Среда, 21 Јуни 2017   
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КОН СЛОВЕНИТЕ

62sazy8

БЛАГОДАРНОСТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КОН СЛОВЕНИТЕ

Повелбата повторно е објавена во 1601 година

Од поодамна ме интересираше целата книга "Кралството на Словените" од Мауро Орбини. Тоа е веќе подзаборавена книга, објавувана во делови, а сепак во неа има некои вистини што би требало одново да се објават, без оглед на тоа каква носивост содржат во себе.

Мауро Орбини е една интересна средновековна личност, живее на меѓата меѓу XVI и XVII век. Тој е познат патописец, историчар, а некои го сметаат и за татко на панславизмот.Роден е во Дубровник, живее и работи во Италија. Во своите историски истражувања бил смел, се потпирал врз факти и заклучоците што ги донесувал биле во служба на словенството. Тој длабоко навлегол во историјата на Словените, се разбира, колку што му овозможувало неговото време. Некаде тој има нејасни обележја, а многу работи и не можел да ги согледа. Меѓутоа, сето ова не го кажувам за да пресудувам како некој историчар, туку да изнесам само неколку страници од тоа прекрасно дело наречено "Кралството на Словените". Таа книга е многу ретка и ми дојде до рака да ја видам и да ја фотокопирам во Ватиканската библиотека, есента 1990 година. Книгата на Орбини има преку петстотини страници во голем формат. Објавена е 1601 година во Пезаро. Во неа тој дава широк поглед врз развитокот на словенските народи, со посебен дел за Јужните Словени.

Во книгата "Кралството на Словените" посебно ме привлече еден дел кој сакам да го цитирам, а на читателот му го оставам впечатокот. Тој дел буди размисла на нешто, што духовите ги вознемирувало пред четиристотини години, а тој немир постои и денес, кога некои кругови во странство се обидуваат да пласираат невистини дека, на пример, старите Македонци биле Грци и слично.

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И СЛОВЕНИТЕ 

Делот од книгата се однесува на Александар Македонски и Словените. Да, и Словените. Навистина, Орбини како автор, не е осамен во таа смисла, но ќе се види дека е оригинален. Кога сме кај оваа тема, нашите историчари стриктно се оградуваат од една таква споредба, повеќе отколку нивните колеги во светот и затоа, секој оној што ќе ги начне овие прашања или е наивен, или е романтичар или е мистификатор. Но, да го оставиме тоа. Тука не сакам ништо да докажувам, за што немам таква амбиција, туку интегрално да ја приопштам за нашата јавност Привилегијата, што Александар Македонски им ја дава на Словените, како благодарност што учествувале во неговите борби и освојувања.

За таа Повелба, Мауро Орбини вели дека била пронајдена во Цариград. За да го потврди тоа што пишува во Повелбата, тој зема и други извори и, меѓу другото, вели дека Македонците не биле Грци, дека тоа биле два соседни народа, дека Македонците ги покориле Грците и дека, иако учествувале заедно во сите освојувања, зборувале различни јазици. Повелбата, колку и да се чини неверојатна, таа е срочена на еден висок стил и убаво е да биде објавена на македонски јазик.

Книгата "Кралството на Словените" е пишувана на постар италијански јазик. За да може подобро да се долови автентичноста на текстот, го замолив Аугусто Фонсека, италијански поет и лектор по италијански јазик на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј", инаку одличен познавач и на македонскиот јазик, да го преведе тој дел, од 168 до 171 страница од книгата.

Орбини, во книгата вели:

"Оваа Привилегија, како што рековме, беше пронајдена по толку векови во Цариград од некојси Џулио Балдасар, царски секретар. Значи, името што овде се спомнува - Словени, Апијан Александриски во "Илирикум", овие Агријани ги нарекува прочуени и прославени, а токму тоа го означува зборот "Слави", односно "Словени".

