|
|
Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ - 1900 година |
Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј”, или Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј” била еден од најголемите и највлијателните образовни центри отворени од Бугарската егзархиска пропаганда во Македонија, но сепак се почитува во Македонија како место каде се создава јадрото на македонското револуционерно движење.
Основана е во 1880 година во Солун од страна на преродбеникот Кузман Шапкарев каде и опстојува под името Солунска българска мъжка гимназия “св. Кирилъ и Методий” до 1913 година. Меѓу иницијаторите, директорите и учителите во гимназијата се издвојуваат низа големи интелектуалци, научници и јавни личности; покрај основачот Кузман Шапкарев, тука своевремено работеле и предавале и Васил Канчов, Григор Прличев и Константин Величков. Меѓу учениците и дипломците на оваа гимназија особено се издвојуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров, Андреј Љапчев, Иван Михајлов, Антон Кецкаров и голем број на други видни личности од македонската и бугарската историја. Учителите во гимназијата биле Македонци, Бугари, Турци, Руси и Французи, а меѓу другите предмети се изучувале латински, старогрчки, турски и француски јазик. Во гимназијата често избувнувале конфликти за тоа да се зголеми бројот на професори со потекло од Македонија, а да се намали бројот на оние што се носат од територијата на кнежевството Бугарија. Бугарската Егзархија која ја спроведувала политиката на Стефан Стамболов за еволутивно решавање на македонското прашање, била против зголемување на бројот на учители од Македонија, заради стравот дека Македонците учители ќе ги револуционеризираат учениците, и со тоа ќе бидат нарушени добрите односи меѓу кнежеството Бугарија и Османлиска Турција. Своето дело „Во Македонија под ропство” Павел Шатев пишува дека во основата на ученичките бунтови бил спорот како да се извршува ослободувањето на Македонија. Екзархиската страна верувала дека ова требе да се извршува со легална борба, просвета, цркви и училишта, а другата страна - со револуционен метод на дејствие.
По крајот на Втората балканска војна, грчките власти го протеруваат целиот наставнички колектив на гимназијата во Бугарија. Задно со себе тие успеваат да земат голем дел од материјалот и регистарски материјали. Преместувана е неколку пати во Струмица, Штип и Петрич. Од 1920 до денес се наоѓа во Благоевград (Горна Џумаја), Пиринска Македонија и го носи името Национална хуманитарна гимназија „Свети Кирил и Методиј”.
Директори во Солунската машка гимназија
Учители во Солунската машка гимназија
Трајко Китанчев |