Среда, 16 Октомври 2024   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (8)

a 2

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (8)

Кој и како им го наслика на УДБ-а Маноjил -Mane Јаковлевски!

Кодошите се неизбежен дел од македонската историја. За грст златници, за позиции или други бенефиции тие ги поткажуваа не само пријателите, туку и својата рода. Во минатото од кодошите настрадаа многумина македонски патриоти. Заради нив македонскиот народ касно дојде до своја држава, а сега е на пат да ја изгуби.

Како и многумина други, така Мане Јаковлески и неговиот брат Гојко кои работеа за македонската кауза беа цел на тајните служби, кои преку разни кодоши собираа информации. И нив ги кодошеа најблиските, оние на кои им ја отвориле вратата од својот дом, оние на кој им го отворија своето срце мислејќи дека како што се и тие со чисто срце така се и другите.

Во книгата „Македонија, мојот копнеж - Маноил Мане Јаковлевски“, авторот Киро Кипровски, ќе ја забележи зачуденоста и неверувањето на Маноил кога го прочитал досието кое УДБ-а го водела за неговиот брат Гојко. За да не биде разочарувањето уште поголемо, како што пренесува авторот, Мане нема да го земе своето досие. Пишувајќи за овој сегмент од животот на Маноил, авторот ќе забележи:

„Големо разочарување Манојил доживеа кога го читаше Полициското досие на брата си Гојко. Непријатно беше изненаден кога блиски другари, пријатели, роднокрајци, кои доаѓале во неговиот ресторан „Ново Скопје“ во Берлин, ги сметал за блиски, им приредувал топло гостопримство, пред нив им го отворал срцето и слободно разговарал за сешто го болело во душата. Искрен бил со нив, а тие го искористувале гостопримството, доаѓале со одредена цел бидејќи биле испратени од тајните југословенски и македонски служби, да го кодошат во УДБА. Од овие причини читајќи го досието на Гојко, Манојил не сакаше да го подигне Полициското досие кое УДБА го водела за него, да не се разочара во блиските, да не доживее целосен кошмар.

Во Полициското досие на брат си Гојко, во кое во половина од документите се споменува и Маноил, кое по обем е над 1.200 страници, меѓу другото ја прочитал и изјавата, потпишана од М. С. роднокраец од родното село на Манојил, Зубовце, професор по англиски јазик во гостиварската гимназија „Панче Попоски“, напишана на 25 февруари 1981 година. Иако потписот на изјавителот е покриен со црн фломастер, како и уводниот дел, сепак Манојил според податоците што ги има во изјавата, го препознава дека е М. С., а брат му Гојко го имаше како втор брат.“

Од изјавата која дава овој роднокраец за УДБ-а може да се виде како тој и го насликал Мане Јаковлевски на македонската тајна служба. Во оваа изјава од 25.02.1981 година, која ја пренесува авторот, децидно стои:

„Поради тоа што уште од детството јас бев добар другар со Јаковлески Гојко, после неговото заминување во З.Берлин – СР Германија, јас неколку пати престојував кај него на гости, каде се сретнав и со неговиот брат Јаковлески Манојил.

За Манојил можам слободно да речам дека непријателски е расположен спрема СФР Југославија, а имено неговата непријателска активност се состои во следното:

Маноил под влијание на неговиот брат - Гојко, постанал член на македонската емигрантска организација „ДООМ“ (Движење за ослободување и обединување на Македонија), која организација парично ја помага, а платформа му е обединување и ослободување на Егејска, Вардарска и Пиринска Македонија, со прозападно капиталистичко уредување. Во 1976 година во месец август,  јас бев во посета на Јаковлески Гојко. Во еден разговор што го водев со Маноил, тој се искажа дека имал дадено 5.000 ДМ на еден негов пријател со цел да обезбеди раководители на ограноци на ДООМ во Австралија и други земји да дојдат во З. Берлин и да земат учество во прославата организирана во чест на 2 август, денот на Илинденското востание.

Манојил во разговорите што јас сум ги имал со него, не ја признава Југославија и јавно омаловажува се што е југословенско. Поседува книги со вицеви искажани на рачун на СФРЈ и највисоките функционери на Федерацијата, како и за другарот Тито. Овие вицеви пред мене ги има кажувано, а јас еден од нив и ќе го цитирам дословно како Мане мене ми го кажуваше: „Кога другарот Тито дошол во Загорје, каде се сретнал со една жена, која ја прашал, мајко знаеш кој сум јас? Таа одговорила дека не го познава. На ова другарот Тито му рекол јас сум тој што ги истера од Југославија фашистите, таа на ова му одговорила, добро синко, но да ги истераш и комунистите ќе свршиш голема работа“.

Јас лично имам видено дека Маноил ако се спомне нешто добро за Југославија, веднаш реагира, негирајќи го со вулгарни зборови и пцовки. Притоа искажувајќи се дека треба да гледаме како да ја ослободиме Македонија која се наоѓа под јарем на Југославија и нема своја независност.

Манојил во ресторанот држи менија на кои е нацртана картата на„ голема Македонија“, а на последната страна од јеловниците има напишано текст на германски јазик со содржина.... дури и многу помалечки нации од Македонија во светот имаат своја независност... Во еден текст што Маноил го има напишано во еден памфлет стои: „Македонци, браќа, сестри, дедовци, татковци, доста е овој јарем што го носиме, ред е да ги дигнеме главите и да се ослободиме“.

На левата рака Манојил има тетовирано амблем на „голема Македонија“ со три факели и иницијали Е.В.П, што значи Егејска, Вардарска и Пиринска Македонија.

Маноил има порачано специјални ќибрити на кои стои нацртана„ голема Македонија“, а кои ги растура сред нашите работници кои се на времена работа во Германија.

Изјавата ја давам доброволно со цел да послужи како доказен материјал во случај да се води постапка против Јаковлески Маноил.“ – изјавува М.С. роднокраецот и близок пријател на браќата Јаковлевски.

(продолжува)

 

meni 1

meni 2

Кориците на мени картата на Ресторанот „Ново Скопје“ Берлин

meni 3

meni 4

Факсимил на изјавата на Мино Спасеновски

Целата книга може да ја прочитате тука:

https://drive.google.com/file/d/

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.