Градот Агрија, кој се наоѓа во Дакија, бил основан ( според Бонфинијо во 1 кн. на 1 Дек.) од овие Агријани, кои живеле ( според Стефан Византиски ) во пределите меѓу планините Емос и Родопите, во близина на Македонија. А таа, пак, непрекинато била населена од словенскиот род и од дојденци од Тир , иако некои сметале дека Македонците и припаѓаат на средината на Грците. Против нив го донесувам мислењето на Стефан Византиски за Александар Македонски , којшто мошне јасно го разликува јазикот на Македонците од говорот на Грците. Од тоа, пак, јасно може да се види дека македонскиот говор не можеше да биде сфатен од сите учесници во александровата војска, зашто голем дел од неа биле Грци. И навистина, кога на Филота, син на Парменион, кој пред толпа луѓе имал некоја своја работа да образложи, Александар му рекол:

"Македонците, о Филота, ќе те осудат; затоа те прашувам дали ним ќе им се обратиш на својот мајчин јазик",

а Филота одбил тоа да го направи, бидејќи не би го разбрале сите. Тогаш Александар изјавил дека Филота го мрази својот мајчин јазик.

МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ГРЦИ

 Да биле, значи, Македонците Грци, зошто Филота би се откажал да зборува на грчки пред Грците? А уште повеќе со оглед на тоа дека тој немал посоодветен јазик од грчкиот, ако се претпоставува дека Македонците биле Грци. Затоа што ( како тоа го вели Плиниј, кн. VII, глава 57 ) пасивната согласност на луѓето била првата причина за употреба на јонската писменост. Значи, мајчиниот јазик на Македонците, кој се разликува од оној што ние мислиме дека бил општ во целата александрова војска, јасно покажува дека Македонците не им припаѓаат на Грците; како што е познато, од старото единство на јазикот, лесно се потврдува и единството на народноста. Според тоа, при разграничувањето на јазиците на Немброт, ни еден автор не утврди ништо спротивно; Грците не се доближуваат со својот јазик до Македонците; а ние достаточно покажавме, врз основа на самата разлика на јазиците, дека Македонците не се Грци; тогаш, врз основа на зборовите на Филип од Бергамо, мораме да признаеме дека Македонците од секогаш, па се до денес, имаат словенски јазик. Па што ќе помислите за Тукидид, кој сврзувајќи ги Византија и Пула, голем дел од Тракија и од Мезија, а и целиот Илирикум, сите овие земји ги нарекува Македонија? Тоа е исто како да рекол: јас сметам дека Тракија, Мезија и Илирикум не смеат да се разделат од Македонците. Затоа, не се сомневам дека Траките, Мезите и Илирите ги врзува една иста врска за Македонците. За тоа сведочи и титулата на Александар Македонски, со која се покажува како Крал на Македонците и наГрците, а уште повеќе сведочат основните разлики на обичаите и на живеењето присутни кај Македонците и Грците, кои не ми овозможуваат лесно да се убедам дека кај луѓе од еден ист род се наоѓаат толку различни обичаи. Затоа, кога Диосип од Атина морал да се бори гради в гради против Македонецот Хората, сред војниците на Александар, според кажувањето на К. Куртиус, имало некои Грци кои навивале за Диосип; меѓутоа, зошто на ист начин не настапиле во однос на Македонецот Хората, ако Македонците биле Грци, како што Грците навивале за Диосип, само затоа што бил Грк? Поради тоа, ако понекогаш, пред се кај Варварите, се вели дека Александар Македонски бил Грк, тоа треба да се сфати како последица на тоа дека Грците, поради нивните дамнешни војни против народите од Исток, им биле најпознатиот народ од Европа; заради тоа, тие сметале дека сите народи на Запад се Грци; нешто слично на тоа, што се случува во наше време, е кога Грците заедно со Турците и сите други народи од Исток, сметаат дека сите народи со католичка вероисповед се Франки.

Јеремија Русо во "Летописите на Московија" јасно кажува дека Русите, односно Московјаните, имале еден ист јазик како старите Македонци; а меѓу нив се родил Кралот Филип, таткото на Александар Македонски, кој ( како што ни пренесуваат Плутарх во "Животот на Александар", Јустин во VIII книга и Сабелик во III книга на "Енеида", па и уште многу други ) најсилните градови на Грција ги потчинил на неговите закони и на ропство ја дотерал Грција ( која до тогаш имала слобода ), па со своите славни дела достигнал до висината на најславните кралеви. Неговиот син Александар Македонски се протегал се до границите на земјината топка ( како што тоа стои во Првата книга на Макавеите, глава прва ), им ги зел богатствата на многубројни луѓе, па и самата земја пред него онемела. И по смртта на Александар, Македонците ја имале владата, како и над сите народи на светот, исто така 276 години и над Египтјаните" -вели Мауро Орбини.

Од книгата "Кралството на Словените" од Мауро Орбини, објавена 1601 година, во Пезаро, стр. 168-171. 

