојко и Спасија. Неговиот брат Илија (1901-1961) во село Марул, честопати ја повторувал трагедијата на брат му Аце на Титаник. Болка го стегала во градите што не стасал со сојот заедно да играат и да се веселат на свадби и кршевки и да гледаат како им растат внучињата.

Пиштел со полни очи солзи кога ќе се спомнел Аце.

Велел дека на бродот за Англија му било првото патување по море. Пред качување пишал писмо кое дошло дома. Аце раскажувал за авантурите на бродот до Англија и невидените чудесии на пристаништето Саутхемптон во Англија - раскажува Томе Велјаноски, марулчанецот кој живее во Шведска.

Коцка мраз кај рибите

Многу народ се воодушевувал на Титаник, на најголемиот брод на светот пред првото патување. Додека се славела првата пловидба со пијанки и гозби, кутриот штавичанец се облизнувал од страна. Мечтаел и тој, како големците, да се забавува кога ќе се врати дома. Кроел планови во главата да ја чува секоја спечалена пара како зеница во окото. Откако Титаник се натоварил со стока и патниците, со оркестри, со помпа бил испратен за Америка. Никому не му идело на ум дека патот на колосот ќе заврши на дното на Океанот. На ,,сите труби,, се велело дека Титаник е непотонлив, а Англичаните биле најдобри бродоградители.

Тоа му удрило в глава на капетанот кој сакал да го руши рекордот за најбрзо патување преку Атлантикот. На половина пат одговорното лице за безбедност од набљудувачницата го забележал движењето на сантата мраз и го предупедил капетанот дека сантата е поголема од Саутхемптон.

Му рекол на капетанот да го запре бродот за да помини движењето на сантата. Капетанот како да бил “под гас” од веселбата и со циничен потсмев изустил самоуверено, без страв дека Титаник е најголемиот и најмодерниот брод што ќе ја удри сантата мраз и ќе ја врати во Артикот од каде се одделила. Се смеел гласно, “перчејќи се” пред угледните патници, потценуваќи ја природата.

Додека се расправале, сударот бил неизбежен и стравотен. Бродот пукнал на два дела, светлата се изгаснале. Паника настанала меѓу патниците. Борба за живот. Успеале да се спасат неколку стотина, а оние што пливале замрзнале и се удавиле. И штавичанецот Аце се сторил мраз, оти не знаел да плива во студената солена вода, распослана со мртви тела.

Потомците на семејството Малинкоски и денес жалаат за својот млад предок кому му згаснал животот на патот за “Елдорадо”. Тагуваат што не можат свеќа да му запалат на селските гробишта во Штавица. Срцето им се крши што не го знаат последното почивалиште на својот роднина, кому коските му останале да ги парчат океанските риби - вели Велјаноски.

Живко Стеваноски, посинок на Илија и внук на Аце, при честите средби, уште живее со трагедијата на роднината на Титаник, кој појде за подобар живот во “ветената земја”, а загинал во “синиот гроб”.

Леонардо ди Каприо, Аце нема да го глуми, ама редно е да се знае дека наши луѓе исчезнале во “проклетството” Титаник.

Преживеан Македонец

Македонските патници кои настрадале во Титаник се и браќата Миле и Јанко Смилевски од селото Тресонче, а преживеал Стојко Додулоски од селото Чучер скопско. Додулоски скокнал во океанот и успел да се качи на еден од чамците за спасување. Стојко се вратил од Америка во 1948 година и работел во скопска фирма. Умрел на 80 годишна возраст.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.