Среда, 05 Јули 2017   
Милојевиќ: Арнаути наметнале на сила бегови на славјанските селани кои не избегале

„Во народот се знае за многу случаеви на насилно чифлигување. Во Мало Езеро, во Дробетиште и во Трново се говори дека исламизираните Арнаути наметнале на сила бегови на славјанските селани кои не избегале... Во тоа време Али Паша ги однел селаните од Палеор и тие морале да му ораат три години во селото Качки кај Јанина. За да се ослободат од оваа работа, Пелеорците се согласиле да му го дадат своето село на Али Паша како чифлик... За селото Техово, во солунската област, се раскажува дека на почетокот на 19 век било сосема слободно. Тогаш се појавиле Гегите и почнале да прават зулуми. Таховци потоа почнале да плаќаат по дванаесет турски лири годишно на двaјца Али Пашини луѓе за да тие ги заштитат. После две-три години морале да плаќаат по дваесет лири годишно. Потоа овие Алипашини луѓе, заштитниците не Техово, станаа бегови на тоа село и со тоа селото стана нивен чифлиг...“ - пишува Б. Ж. Милојевиќ кој за време на Првата светска војна го истражувал потеклото на населението, бројот на домаќинствата, старите презимиња во Јужна Македонија (Егејска Македонија).

Српскиот географ Боривоје Ж. Милојевиќ во својот истражувачки труд за социјалните услови во Јужна Македонија во XIX и почетокот на XX век кои се антропогеографски значајни се осврнува на чифчискиот систем и задружниот живот или живот на „на куп“. Од вториот дел на овој труд се гледа како има особен тип на населби и особен тип на куќи, кои се појавуваат како последица на чифчискиот систем. Опишувајќи го овој систем кој значен за промената на македонските населби, српскиот географ за животот на Македонците во Егејскиот дел на Македонија ни ги дава следните податоци:

„Како што е познато, во чифликот ни земјата и (најчесто) ни куќата не се своина на чифчиите. И кога за еден чифчија се случуваат неповолни договори, или кога чифчијата на друго место најде подобро прилика – тој го остава својот чифлик и се преселува на друго место. Така населението на чифликот е подвижно: тоа од чифликот лесно се раселува и во него лесно се прибира. Поради тоа на чифлиците се случуваат значајни промени. Тие можат да одат дури до таму да чифлиците сосема се запуштат. Од друга страна, во селата, односно во населбите каде селанецот е врзан за едно место со тоа што земјата и куќата се негова своина, ја нема онаа покретливост на населението ни големи промени која таа ги носи.   

Славјаните земјоделци (Македонците – н.з.), во најголем дел се чифчии и живеат на чифлиците. Во Мала Преспа чифлик е Зрновско; Во Сува Гора Орово; во Мало Езеро: Дробетишта, Трново и Медово; во костурската котлина чифлици се: Ново Село, Крчишта, Долно Папратско, Радогош и т.н.; во јужниот дел на битолската котлина целосно или делумно чифлици се: Забрдени, Цетина, Крушоради, Сакулево, Рамаља и т.н.; во островската котлина чифлик е Жерви; во Меглен Гавровци; и во солунската котлина чифлици се: Друшка, Техово, Гулишане, Монопиште, Ведришта, Лембед, Такели, Дудулар и т.н

Односите меѓу чифчиите и беговите или агите се различни во поедини области, па дури и во поедини села во истата област. 

Во Мала Преспа, во Зрновци секој доселеник си подигнува куќа со градежен материјал и со своја работа. Целокупната обработка на земјата е чифчиска работа. Од готовото зрно се одвојува одредена количина за порез, семе и вршидба, а остатокот се дели пола помеѓу бегот и чифчијата. За порез се издвојува на секои 8 килограми по еден килограм; семе се зема толку колку што е посеано (8 до 15 килограми); и за тоа што вршат со свои коњи, чифчијата одбива од сите 10 килограм по едно кило.