МАКЕДОНЦИТЕ ОТСЕКОГАШ БИЛЕ ТУКА

Во разговорот со господинот Борис Вишински, ни беше објаснето како тој успеал да ја пронајде и да ја фотокопира книгата "Кралството на Словените" од италијанскиот историчар Мауро Орбини.

Во 80-тите години, кога трагав по податоци за Богомилите низ некоибиблиотеки, ни рече господинот Вишински, еден италијански пријател -историчар ми посочи неколку книги за тие еретички движења во средниот век.

И бидејќи знаеше дека сум Македонец ме праша дали сум ја прочитал книгата на Мауро Орбини - "Кралството на Словените". Му реков дека сумчул дека во Белград е издаден само еден дел од таа книга, што се однесува само на Србија. А, бидејќи во книгата се зборува за речиси сите словенски народи, ми сугерираше да ја побарам книгата во оригинална верзија.

Преку некои пријатели, католички великодостојници, успеав да дојдам до оваа книга во Ватиканската библиотека и да ја фотокопирам. И првото што го видов во оваа книга беше азбучниот регистер. Таму, под буквата "М", првата одредница гласи: "Македонците се Словени". Затоа што кај Мауро Орбини и кај сите што ги цитира, на територијата на Македонија Македонците се Словени и Словените се Македонци, што значи дека Орбини става знак на еднаквост меѓу Македонците и Словените.

Во таа книга, вели г- н Вишински, за Македонија се зборува само на неколку страници каде, меѓу другото, се наведува и Повелбата на Александар Македонски. А, бидејќи Орбини става знак на еднаквост меѓу Словените и Македонците, тоа значи дека оваа Повелба е аманет на Александар Македонски кон својот народ кој учествувал во борбите. Но, Орбини цитира и некои други автори кои ја покажуваат посебноста на македонскиот јазик во однос на грчкиот. И токму тука, тој го искажува своето мислење дека Македонците и Грците никогаш не биле блиски, ниту биле еден народ, туку биле два различни народа обединети за освојување на светот со големиот војсководител.

Карактеристичен е и податокот, додава г-н Вишински, дека авторот Јеремија Русо во Летописите на Московјаните, јасно кажува дека Русите, односно Московјаните, имале ист јазик како старите Македонци. Тоа значи дека и други автори зборувале за сличности меѓу старомакедонскиот и словенскиот јазик. Ова ја потврдува и теоријата дека на овие македонски простори и пошироко, Словените не дошле од никаде, туку биле отсекогаш тука, само со едни или други имиња и дека во тоа "словенско море" од VI и VII век, според некои извори, од кај Карпатите дошле и последните бранови на Словените во Македонија кои се соединувале со староседелците.

Во Ватиканската библиотека, ни објасни Вишински, има книги кои воопшто не се регистрирани, односно не се достапни за проучување. Меѓу нив е и книгата "Словенски називи на географски имиња во Италија" од чешки историчар од XIX век.

ПОВЕЛБАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 НИЕ, АЛЕКСАНДАР, син на Филип, Крал на Македонија, Кнез на Монархијата, предназначен како создавач на Грчката империја, од Натабан најавен како дете на големиот Зевс, владетел на Августите, и на Браманите и на Арбоните, од изгрев до зајдисонце, од југ се до север, на благородниот род на Словените му посакуваме благост, мир и здравје. Ние, и нашите следбеници кои ќе дојдат по нас во владеењето со светот, бидејќи ни бевте доследни во вербата, храбри во борбата и наши водачи и јуначки борци, ви доделуваме и слободно ви го даруваме на век и веков целиот овој дел од земјата, на Север се до јужните граници со Италија; и со такво право, што никој, освен вие, не смее таму да се задржува; или да се пресели или да живее. Ако пак, некој се задржи, тогаш нека биде ваш роб, а неговите деца, робови на вашите деца.

Привилегијава е дадена во новиот град Александрија, кој ние го создадовме на големата река Нил, во дванаесеттата година на нашето владеење, под заштита на големиот бог Зевс и Марс, Плутон и божицата Атина. Сведоци за ова дело се благородниот Атлета, нашиот благајник, заедно со другите единаесет кнезови, кои ги назначивме, по нашата смрт, како наши сеопшти наследници, со оглед на тоа што ние немаме деца"

Бoрис ВИШИНСКИ: Од книгата "Кралството на Словените" од Мауро Орбини

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.