Историја

Јас, Десни Комин, и подарив на мајката на боговите дете по име Калокерон, на возраст од 12 години, родум Македонец

spomenici

spomenici

Македонците отсекогаш имале чувство за етничка припадност

„Јас, Десни Комин, и подарив на мајката на боговите дете по име Калокерон, на возраст од 12 години, родум Македонец“.

Оваа надгробна плоча потекнува од 252 година по Христа кога одамна бил угасен сјајот на некогашната славна Македонска империја.

„Македонското име е едно од најгордите, најголемите, најхрабрите, но и најстрадалнички имиња низ историјата. (Тоа е) име… од еден од најзаслужните народи кој својата судбина ја идентификувале со почвата на која се раѓале и умирале. Тој народ опстојувал со назначено етничко чуство низ вековите: и во епохата на неговите звездени мигови, кога своето кралство со силата на сопствената крв и со меч го проширил се до Индија и Северна Африка, но и во миговите кога таа огромна империја била сведена на зависна римска провинција и тема.“ –  пишува Анте Поповски за македонското име во „Македонија на старите мапи“ (Скопје, 1992).

Македонците горди на своето име и потекло, отсекогаш имале изразено чувство за етничка  припадност. Потврда за тоа наоѓаме уште кај античките Македонци. При археолошките ископувања во близина на Серез била пронајдена надгробна плоча на која е врежано:

Покрај личните имиња и етничката припадност, во многу случаеви било нагласено и името на градот, како на пример: Македонец од Воден, Македонец од Егеј, Македонец од Орестида. Чуството за етничка припадност било толку нагласено што барале нивните водачи да го носат називот Македонијархиси.

Многу векови подоцна, од синодалните акти на Охридската архиепископија може да се види како Иван Иеракар на почетокот на XIII век, се изјаснува дека по род е Македонец и дека потекнувал од с. Власто, сегашното Велесто, во Охридско. Именувањето на жителите според етничката и територијалната припадност се сретнува и во наредниот век. Ова може да се види и од записот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Горен Козјак, во кое лицето Братан во средината на XIV се потпишал дека е од Македонија.

Повторно прескокнувајќи неколку векови ќе видиме од записот на Ѓорѓи Македонски од 1846 години дека чуството за етничка припадност никогаш не го напуштила Македонецот. Во записот на учителот Ѓ. Македонски, по повод стапувањето на учителска должност во родното село на Ден Голема Богородица, почнувајќи со фразата „Да се знае“ вообичаена за тоа време ќе напише:

„Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како седмо дете од дванаесетте деца, пет машки и седум женски. Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стоимен, свјаштеник. И ја прекарот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме … од Маќедонија“.

Од неколку одбрани записи меѓу бројните, може да се види дека без разлика дали со Македонија владеел Рим, Византија, Србија, Грција, Бугарија или Отоманската Империја, чуството за етничка припадност кај населението од Македонија е високо изразено, и тоа континуирано низ вековите се изјаснува како Македонци по род. Истовремено овие записи го даваат континуитетот на името Македонија.

Печатот на историјата втиснат во македонското име се пренесува со векови и никој неможе така лесно да го збрише од историската сцена. Самото име преставува штит, сигурна одбрана од исчезнување на родот вековен. Името се пренесува со генерации и во него се претставени сите порази и победи на еден народ.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top