Среда, 01 Ноември 2017   
Во 1912 година „Македонските баталјони“ испратени со воодушевување на фронтот

sinove-makedonci

На почетокот на 1912 година, по создавањето на балканскиот антитурски сојуз, балканските држави Србија и Бугарија, на кои им се придружуваат Црна Гора и Грција, започнуваат интензивни подготовки за војна. Истовремено започнала интензивна кампања за да се убеди меѓународното јавно мислење дека положбата во Македонија е таква што освен протерување на Турците од Македонија, нема никаква друга опција.  

Првата балканска војна почнала на 18 октомври 1912 година. Најважните содрувања на балканските сојузници со Турците се одиграле на територијата на Македонија и на Тракискиот фронт. Во рок од месец и пол Османската империја била победена. На 4 декември 1912 година било потпишано примирје, а најголемиот дел од ослободената територија била поделена меѓу сојузниците.

Македонците кои во воената акција на сојузниците гледале со надеж за ослободување на својата татковина Македонија, активно учествувале  во воените дејства против Османската империја. Во склоп на армиите на балканските држави биле формирани посебни единици составени од Македонци, а дејствувале и самостојни чети. Најголемата вооружена формација составена од македонски доброволци емигранти била формирана во состав на бугарската армија. Оваа воена единица наречена „Македонско ополчение“ броела околу 14.000 лица.    

Сметајќи дека ќе одат да ја ослободуваат Македонија, македонските емиграција во Бугарија со воодушеување ги  испраќа македонските доброволни баталјони на бојното поле. Но наместо, во Македонија тие се испратени на „Бугарскиот фронт“ во Тракија.

Белградска “Политика“, повикувајќи се на информацијата од Софија, на 24 октомври 1912 година со наслов  “Бугарски фронт“ и поднаслов „Македонците на бојното поле“ ќе забележи:

Утрово заминаа на бојното поле осум македонски доброволни баталјони, испратени со поздрави од воодушевеното население.

Меѓу доброволците се наоѓа еден одред на Ерменци, а покрај нив тука се и бугарските Јунаци (соколи) и неколку Руси.“

bugarsko-ratise

Македонските доброволни чети за време на Балканските војни, во рамките на бугарската армија во историографијата се сретнуваат како „Македонско-одринско ополченство. Оваа воена формација е формирана во предвечерието на Првата балканска војна на 23 септември 1912 година. Во полн состав на оваа воена единица која броела 14670 души, влегуваат доброволци од Македонија кои емигрилале во Бугарија, како и 500 доброволци од други земји (Бугари, Руси, Чеси, Румунци, Ерменци и др.). Само Ерменците броеле 274 души. Имено, Македонско-одринското ополчение се состоело од штаб, од три бригади од по четири баталјони, музика, воена болница, интендантска чета, огненострелачки парк, снабдувачки транспорт и инженерско-технички дел. Вкупната бројна состојба изнесувала 14.670 луѓе, од кои 11.470 од Македонија, 1.215 од Одринска Тракија и 2.512 од Царство Бугарија.

Почетоците на формирањето македонската доброволна воена единица започнува непосредно по објавувањето на општа мобилизација во Бугарија на 17 септември 1912 година. Веќе на 18 септември началникот на штабот на Армијата генерал мајор Иван Фичев им наложил на охриѓанецот полковник Александар Протогеров и кукушанецот мајор Петар Дрвингов да организираат испраќање „мали партизански одреди“ во заднината на турските сили. На 19 септември Извршниот комитет на Македонско-одринските добротворни братства ги свикува на “Колодрум“ сите македонски и тракиски имигранти кои не служеле во војската. За два часа се собрале над пет илјади доброволци. Во следните денови во најблискиот пункт продолжуваат да се јавуваат нови и нови луѓе - војводи, четници, наставници, ученици, селани, занаетчии, лекари, инженери, свештеници, како и возрасни револуционери. На пунктовите за мобилизација се пријавиле и странци (Руси, Романци, Црногорци, Грци, Срби, Чеси, Словаци, Грузијци, Ерменци и други) кои сакаа да се борат за ослободување на Македонија и Тракија.

На 23 септември бил воспоставен штаб на Македонско-одринското ополчение. во кој влегуваат потполковник Протогеров, потполковник Стефан Николов (од Прилеп), мајор Дрвингов и капетан Стојан Величков (од Софија). Штабот пристапил веднаш кон создавање на доброволечки формации. Исто така бил објавен и специјален правилник за прием во доброволните одреди, кои добиваат статус на независни делови на бугарската војска. Но доколку е потребно, тие можат да се користат и за пополнување на редовите на редовната бугарската војска.