Во костурската област, бегот на Долно Папратско живее во Лескове. Беговата должност е изгради куќи и племни и да даде семе само еднаш на чифчијата, тогаш кога чифчијата ќе се насели. Целата друга земјоделска работа е на чифчијата. Од готовото зрно, по извршената вршидба на рж, јачмен, пченица и од пченката, на чифчијата му припаѓаат две третини, а на бегот една третина. Бегот својот дел го продавал. Од пред неколку години селаните имаат со бегот „ќесим“, односно, целото село му плаќа на бегот за година дена 150 турски лири. – Во Шкрапари, во истата област, односите се сосема различни. По вршидбата житото се дели на две половини. Агата е должен од својата половина да даде “царско“ (десетина) и да издвои секоја година за чифчиите потребна количина зрна за семе. На чифчијата му шрипаѓа целата слама и сите луспи. Чифчијата е должен да работи со својата стока и со својата работна сила или да плаќа аргати.

Во леринската област, ага на Забрдени е еден Солуњанин. Од готовото зрно тука половина му припаѓа на агата, а половина на чифчијата. За време на делбата, агата и чифчијата со договараат, колку погони (простор долг и широк по 40 м.) земја и со која житна култура ќе се насеат во идната година, а семето го даваат по половина и едниот и другиот. Својот дел агата потоа го однесува и го продава. Чифчијата прави куќа и плевна на агината земја, а тие ако агата сака може да ги откупи. Во Забрдени, чифчијата Овчарец, кој се доселил околу 1887 година од Овчарани, агата му дал и волови. – Во Секулево до скоро имаа чифлици неколку бегови од Битола, Лерин и Лесковик. Тука има чифлик и еден христијанин од Лерин. Негова своина не е само земјата, туку и куќата во која живее чифчијата. Тој и чифчијата го делат родот на половина. – Во Лажани бегот ги изградил чифчиските куќи. – Во Цетина околу 1876 година имало „ангарија“, односно чифчијата морал со свои коли и волови да ја пренесува од селето во Битола беговата половина. 

Во островската област, бегот на Жерви живее во Корча. Овде бегот е должен да даде семе за рж, јачмен и овес, а чифчијата за пченка. Кога ќе се заврши вршидба, тогаш од него се одвојува една осмина како “царско“ (за државата), две осмини се издвојуваат за семе (кои бегот не ги носи, туку го остапува на чифчијата за идната година), а преостанатите пет осмини се делат на половина помеѓу бегот и чифчијата. Кога пак се дели пченката, една осмина исто така се издвојува за државата. Меѓутоа, овој пат чифчијата нема право да го извади семето, кој сам го дал, туку со преостанатите седум осмини пченка се дели на пола меѓу бегот и чифчијата. Својот дел од плодот бегот ги ставал во амбар, а подоцна ги продавал. За време на турската управа во Жерви стално седеле двајца тројца бегови луѓе. Тие пазеле да не се сечат дрва од беговата планина и селаните од околината да не ја носат стоката да паси во тој чифлик. Беговите чифчии, меѓутоа, можеле да купат од планината суви дрва, и да ја пасат стоката. Куќите и племните ги градел бегот. Кога чифчиите би граделе куќи, бегот ги плаќал ѕидарите, а чифчиите морале да ги хранат ѕидарите и да носат камен и дрво за градење. Но, секогаш подоцна се создавале проблеми околу тоа чија сопственост е куќата изградена на ваков начин.

Во Меглен чифчиите се викале “ириџии“. Тие се должни на бегот да му даваат половина од родот. Во Суботско исламизираните Славјани се бегови.

