|
|
Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, Атина го анектира Егејскиот дел на Македонија |
Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, Атина го анектира Егејскиот дел на Македонија На 31 октомври 1912 година, со декрет на грчкиот крал Горгиос Први, Владата во Атина, за првпат во својата историја, воспостави времена управа на окупираните територии во Македонија. Оттогаш, Владата во Атина започнува континуиран и систематски процес на етничко чистење, егзодуси и геноцид врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Масакрирани се илјадници Македонци, запалени се стотици села и илјадници куќи, забранет е македонскиот јазик, илјадници Македонци се интернирани по островите и насилно протерани од Грција, запалени се и уништени стотици македонски православни цркви. Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, Атина го анектира Егејскиот дел на Македонија. Со Нејската конвенција од 27 ноември 1919 година меѓу Атина и Софија, Грција насилно ги протера Македонците православни од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија. Со Лозанската конвенција од 30 јануари 1923 година меѓу Атина и Анкара, Грција насилно ги протера Македонците муслимани од Егејскиот дел на Македонија во Турција. Од Турција и Мала Азија, Атина во Грција доселува околу 800.000 инородно население, од кои 612.000 во Егејскиот дел на Македонија на имотите на насилно протераните Македонци. Во 1926 година Атина ги промени оронимите, топонимите и хидронимите во Егејскиот дел на Македонија и имињата и презимињата на Македонците во Грција. Во 1948 година во граѓанската војна во Грција, Атина насилно ги протера децата на Македонците во источно-европските земји, што претставува преседан во светот и човековата историја. Со Одлуката за репатријација на политичките бегалци од Граѓанската војна 1945-1949 година од 29 декември 1982 година и со Законот 1540/85 за деконфискација и денационализација на имотите на политичките бегалци од Граѓанската војна 1945-1949 година, Атина го забрани враќањето на насилно протераните Македонците во Грција на своите родни огништа и ги лиши од сите граѓански права. Сe до распаѓањето на поранешна СФРЈ во 1991 година, Атина речиси ја елиминира домашната употреба на темата Македонија. Владата во Атина имаше Министерство за Северна Грција, со распаѓањето на поранешна СФРЈ преименувано е во Министерство за Македонија, Епир и Тракија. На 16 декември 1991 година Советот на Европската заедница го усвои извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската заедница според којшто Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот сојуз и во Декларацијата за Југославија, според којашто “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава”. На 6 јануари 1992 година, под притисок на Атина, сепак, Собранието на Македонија усвои два амандмани на Уставот на Република Македонија: на членот 3 дека “Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави”, и на членот 49 дека Републиката во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија “нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи”. На 27 јуни 1992 година Европскиот совет на Европската заедница во Лисабон, под притисок на Атина, усвои геноцидна Декларација за поранешна Југославија што се однесува на признавањето на Македонија “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија”, што беше експресно отфрлена од Собранието на Македонија со декларација од 3 јули 1992 година. На 8 април 1993 година, Генералното собрание по препорака на Советот за безбедност на Обединетите Нации, а под притисок на Грција, ја прими Македонија во членството на Светската организација под времената референца “Поранешна Југословенска Република Македонија”, со задача да се постигне договор за разликата за името на државата Македонија, што е преседан во меѓународните односи и право, спротивно на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човековите права. На 9 октомври 1995 година, Собранието на Македонија ја ратификува Македонско-грчката Времена согласност склучена на 13 септември 1995 година, а веднаш потоа го промени шеснаесет-зрачно сонце од симбол на знамето на државата. Како последен бастион на расизмот и наци-фашизмот во Европа, Атина не го признава постоењето на Македонците кои живеат во Грција дискриминирајќи ги во сите човекови и граѓански права и слободи, односно од окупацијата на Македонија во 1912 година континуирано до денес не го признава постоењето на посебен македонски етнос во целина. Атина веќе седумдесет години, од 1944 година до денес, применува рестриктивен визно-пасошки режим на апартхејд за македонските државјани по потекло Македонци од Егејскиот дел на Македонија: забранет им е влезот во Грција, дури и за погреби, посета на гробови и роднини. Визно-пасошкиот режим на апартхејд Атина го спроведува со забрана за влез во Грција и за сите Македонци по потекло со какво и да е друго немакедонско и негрчко државјанство (американско, австралиско, канадско, европски и други) во чии патни исправи местото на раѓање е запишано сопред македонската топонимија од пред промената на имињата на населените места направена од грчките власти по окупацијата на Македонија во 1912 година. Со злоупотреба на правото на вето, Атина денес бара промена на името на државата Македонија при влез во Европската Унија и НАТО што претставува легализација на окупацијата на Македонија и на геноцидот врз македонскиот народ, кое како злосторство против човештвото не застарува никогаш. Атина и Брисел кога и да е ќе се соочат со таа историска вистина и одговорност и за тоа мора да платат репарации! |