Среда, 12 Декември 2018   
МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

pelagonOLYMPUS DIGITAL CAMERA

Локалитетот „Старо Бонче“ се наоѓа на околу 1 км југоисточно од селото Бонче, Прилепско и претставува голема зелена долина на падините на врвот Висока на Селечка Планина, која се спушта во правецот исток Запад, на периферијата на големата висорамнина Пелагонија. На повеќе десетици хектари на овој локалитет се среќаваат разновидни археолошки остатоци од праисторијата, раната антика, римскиот период, доцната антика, па и подоцнежните периоди.

За богатството наоди од локалитетот „Старо Бонче“ постојано се слуша од месното население, кое пронаоѓа разни предмети при обработката на нивите од овој локалитет, како и од гласините што се шират за дивото раскопување на теренот и наодите со детектори. Пред неколку години актуелен стана еден наод на три фрагментирани штитови со македонско сонце со дванаесет краци во средината и седум помали прет­ста­ви на сонце со осум краци распоредени по периферијата на кружниот штит, кој од месното население го откупи Заводот и музеј од Прилеп. Комплетирањето на дело­вите од пронајдокот покажаа дека не се работи за еден, туку за три штита со изгра­ви­рано сонце со македонска стилизација и натпис на кој се среќава името на кралот Деметриј. За кој македонски крал станува збор стручњаците немаат единствено мис­ле­ње. Со оглед на фактот дека во античкиот период со Македонија владееле двајца кралеви кои го носат тоа име, не е лесно да се утврди на кој од двајцата му припа­ѓале пронајдените македонски воени штитови. Првиот од двајцата е познат како Деме­триј I Полиоркет (освојувач на градови) и владеел со македонското кралство од 294 до 285 г. п.н.е., а вториот е Деметриј II кој владеел од 239 до 229 година.

МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ ДЕМЕТРИЈ I ПОЛИОРКЕТ И ДЕМЕТРИЈ II

pelagon 2Деметриј I Полиоркет

 Деметриј Полиоркет е кралот на Македонија кој на македон­скиот престол ја устоличил познатата крал­ска лоза на Антигонидите. Тој е син на еден од позна­тите генерали на Александар III Маке­донски, Анти­гон I Едноокиот и на Стратоника, роден во 336 година. Веќе на дваесет години командувал со дел од арми­ја­та на неговиот татко.1 На дваесет и две години тој до­бил задача од својот татко да ја брани Сирија од кра­лот на Египет, исто така, Македонец, синот на Лаг, Пто­ле­меј I, кога е назначен за стратег на Сирија и Фени­кија.2 Во битката кај Газа во 312 г. п.н.е., Деметриј бил поразен, но набрзо потоа својата положба ја поправил со победата кај Миј. Во 311 година презел поход против Вавилон, го освоил, ограбил и се повлекол кон Сирија. Во 310 година презел походи против Птолемеј на крај­бре­жјето на Киликија и на Кипар и притоа ја добива Ки­ликија, а во 309 го спасува Халикарнас.3 Во 307 година со флота од 250 брода се упатил кон Атина, ја ослободил од власта на Касандар и Птолемеј и го истерал гарнизонот поставен од Деметриј Фалеронски. Исто така, го спасил и градот Мегара. Поради овие големи победи Атињаните Деметриј и неговиот татко Антиг­он ги славеле како божества, со титулата Сотер (Спасител). Потоа, во 306 година, следе­ла уште една успешна битка кај Саламина, кога целосно ја поразил египетската флота раководена од братот на кралот Птолемеј, Менелај. Тогаш Деметриј I ја добива титулата крал од неговиот татко Антигон. Следи опсадата на Родос, во која Деметриј употребил спе­ци­јални опсадни направи, како што се опсадниот овен, кој бил долг 60 m, а го упра­вувале не помалку од 1000 луѓе и опсадната кула (Хелеполис – Градозаземач), која била висока 40 m, широка 20 m и тешка 163 тони. Овие опсадни изуми му ја донесле титулата „Полиоркет“ (Опсадник).4 И покрај ваквите големи опсадни изуми, опсадата на Родос не успеала. Во исто време тој стекнал непријатели во другите македонски кралеви Лисимах, Селевк и Касандар, кои се обединиле против него и неговиот татко. До битка дошло во 301 г. п.н.е., кај местото Ипс во Фригија. Во неа бил убиен таткото на Деметриј Полиоркет, Антигон, а самиот Деметриј, по големиот пораз, со 10 000 луѓе, се повлекол во градот Ефес. Овој пораз ги охрабрил Атињаните и тие зазеле непријателски став спрема него, па дури одбивале и да го примат во градот. Тие го обвинувале дека го осквернил храмот на Девствените Божици, претворајќи го во јавна куќа. Набрзо потоа Деметриј се впуштил во поход на територијата на Лисимах во Мала Азија, која во голема мерка ја пустошел, а да­вај­ќи му ја за жена својата ќерка Стратоника, се помирил со кралот Селевк. Потоа пре­зел поход против Атина во која владеел тиранинот Лахар и по подолга опсада, во 294 год. го презел градот. Притоа, тој им простил на жителите за претходниот негативен лош од­нос спрема него. Обезбедувајќи го градот со силен гарнизон заминал за Пелопонез и вле­гол во војна со Спарта, при што го победил кралот Архидам.5 По убиството на синот на Касандар Александар V Деметриј, користејќи го својот брак со сестрата на Касандар седнал на македонскиот престол, но бил под постојана опасност од Пир Епирски, кој го користел повременото отсуство на Деметриј и ја пустошел територијата на кралството. На престолот останал 5 години, но е сметан за лош крал. Во 288 г. п.н.е. заедничките сили на Пир, Лисимах и Птолемеј, помогнати од деловите на народот кој не го сакале, го прогониле Деметриј од Македонија. Тој преминал во Мала Азија и ги нападнал провинциите на Лисимах, но не покажал голем успех во тоа. Побарал помош од неговиот зет Селевк, но на крајот завршил заробен токму од него. Неговиот син Антигон понудил се што има, дури и самиот себе, но не успеал да го ослободи татка си. По три години ропство, Деметриј Полиоркет умрел во 283 г. п.н.е., а неговите останки му биле предадени на Антигон и му бил приреден величенствен погреб во градот Коринт.