Во Солунската област, во Техово, на бегот му припаѓа една третина, а на чифчиите две третини од зрното, но чифчиите мораат да дадат семе од својот дел. Во Монопиште, по извршената вршидба од житото се одбива “царското“ и се издвојува семето, а остатокот го делат агата и чифчијата на пола. Во Гулишани, агата, еден Влав од Негуш, им дава на чифчиите семе од свиленита буба. Чифчиите ги ранат бубите со агините црници и чаурите ги делат со агата на пола.“

Боривоје Ж. Милојевиќ во овој дел говори и за насилното чифлигување на македонскиот народ, во кое голема улога имаат исламизираните Арбаниси. Во контекс на зулумите кои се вршени славјанскиот народ во Јужна Македонија, српскиот географ вели:

„Во народот се знае за многу случаеви на насилно чифлигување. Во Мало Езеро, во Дробетиште и во Трново се говори дека исламизираните Арнаути наметнале на сила бегови на славјанските селани кои не избегале. – Палеор, во островската област, бил на почетокот на 19 век “царски“, односно давал половина од родот на царот. Во тоа време Али Паша ги однел селаните од Палеор и тие морале да му ораат три години во селото Качки кај Јанина. За да се ослободат од оваа работа, Пелеорците се согласиле да му го дадат своето село на Али Паша како чифлик. А кога падна моќниот Али Паша, Палеор повторно стана “царско“. – За селото Техово, во солунската област, се раскажува дека на почетокот на 19 век било сосема слободно. Тогаш се појавиле Гегите и почнале да прават зулуми. Таховци потоа почнале да плаќаат по дванаесет турски лири годишно на двaјца Али Пашини луѓе за да тие ги заштитат. После две-три години морале да плаќаат по дваесет лири годишно. Потоа овие Алипашини луѓе, заштитници не Техово, станаа бегови на тоа село и со тоа селото стана нивен чифлиг. – Во околината на Гуменџе се говори дека сите села до 1940  година биле слободни. Тогаш дошле Арнаутите и почнале да чинат зулуми. Селаните почнале сами да молат поедини бегови да ги заштитат од овие зулуми, а во замена на тоа селаните станаа чифчии. Гуменџиите тогаш зедоа за бег еден Турчин од Серез и молеле еден негов човек стално да седи во Гуменџе. Во тоа време и соседното Габраво станало чифлик.

Некои села станаа чифлик и на друг начин. Во Сува Гора на пример Орово ... до 1888 година ... чифчиите наместо половина давале пари, кои оделе во царската благајна. Спомнатото село било продадено. – Во солунската област Дудулар бил метох, па станал чифлик на две царски девојки.“

Спасот за македонскиот народ доаѓа од печалбарите во Америка, кои испраќаат пари на своите во Егејскиот дел на Македонија. Милоевиќ наведува неколку примери каде со овие средства Македонците го откупуваат имотот од Турците:

„Во поново време, меѓутоа, славјанските чифчии ја откупуваат земјата и се ослободуваат од обврските спрема агите. Во Мала Преспа, во Трново селаните веќе ја откупиле половина од земјата. Во леринската област, во Крушоради Горна и Долна Маала се чифлици, а Долна Маала се откупила. Во Цетино се откупиле 12 куќи, а има уште педесет чифчиски куќи. Во Секулево, новите доселеници, при населувањето купуваат земја. Тие кои работат како печалбари во Америка им испраќаат пари на своите, а овие купуваат имоти. Во Асамово беговите не сакале да ја продаваат земјата и некои чифчии од Асаново купиле во поново време земја во Секулево и тука се населиле. Во Палеор селаните купија околу 1877 година земја во целиот атар за 55.000 турски лири. Многу селани од Тахово, кога добиле пари од своите во Америка купиле “градини“ во Воден и таму се преселиле. Речиси стана општ случај, дека сите кои се враќаат од печалба од Америка повеќе не сакаат да плаќаат половина на агите, туку сакаат да бидат независни. – Од 1913 година Палеорци купуваат земја од оние Турци кои се иселуваат во Азија... “ – пишува Боривоје Ж. Милојевиќ во својот истражувачки труд за „Јужна Македонија“.

(продолжува)

Македонска нација

milojevic

juzna-makedonija

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.