Среда, 26 Јули 2017   
ПРОГЛАС ОД ОКРУЖНИОТ ОДБОР НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ ЗА ВОДЕНСКО

snof-nob

20 декември 1945 г.

Проглас

Да живее братството и единството на народите

Народи како нашиот, бездомници, со векови потиснувани и поробувани, го грабнале оружјето во рацете и се борат за извојувањето на највисокиот и најблагородниот идеал, за слободата. Затоа што слободата не се подарува, туку се ИЗВОЈУВА.

И народите кои се борат за такви идеали решаваат или да живеат или да умрат.

И нивната борба се признава од целиот свет, зашто се базира врз принципите на самоопределувањето на народите, право кое и самата буржоазија го поткрепува. Грците велат дека ќе водат крвави борби за да ја обезбедат многусаканата слобода во Северен Епир и неговото обединување со мајката Грција, базирајќи се на правата на поробените националности за самоопределување. Тоа го вели грчката буржоазија и потпалува такви движења за материјалната експлоатација на земјата и за обезбедувањето на грчката буржоаска олигархија, зголемувањето на државнокапиталистичките резерви и тоа секогаш на штета на земјата на сиромасите, на измачениот карод.

Но кога таквите борби ги водат антифашисти и кога главната движечка сила е самиот народ, не може а да не се определи судбината на својот иден живот и опстанок.

Така и ние како народ, коишто никогаш не ги забораваме харингите и рицинусот, ќотекот, насилството, стрижењето на косите и интернацијата, се бориме за да го направиме нашиот народ господар на својата земја, базирајќи се секогаш и во секој случај на правото на самоопределувањето на поробените нации.

Младинци и младинки,

Сплотете се сите под знамето на Народноослободителната антифашистичка организација на младината на Македонија и борете се за еден подобар живот, за една поширока иднина, што ќе ги спечалите кога ќе ја извојувате вашата национална слобода, под слободни услови на живеење и во рамките на една народна демократија.

Да живее правото на самоопределувањето на народите! Да живее правото на Народната демократија!

20 декември 1945 година.                            

Окружниот одбор на НОМС на Воденскиот округ

АМ.   -   Збирка   „Егејска   Македонија   во   НОБ 1945-1949", АЕ: 561.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.