|
|
МАКЕДОНИЈА ДА НИ СЛУЖИ КАКО ЗЛАТНА РЕЗЕРВА ВО НАШИТЕ ПОЛИТИЧКИ КОМБИНАЦИИ НА ИСТОКОТ |
ГРОФОТ ШУВАЛОВ ДО РУСКАТА ВЛАДА: " Македонското прашање на Берлинскиот конгрес, остана нерешено поради повеќе причини. Меѓутоа, тоа нам не може да ни послужи за постигнување неа одредени цели. После повлекувањето на руската војска од Бугарија, лесно може да дојде до промена на бугарската приврзаност спрема нас,особено затоа што веќе се јавува таква тенденција. Ако Кнежевството Бугарија остане до крајот со нас, тогаш може да се работи на припојување на Македонија кон него. Меѓутоа, постои и друга алтернатива - Македонија да се припои кон Србија, доколку таа ја напушти својата проавстриска политика. Македонија треба да ни послужи како златна резерва за нашите политички комбинации во врска со нашата источна политика". Документи од секретните архиви на Руското правителство. Софија 1893, стр.12-13; ОД ЗАПИСНИКОТ НА ТАЈНАТА ЦАРСКА АРХИВА НА РУСИЈА (1878 год.) “…Грофот Шувалов (руски државник и дипломат, на чело на руската делегација на Берлинскиот конгрес, н.б.) моли да се донесат сите потребни мерки за смирување во Македонија. Заради тоа би било пожелно да се испратат таму опитни агенти, да им се објави на Македонците од името на Императорот дека Неговото Величество се грижи за нивната судбина, еднакво како и за другите Словени, и дека ќе им биде дадена таква иста слобода како и на Бугарите, сега веќе ослободени… Решавањето на македонското прашање за нас се покажува многу тешко и избрзано. Ние сме должни во однос на Македонија да дејствуваме солидарно со цариградскиот престол…” Документи од секретните архиви на Руското правителство. Софија 1893, стр.11-12; Д-р Иван Алексов |