Среда, 15 Јуни 2022   
Првиот премиер на Советскиот сојуз по смртта на Сталин бил Георги Маленков, по потекло Македонец

Македонска нација

Длабоки врски меѓу Македонија и Русија

Georgy Malenkov„Ако постои едно место на земјата кое најјасно ја одразува длабоката духовна, културна и јазична поврзаност меѓу Македонија и Русија, тоа е Охрид, балканскиот и словенскиот Ерусалим“.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за време на посетата на Москва по повод дваесетте години од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји го посети Државниот универзитет „Ломоносов“ во Москва, каде на свечена церемонија ја доби почесната титула „почесен професор“. По тој повод, пред присутните професори и студенти, претседателот Иванов одржа предавање за историските, духовни и културни врски меѓу двете земји и двата народа.

Повикувајќи се на научни истражувања на поголем број автори од оваа проблематика, претседателот Иванов меѓу другото ќе посочи дека „... Московјаните имале еден ист јазик како древните Македонци“, словенски, и дека „ако постои едно место на земјата кое најјасно ја одразува длабоката духовна, културна и јазична поврзаност меѓу Македонија и Русија, тоа е Охрид, балканскиот и словенскиот Ерусалим“. Како што нагласи во предавањето „видни учени како Приселков, Кох, Спарненски, Попруженко, Заикин, Карташев... сметаат дека Руската црква, од нејзиното основање па се` до 1037 година била под јурисдикција на Охридската црква.

Зборувајќи за историските, духовни и културни врски меѓу двата народа, претседателот Иванов ќе го спомене и првиот премиер на Советскиот сојуз по смртта на Сталин, Георги Маленков, кој не криел дека е по потекло Македонец, чие семејство дошло во Русија од Охрид.

Инаку, Георги Максимилијановиќ Маленков бил водечка политичка фигура во Советскиот Сојуз по смртта на Сталин. Маленков бил премиер две години, а за кратко време и шеф на Комунистичката партија. Во овој период предлагал иницијативи, кои подоцна руските лидери, вклучувајќи го и Горбачов, ги претставуваат како свои. Во времето на нуклерната ера Маленков повикал на воспоставување блиски врски меѓу Москва и Вашингтон за да се избегнат можностите од избувнување на војна која ќе го уништи светот. Ова потоа станала доктрина на Хрушчов за мирна коегзистенција.

Исто така, Маленков повикал и за зголемување на производството на земјоделски производи и производи за широка потрошувачка, тема која подоцна често се слушала од советските лидери. Ваквите повици ќе бидат причина тој да биде сменет и протеран во Казахстан, централна Азија, каде управувал со хидроцентрала. Повеќе од 30 години живеел во изолација и немаштија. 

Како млад комунист, Маленков работел како приватен секретар на Сталин. Кон крајот на животот на Сталин, Маленков  беше близок со Кремаљ и се чинело дека е добро поставен за да ја наследи мантијата на власта. По помалку од 24 часа од објавувањето на смртта на Сталин во 1953 година, Маленков се појавил како претседавач на Советот на министри и премиер, шеф на Советската влада. Тој бил ставен прв на листата меѓу членовите на политичкото тело на Кумунистичката партија, Президиумот, и станал Прв Секретар на партијата, со што требаше да се продолжи политиката на Сталин.

Меѓутоа, тоа беше краткотрајно и десет дена потоа Маленков под притисок на неговите ривали бил принуден да се откаже од контролата на партиската машинерија. Тој ја задржал функцијата премиер се` до 1955 година кога пред Врховниот совет ја објавил својата оставка. Подоцна беше објавено дека Маленков бил исклучен од Кумунистичката партија и потоа никогаш не бил рехабилитиран.

Во годините на страната на Сталин, крупен и намќорест, Маленков оставал впечаток во согласност со студената војна. Еден западен дипломат тоа ќе го прокоментира: „јас знам дека неговата слика била најдобра анти-комунистичка проганда“.

Сите биле изненадени, кога советските лидери се појавиле од темнината на Сталиновиот Кремаљ и се смешаа со странците, затоа што открија дека Маленков имал шармантна и светла страна на неговата личност, спротивно на неговиот изглед. Тој блеснал речиси со момчешка насмевка и за се` разговарал брзо и лесно.

Георги Максимилијановиќ Маленков е роден на 8 јануари 1902 година во Оренбург, град на реката Урал. Видливата тишина на Советските биографии за неговите родители сугерира дека тој потекнувал од боржуаско семејство наместо од работничката класа или од селско потекло. Инаку, Георги Маленков роден е во семјство на ситен службеник на железницата, син на емигрант од Македонија и дворјанин Максилмилијан Маленков. Неговиот дедо бил полковник, додека братот на неговиот дедо бил адмирал. Се смета дека од Охрид во Русија Маленкови доаѓаат во 19 век.

Георги Максимилијановиќ Маленков никогаш не го негирал своето потекло. Пред Советската инвазија на Унгарија, тој заедно со Хрушчов лета за Бриони за да се опипа пулсот на Југославија за претстојната воена интервенција. Во меѓувреме, Маленков го предупредува Тито за можна инвазија и на Југославија закажана за 4 ноември 1956 година.

Георгиј Маленков кој раководел со голем број на стратешки индустрии во одбраната и индустрија на СССР, вклучувајќи создавање на хидрогенска бомба и првата нуклеарна централа во денешниот град Обнинск, потоа со советската вселенска програма, а во геополитички план и привлекување на Кина во советската орбита на влијание, човекот кој бил успешен адут на Сталин во битката за Ленинград и битката за Сталинград, како и во обраќањето на Кинеската граѓанска војна, умира на 14 август 1988 година во Москва. Тоа е човек кој никогаш не ги заборавил своите македонски корени, човек кој е одраз на длабоката духовна поврзаност меѓу двете земји Македонија и Русија.

Тргнувајќи од овие длабоки врски, не случајно и патријархот на Руската православна црква г.г. Кирил на средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во неговата резиденција во Москва, нагласи дека е подготвен да вложи напори за решавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА. Според г.г. Кирил, изнаоѓањето компромис може да доведе до решавање на ова прашање. „Изнаоѓањето патишта за канонизација на МПЦ е многу важно во овој момент. Канонскиот статус на вашата црква е од голема важност затоа што ќе го обезбеди македонскиот идентитет, јазик и култура“ – вели патријархот на РПЦ г.г. Кирил.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.