|
|
Македонски историски натпис се појави на напуштена куќа во северна Грција! |
Грчката држава на секој начин се обидува да сокрие дека во Грција живееле и сеуште живеат Македонци, но колку и тоа да го праваат сепак пред вистината молчат и Боговите. Имено, во селото Ватокори на 9 километри одалечено од грчко-албанската граница или на 2 километри кај раскрсницата Костор-Лерин, на ѕид од куќа на македонски јазик како што може да се види и на фотографиите било напишано „КОНГРЕС НА Н.О.Ф“, но со цел да се прикрие ваквиот факт, грците го измалтариле и стаиле грчки натпис на грчки јазик.
Со тек на времето, малтерот испопаѓа и сега на оваа напуштена куќа осамна она што одамна било напишано на македонски јазик, а ова е уште еден доказ дека во Грција живееле и се уште живееат Македонци. Сега да оставиме време и простор, дали повторно грчката држава ќе ја санира оваа куќа или целосно ќе ја сруши, се со цел да ги прикриее овие македонски историски траги. |