Среда, 14 Јуни 2017   
Македонците од Јужна Македонија недоверливи при давање податоци за себе

borivoje-milojevic„Македонските Славјани, кои многу претрпеле од разни пропагандистички организации, стекнале најпосле речиси сите толку мудрост, да станаа недоверливи и внимателни при давање податоци за себе“ – велиБоривоје Ж. Милојевиќ во својот предговор за истражувањата во Јужна Македонија за време на Првата светска војна.

Боривоје Ж. Милојевиќ (22 XII 1885 - 22 X 1967) е српскиот географ, професор на Универзитетот во Белград, академик на САНУ. Студиите по географија ги запишал во 1904 година, а веќе на крајот на четвртиот семестар (1906) бил избран за асистент. По дипломирањето работел некое време како гимназиски професор, а потоа го посетувал зимскиот семестар 1911/12 во Хале кај познатите географи А. Пенка, О. Шлитер, Ј Волтер и други.

Во текот на Првата светска војна, Милојевиќ се повлече со српската војска, преку Албанија. Потоа 1918-1919 отиде во Лозана, каде што присуствуваше на предавања во областа на геологијата и економска географија. Тој докторирал во 1920 година и истата година бил избран за доцент, а веќе во 1921 година за вонреден професор на Универзитетот во Белград.

Јован Цвијиќ (1865-1927) го предлага во 1925 година за редовен професор, меѓутоа Милојевиќ ја доби оваа титула дури по смртта на Цвииќ во 1927 година, кога ја презеде Катедрата за географија и управување со географското друштво. Тој беше Цвијичев ученик, потоа соработник и на крај наследник До неговото пензионирање во 1956 година, тој бил редовен професор на Универзитетот во Белград. Во 1967 е избран за член на САНУ.

Во текот на животот Милојевиќ објавил повеќе од 250 научних трудови и прилози.,меѓу кои и за Јужна Македонија, каде за време на Првата светска војна на терен го истражувал потеклото на населението, бројот на домаќинствата, старите презимиња и од тога направил книга која преставува основа за понатамошно трагање по корените на луѓето од тој крај. Во Предговорот за истражувањата во Јужна Македонија (Егејска Македонија) Милојевиќ ќе забележи:

„Во летото 1917 и во летото 1918 година имав можност да патувам по јужна Македонија. На тоа патување покрај работата која ми беше службено доделена, се  занимавав и својата географска работа. Еден и тоа најголем дел од таа работа преставуваат овие антопографски истражувања.

Сметам дека повеќе ќе бев користен да можев да обработам една област по „Уатството за истражување на населбите“. Меѓутоа, особено во спомнатите воени години, ова се покажа како невозможно. Прво, јас во ниту една област не можев да се задржам. Потоа различните власти, воени и цивилни, како грчки така француски и енглески, особено го следеа ова истражување, кое е поврзано со било каква врска со домашното населениеСепак најголема пречка беше во неповерливоста на македонското население. Во јужна Македонија нема ниту една област чие население не е различно етнички и верски. Податоците  за доселувањето на секое семејство меѓу неславјанските Македонци, особено меѓу Турците и Арнаутите, беше скоро невозможно да се приберат не само пред светската и балканската војна, туку и пред почетокот на македонското вриење воопшто. Турците во овие краеви дошле пред неколку векови, а Арнаутите во поново време со сила се населиле. Македонските Славјани, кои многу претрпеле од разни пропагандистички организации, стекнале најпосле речиси сите толку мудрост, да станаа недоверливи и внимателни при давање податоци за себе.

Набљудувањата,изнесени и обработени во овој труд, собрани се во пространа област, која се протега од преспанската и костурската котлина на запад до кукушката површина на исток. Така во разни краеви, поедини антропо-географски појави се забележани во различни свои видови; и со споредбено набљудување на овие разни видови утврдени се групи антропогеографски појави и нивните обласни и месни причини.

Имајќи го во предвид најновото дело на Ј. Цвијич: „La Peninsule Balkanique. Geographie humaine“, се обидов во својот труд да ги издвојам антропогеографските фактори и антропогеографски факти.    

Како антропогеографски факти (или како антропогеографски појави) овде се земени населби, економија и  сообраќај, оние факти на човековата култура, кои се важни за општата географска слика. Тие факти се проучени во друг, поважен дел на овој труд. Тука најголемо внимание е посветено на разни прашања за населбите ... на оние прашања кои се истакнати во споменатите „Упаства“  и кои преставуваат најглавна област на антропографското проучување. Понатаму се додадени разгледувањата за економските и сообраќајните состојби: овие разгледувања не само што го дополнуваат изложувањето за населбите, туку сами по себе сочинуаат и самостојни предмети на антропогеографското истражување. 

Првиот дел од овој труд посветен е на антропогеографските причини или фактори, со кои се објаснуваат целокупните особини антропогеографските факти. Еден од тие фактори – осбини на земјата – доволно се познати од поранежните проучувања, и поради тоа за нив се соопштени само најнеопходните податоци. Сепак, иако се овие фактори вака само скицирани, во вториот дел на овој труд нивното влијание во областа на антропогеографските факти насекаде се барани и колку треба нагласени. Меѓутоа, во првиот дел, доста место е дадено антропогеографски фактору ид друг вид, - оние особини на населението, кое од своја страна и често во преовладувачка мера, допринесуваат за разбирање и објаснување на антропогеографските факти.“ – пишува Милојевиќ на крајот од својот предговор.

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.