Среда, 27 Декември 2023   
ТЕСТАМЕНТОТ НА АРИСТОТЕЛ

aristotel

Тестаментот на Аристотел ни разоткрива многу аргументи, за тоа каков живот, обичаи и закони имале Македонците тогаш, задржани и сега, главно во правен наследен систем.

Аристотел е Македонец, филозоф, научник и најголем мислител, произлезен од цел ред вредни и моќни луѓе на македонскиот род.

Не можеме да ги наброиме сите автори кои пишувале за Аристотел.

Безбројни редакции и препишувачи само ја редуцираат неговата оригинална мисла.

Преправки има и во неговите оригинални списи а не само во коментарите.

Двеипол илјади години сите се напрегаат да го накалемат како да бил „Грк“.

„Фрчат“ спротивните аргументи за неговите неуништливи корени со потекло од Македонија. Диоген, Лаерцие и Милош Ѓуриќ во своите дела најдобро нè насочуваат кон тие аргументи за внимателно користење.

Тестаментот на Аристотел ни разоткрива многу аргументи, за тоа каков живот, обичаи и закони имале Македонците тогаш, задржани и сега, главно во правен наследен систем.

„Интересен е тестаментот на Аристотел од кого зрачи директна грижа за најблиските со нежна, речиси сентиментална топлина и човечност“, ќе пишува Ѓуриќ и веднаш во наредната реченица прави грешка велејќи дека како и сите тестаменти од она време така беше си бил пишуван и Аристотеловиот.

Тоа не е така затоа што вообичаено во Антиката и сега, тестаментот има личен карактер за семејно наследство.

Тестаментот на Аристотел, исто како и тестаментот на Александар имаат државнички карактер.

Тоа ќе го видиме цитирајќи го според Лаерцие:

„Сè ќе биде добро; ако нешто се случи, Аристотел одлучи вака.

Извршител во сè да биде Антипатар.

Додека Никанор стаса, да се грижат Аристомен, Тимарх, Хипарх, Диотел и Теофраст (ако сака и ако за тоа има можност) за децата и за Херпилида и за сè што зад себе оставам.

Кога девојката ќе порасне да се омажи за Никанор; но ако на детето нешто му се случи - не дал Бог, и нема да се случи пред нејзиниот брак или од кога ќе се омажи, а деца нема родено, тогаш Никанор нека биде старател и за детето и за сè останато и нека управува со достоинство кое прилега и на него самиот и на нас. Никанор нека се грижи, (да се стара) и за девојката и за синот Никомах, така како што е најарно за нив во секој поглед, како татко и брат.

Ако на Никанор нешто му се случи - да не даде Бог – или пред да ја омажи девојката или откако е омажена пред да дојдат деца нека важи сè она како што е наредено.

Ако Теофраст сака да живее со неа, неговите права ќе бидат исти како оние на Никанор. Во подруг случај старателите ќе управуваат спогодбено со Антипатар, што се однесува до ќерката и момчето, да биде сè онака како што е најдобро.

Старателите и Никанор сеќавајќи се на мене и Херпилида, како секогаш ми била верна и одана во секој поглед, да се погрижат ако посака да се омажи да не биде за некој недостоен човек. Освен тоа што го има примено да и се даде еден талант сребро од наследството и три слугинки што ќе ги задржи, девојката што ја има и слугата Пиреј.

Ако сака да се насели во Халкида да добие стан во градината, а ако сака да живее во Стагира да и се даде куќата на мојот татко. Која било куќа од моите да избере, старателите

да ја опремат со намештај по свој избор и како што на самата Херпилида и одговара.

Никанор да се погрижи за момчето Мирмекс, да се одведе кај неговите онака како што ми доликува мене, заедно со сè она што од него сме го примиле. Амбракида да се ослободи и на денот на свадбата на мојата ќерка да и се дадат 500 драхми и девојката која и сега ја има. На Тали покрај девојката што ја има да и се дадат 1000 драхми и уште една девојка.

На Симон, освен оние пари кои порано му беа доделени, да добие уште еден слуга или да му се додаде уште некоја сума пари.

Тихон, Филон и Олимпие да се отпуштат кога мојата ќерка ќе се омажи.

Сите мои слуги што ме служеле да се задржат и кога ќе дојдат во соодветни години да се отпуштат, ако тоа го сакаат.

Моите старатели, исто така, ќе се погрижат сликите (бисти) кои му беа доверени на Грилион да ги доврши и да се изложат и тоа таа на Никанор, Проксен кои јас сам имав намера да ги извршам и слика на Никаноровата мајка. Тие ќе го изложат довршениот кип на Аримнест како споменик, пошто умре без деца; исто така да и посветат статуа на мојата мајка на Деметра во Немеја или каде што тие сами ќе одлучат.