Штабот на бугарската армија подготвила и посебен "Правилник за доброволната служба на офицери, подофицери, лекари, аптекари и други странци во војската во воено време", со кој се регулираа сите прашања поврзани со небугарските поданици кои сакаа да земат учество во војната како доброволци. Овој документ е објавен на 25 септември и тој веднаш стапил во сила. Слично на целиот персонал на бугарската армија и странските доброволци "се потчинуваат на бугарските закони и се должни да ги извршуваат сите заповеди и наредби на раководните лица, под чија власт тие бидат назначени ". Според законот тие остануваат на служба, "додека трае военото време", и можат да бидат ослободени од неа само со согласност и по проценката на своите претпоставени. На овој начин правно беше регулирано статусот и присуството на доброволците во составот на бугарската армија кои не се бугарски поданици. Со овие документи беа укинати ограничувањата што ги имаа македонските и одринските емигранти и им се дозволи да учествуваат во војната, но беа строго контролирани за да не дојде до загрозување на аспирациите на бугарската влада кон Македонија.

Со правното регулирање, критериумите за прифаќање на странците во воената служба станаа исти како оние утврдени со Законот за вооружените сили на Кралството Бугарија. Всушност причината за ограничување за прием на доброволци во Македонското ополчение беше двојна. Прво, бидејќи бројот на кандидати достигна околу 25.000 луѓе, што наводно далеку ги надминуваше можностите за вооружување и опремување на толкав број војници и второ, што Софија се плашеше да се формира толку бројна македонска армија која би можела да им ги поремити сметките во врска со Македонија.

За се стават под контрола македонските доброволци, на 25 септември 1912 година, генерал Фичев го назначи и составот на македонско-одринските дружини. Нивното раководство беше доверено на началникот на Деветта дивизиска област генерал-мајор Никола Генев, додека за негов помошник беше назначен охриѓанецот потполковник Александар Протогеров и за началник на штабот мајорот Питер Дрвингов од Кукуш.

До 26 септември, Штабот на Македонското ополчение располагал со 6.500 доброволци и само со шест офицери. На 28 септември, покрај имињата на тројцата офицери Стефан Николов, Димитар Атанасов Думбалаков (од Сухо, Егејска Македонија) и Стојан Величков се приклучени и други бугарски офицери. Следниот месец, местата на командири во армијата на Македонското ополчение беа делумно исполнети, со претежно помлади офицери, без речиси никаква искуство во армијата. На почетокот на октомври 1912 година, пристигнале уште 3.993 доброволци, 165 подофицери, резервни офицери и 7 офицери од кои се формирале уште шест дружини.

Формацијата на доброволните баталјони ја изработил Дрвингов. Бројната состојба на баталјонот требало да изнесува 1.079 лица. Во еден баталјон имало четири чети од по 215 луѓе, една неборбена чета и органи за опслужување. Борбените чети се состоеле од четири вода по 49 луѓе и органи за опслужување. Водот се состоел од шест одделенија со по осум луѓе. До крајот на септември 1912 година, од македонската емиграција биле формирани пет баталјони: Дебарски, Скопски, Битолски, Охридски и Солунски.

Освен редовното Македонско ополчение, од вкупниот број на формираните чети во Бугарија при крајот на септември 1912 година, во Македонија биле префрлени 52 партизански чети, од кои 17 во Битолскиот округ.

Од 11 октомври 1912 година, 12-те баталјони од Mакедонско-одринското ополчение беа сведени на три бригади. Првите четири баталјони ја формираат првата бригада, следните четири – 2- та, а последниот – 3-тата бригада. За команданти на бригадите кои ги уживаа правата на командантите на полковите, беа назначени поттполковниците Стефан Николов, Антон Пчеларов и Александар Протогеров.

ЦК на Македонската револуционерна организација и многу истакнати македонски дејци сметаа дека македонските бригади треба да се испратат на македонскиот фронт, но според бугарските историчари поради инсистирање на српската влада Бугарската главна команда ги испратила во Тракија. По добивањето на оружјето, трите бригади на македонското ополчение се упатија кон Источниот фронт на 17 октомври 1912 година, каде што земаа учество во борбите кај Саранл, Фере, Дедеагач, Мерхамли, Малгара, Булаир и Шаркој.

На Тракискиот фронт Штабот на Македонско-одринскиот полк бил распуштен, а бригадите препотчинети. Првата бригада е ставена под команда на Хајреболскиот одред, втората добила задача да се концентрира југоисточно од Мустафапаша (денес Свиленград) и да настапува кон Димотика и Дедеагач. Третата бригада влегла во состав на Ѓумурџинската група, односно во Крџалискиот одред. На 7 ноември 1912 година започнале борбените дејства. Македонските доброволци, се покажале мошне борбени и успеале уште во првиот налет да ги принудат силите на Јавер-паша на повлекување, при што Турците имале бројни загуби. Во меѓувреме биле формирани уште три доброволни баталјони: Кукушкиот, Воденскиот и Штипскиот. Со нив била засилена секоја бригада со уште по еден баталјон. Во декември 1912 година, откако се исполнети поставените задачи, партизанските чети и одредите се официјално распуштени.

Едно од најинтересните знамиња на четите на Македонско-одринското ополчение е знамето на 7 – мата Кумановска Македонско-одринска дружина, која подоцна влегува во состав на Втората бригада. На знемето кое е предадено на дружината на 4 октомври 1912 година стои напишано „Синови Македонци! Додете да скиниме ланците на ропството“. Ако тогаш во 1912 година имало Македонци и македонски баталјони, кои се бореле за слобода на Македонија, каде исчезнале тие во бугарската историографија? 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.