pelagon 3Фактот што многу малку престојувал во етничкиот простор на Македонија не е тол­ку силен аргумент кој го поврзува со штитовите од Бонче. И покрај тоа, повеќето авто­ри сме­таат дека споменатите штитови му припаѓаат на кралот Деметриј Полиоркет. Се­пак, тре­ба да се разгледаат и аргументите за евентулна поврзаност на штитовите со Деметриј II.

Деметриј II

Деметриј II е уште еден крал на Македонија од династијата на Антигонидите. Тој е син на кралот Антигон II Гонат и владеел од 239 до 229 г. п.н.е. Како успешен вој­ско­водач се докажал уште за време на кралувањето на неговиот татко, кога во битка го поразил Александар II Епирски во Дердија. Со оваа победа во 260 г. п.н.е., всушност, ја спасил Македонија. Во 239 година кога дошол на престолот на Маке­донија се соочил со сојузот на двете големи лиги, Ајтолската и Ахајската, кои биле против Македонија. Успе­ал да му нанесе големи порази на овој сојуз и да ја оттргне од него Беотија. Него­вата позиција ослабнала со големата промена која настанала во Епир, каде републи­кан­ската лига била заменета со монархија. Големи проблеми му создавале и ограбувачките походи на северните племиња, Дарданците и Илирите. Битката со Дарданците, која се случила пролетта 229 година,6 за него била посебно тешка и набрзо по неа тој умрел. Како наследник останува неговиот малолетен син Филип V.

Токму битките кои ги водел за заштита на Македонија од северните племиња укажуваат на неговото евентуално поврзување со штитовите од локалитетот „Старо Бонче“. Ако се претпостави дека во тоа време, на овој локалитет, како и на лока­ли­тетот „Висока“ се наоѓала богата градска населба, која можела да биде и цел на нападите на ограбувачите, можноста за ваква врска на наодите со Деметриј II е сосема веројатна.

СЕНЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ШТИТОВИ ОД ЛОКАЛИТЕТОТ „СТАРО БОНЧЕ“

Пронаоѓањето на македонските штитови со познатиот македон­ски соларен симбол, силно ги возбуди духовите во Пелагонија, и пошироко. Тоа беше возбудлив настан за месното население, но и за археолошката и целокупната јавност во Македонија, па дури и надвор од неа. По некаква случајност настанот коинцидираше и со доаѓањето во Маке­донија на еден истражувач од Франција, со име Пјер Жуел, кој во тој момент работел на темата „Северни граници на античка Македонија“ и ја имаше среќата да биде присутен токму за време на појавувањето на овие вредни археолошки наоди од времето на античкото македонско кралство.7 Тоа резултираше со појавата на книгата „Антички македонски штитови од Пелагонија“ во која францускиот истражувач се појавува како автор заедно со археологот Душко Темелкоски од Прилеп.

Пронаоѓањето на штитовите, за жал, се должи на диво копање. Се тврди дека нив ги откопал некој од дивите копачи и притоа тие се распаднале на парчиња, од кои дури „и денес можат да се најдат на местото“. Ваквиот наод е причина за соз­да­вање нови мистични приказни поврзани со наоди од злато и сл.

pelagon 4Фрагмент од еден од штитовите 1

Ваквите информации стануваат интересни, посебно со сè почестите наоди на предмети со македонскиот антички симбол, за кој до денес се знаеше од наодот на ковчежето во наводната гробница на кралот Филип II од Кутлеш. Значи, нема дилема. Наоди, со иста или слична орнаментика, македонскиот соларен симбол, се среќаваат и на локалитети во Пелагонија, на повеќе од 100 km од Кутлеш, местото на гробниците на македонските кралеви од антиката. На наодите на штитови од „Старо Бонче“ солар­ните знаци се со 12 и со 8 краци,8 но со познатата македонска стилизација.

Настанот станува уште поголем предизвик кога се знае дека во последно време за овој простор се претпоставува дека го крие изгубениот град Пелагонија,9 центарот на старото пелагонско кралство, кое постоело до неговото влегување во македонското кралство на Филип II. Независно од тоа дали тука се крие исчезнатиот град Пелагонија, археолошките експонати, кои беа афирмирани последниве години, покажувааат дека овој локалитет крие многу значајни остатоци на материјалната кул­тура на овој простор, кој ќе покаже каква населба се криела овде во антиката и дали таа била центар на споменатото Пелагонско кралство.

pelagon5Фрагмент од еден од штитовите 2

Уште еден штит од атарот на селата Бонче

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.