Било каде да ми подигнат гроб таму да ги стават и коските на Питијада како што таа сама ќе одреди. Во спомен на среќното враќање на Никанор, како што во негово име се заветував, да се постави во Стагира статуа на спасителот Ѕевс и Атина и тоа во природна големина, високи четири лакта“.

И во тестаментот на Теофраст, Аристотеловиот ученик, соработник и наследник, има значајни податоци и за Аристотел, и за школите и за самите филозофи.

• Хипарх и другите филозофи што ги одредил Аристотел продолжиле и натаму да се грижат за имотот и филозофските школи низ Македонија. Така и Теофраст го задолжува Хипарх со посебен фонд, да ги исплати трошоците според тестаментот (В51, 52 по Лаерцие).

Прво да се доврши Музејот со статуи на богинки и да се додаде сè што е за разубавување. Потоа, во храмот да се постави Аристотелова статуа-биста, заедно со останатите заветни дарови кои што порано биле сместени во храмот. Потоа повторно да се подигне мал ходник со столбови покрај Музејот за да биде убав како порано, и на долгиот ходник да се постават табли со мапи на земјата. Натаму, да се поправи олтарот, да биде совршен и отмен. Сакал и да се доврши Никомаховата статуа за да одговара на природната големина.

Награда за изработка на статуата дадена му е на Праксител, а евентуални трошоци да се дополнат од спомнатите средства. Статуата да се постави на погодно место за тоа. Така да се изврши сè околу храмот и заветните дарови.

Имањето (имотот) што го имам во Стагира го оставам и го подарувам на Калин. Целокупната библиотека му ја оставам на Нелеј. Градината, шеталиштето и зградите околу градината, сè заедно, им ги поклонувам на оние мои пријатели што и понатаму ќе се занимаваат со филозофија и ќе живеат во другарство како што им доликува и да не продаваат ништо. Таа заедница да биде составена од Хипарх, Нелеј, Стратон, Калин, Демотин, Демарат, Калистен, Мелант, Панкреоен, Никип.

Нека синот на Метродор и Питијада – Аристотел, ако сака, да му се дозволи да се занимава со филозофија а во тоа да го подучуваат најстарите, со најголемо внимание, за да напредува што подобро во филозофијата.

… Мене да ме сохранат во градината… и потоа сè што е во тестаментот од кога ќе се исполни, на Памфил да му се предаде на управа, откако Хипарх ги подмири сите трошоци.

Тестаментот во три примероци бил запечатен со печатниот прстен на Теофраст.

Ете, тие се двата, доведени до перфекционизам, тестаментите од коишто можеме да го согледаме македонското имотноправно законодавство на државата, образованието и фамилиите. Од тестаментите се гледа државниот карактер на имотите на филозофите. Аристотел, Теофраст и другите филозофи се грижат не само за фамилијата, учениците, туку и за слугите. Тие други филозофи се многу познати имиња:

Проксен со синот Никанор, Кориско со синот Хипарх, Нелеј, Стратон, Калин, Калистен, Демарат,… Метродор – зет на Аристотел, и тие што филозофијата ја пренеле во Александрија и ја продолжиле научната работа во Александриската библиотека.

Никаде не се спомнува Атина и Перипатичката филозофија на Аристотел таму што е потврда дека Аристотел е во Македонија а не во Атина.

Од тестаментот се гледа дека Лицеумот и Гимназиумот се подигале на места на старите Аполонови светилишта и затоа ги има во Дион, Еге, Пела, Олинт, Амфипол, Тас(ос),Стагира, Абдера, Троја, Хефес, Милет, Александрија и Стоби, Хераклеја, Стибера и т.н. Лицеумот во Атина исто така е Аполоново светилиште подигнат откако Атина е окупирана од Македонија.

Сите градови и реки во Македонија носат имиња на Богови и кралеви. Во сите нив има разни школи.

Во Атина ораторите, странци, предавањата ги држеле по улици и на плоштадите сèдодека не дошле Македонците да им ги изградат институциите.

За нив филозофијата била без татковина и барала престој за вдомување, надвор од ѕидовите на Атина.

Тоа е причина за да ги убиваат, за да не им платат.

Дури и Аристотеловата школа ја нарекле Перипатакос што значи свет пат по кој што се движеле Македонци, што, всушност биле македонски школи и светилишта заедно.

Таму каде што има театар и светилиште со стадион во близина се знае дека тие градови се македонски или се градени по македонски планови.

Тоа се вежбалишта и собири на фалангата и народот, за прослави. Во истите градови има Лицеуми како школи за царските деца и идните воени и политички управители подготвени да управуваат и да ја чуваат власта и државата на Македонците.

Тоа се школи за посветените.

("Аристотел Македонецот" - Ангелина Маркус)

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.