|
|
МАКЕДОНИЈА И БИБЛИЈАТА |
Не знам колку од вас биле љубопитни, или повеќе да кажам горди, во добар смисол на зборот, да видат дека земјата од која потекнуваат неговите предци, иако ти, поради некои несреќни случаи и причини, не живееш во неа, е спомната во една света книга, и не било која книга, туку БИБЛИЈАТА, која е книга на книгите, главна книга на сите Христијани. Тоа што ме восхитува и ме прави да се чуствувам дека сум дел од еден избран народ Божји, кој ја зачувал жива верата во Исус Христос и во Господ, и покрај сите пречки, е тоа што во Библијата, Македонија исто се појавува под ова име. Овие работи кажуваат многу за нациналното единство и за духот на еден народ. Но да ја оставиме Библијата да зборува: „на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол, А оттаму во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град и римска колонија. Во тој град постојувавме неколку дена.'' (Дела: 16 – 9, 10, 11, 12) „А кога Сила и Тимотеј слегнаа од Македонија, Павле беше подбудуван од својот дух да сведочи пред Јудејците дека Исус е Христос.'' (Дела 18 – 5) „И откако се свршија овие, Павле науми да ги мине Македонија и Ахаја и да отиде во Ерусалим, велејќи дека: Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам и Рим. И испракајќи во Македонија двајца од оние кои му служеа, Тимоте и Ераст, тој остана некое време во Азија.'' (Дела: 19 – 21, 22) „А кога стивна вревата, Павле ги повика учениците и давајќи им упатства, откако се поздрави, излезе за да оди во Македонија. И поминувајќи ги тие делови и давајќи им на учениците многу совети и благодети, пристигна во Грција. И таму престоја три месеци. Но кога сакаше да отплови за Сирија, Јудејците направија заговор против него, тој реши да се врати преку Македонија.'' (Дела: 20 – 1, 2, 3) И сега, наместо еден заклучок, ќе го оставам Свети Апостол Павле, апостолот на народите и на љубовта, да го каже својот благослов за сите нас: „Прегрнете се едни други со свет целив. Сите Светци ве прегрнуваат. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и заедницата на Светиот Дух да бидат со сите вас!” (Кпринтјани: 13- 12, 13) АМИН! |