|
|
Грчка пропаганда во Македонија |
Грчка пропаганда во МакедонијаГрчката пропаганда е разгранет систем за ширење на грчкото национално чувство, култура, јазик, идеја и влијание меѓу населението во Македонија. Оваа пропаганда е една од најстарите која делувала во Македонија, нејзиниот пробив започнува со укинувањето на Охридската архиепископија, а особено се засилува по појавата на Македонското прашање.... Во првата половина на 19 век во Македонија низ сите поголеми градови постоеле училишта во кој наставата била изведувана на грчки јазик, а предавањата биле на повисоко ниво бидејќи грчката интелигенција бил поразвиена и постоела постара училишна традиција, континуитетот на училишна традиција бил прекинат со укинувањето на Охридската архиепископија, не во целост меѓутоа оваа традиција била ослабена бидејќи не постоел центар кој би се грижел за македонската култура и јазик. Во 1806 и во 1819 година цариградскиот патријарх Григориј V им наредил на грчките митрополити да го шират грчкиот јазик во Македонија, бидејќи под нивната компетенција спаѓала и грижата за просветата... Официјалните турски власти во своите статистички податоци во периодот пред создавањето на Бугарската егзархија, во своите нуфузи (еден вид на матични книги), целокупното христијанско население го третирале како рум-милет, односно грци. Според Јован Цвијиќ:
..Грчкото влијание било силно во градовите додека пак во селата низ Македонија не можело да се одржи поради немање на вистинско грчко население. Најсилниот и најефикасен адут на грчката пропаганда при елинизацијата на населението:
Населението во Македонија за да се одбрани од погрчувањето продолжило и понатаму себеси да го употребува усвоеното од Турците име христијани или раја со што и понатаму останувал безимен. Односно населението не се идентификувало според својата националност туку според својата вера, и тоа на културолошка словенска основа.
Спред Славко Димески:
Во средината на 19 век во Македонија и Бугарија започнало силно антипатријаршистичко движење. Ова движење првенствено било насочено против процесот на погрчување, а населението во Македонија и Бугарија заеднички врз словенска основа настапиле против Цариградската Патријаршија притоа се барала смена на грчките митрополити и епископи, нивно заменување со домашни лица кој го познавале јазикот на населението, исто така било поставено и прашањето за обнова на Охридската архиепископија. Како резултат на овие борби, на 28 февруари 1870 година со посебен султанов ферман била создадена посебна бугарска црка под името Бугарска егзархија, поради спротивставувањето на Патријаршијата, јуриздикција на бугарската црква била ограничена само на епархиите во Бугарија. со исклучок на велешката епархија во Македонија. Меѓутоа според членот 10 од истиот ферман било дозволено доколку населението во рамките на една епархија во Македонија одлучи со 2/3 мнозинство да се приклучи кон Егзархијата истото тоа да се уважи. На тој начин во 1874 година под јуриздикција на бугарската црква потпаднале Скопската и Охридската епархија. Создавањето на Бугарската Егзархија, двете цркви во Македонија започнале борба за контрола на црквите и училиштата, но во овој судир биле поткопани позициите на Патријаршијата која со себе го носела погрчувањето:
Треба да се потенцира дека грчката пропаганда во Македонија имала изразен антисловенски карактер, односно оваа пропаганда сакала да ја уништи словенската култура и писменост во Македонија. За антисловенскиот карактер на оваа пропаганда дополнителна светлина фрла и писмото од 26 август 1881 година испратено од проигуменот Дионисиј до Стефан Верковиќ во кое се истакнува:
Дополнително Дионисиј истакнува дека грчките свештеници пред властите го денуницирале секој побуден Македонец. На овој начин грчката пропаганда успеала да го стави под своја контрола селото Горно Броди притоа биле уапсени 40 души, 15 души биле заточени по затворите во Солун и Сер, а спасот во кнежеството Бугарија и Источна Румелија го побарале 250 души. Потоа во селото биле донесени грчки свештеници и учители и се започнало со погрчувањето на тамошното македонско население. Во двете цркви повеќе не можела да се слушне молитвата Господиј помилуј, а кога еден селанец се осмелил во некоја од црквите да каже Оче наш тој бил казнет со 280 гроша и еден месец затвор... Патријаршијата за да ја засили својата позиција во Македонија започнала да се служи најразлични средства. Таа започнала да го заплашува населението, да фрла анатеми и да го денунуцира населението пред турските власти како бунтовници, притоа властите биле поткупувани, а тоа резултирало со затварање на населението. Бидејќи овие средства не помогнале, во 1871 година во Серес бил формиран еден силогос за ширење на грчката писменост во оваа област. Силогосот собирал сиромашни деца од селата и беспалтно ги издржувал во грчките училишта во Серес. По Руско-турската војна раководењето со пропагандата го презеле грчките конзули во Македонија. Глава задача на грчката пропаганда во овој период било:
Оттука биле преземени разни дејствија. Уште во 1876 година грчката пропаганда организирала издавање на етнографски карти во Лондон и Париз, од овие карти се гледало дека грчките претензии оделе на север се до Ќустендил и Качаник. Пет години подоцна врз основа на податоците од грчкото учено друштво во Атина, германскиот картограф Киперт во Берлин во 1881 година направил карта од која се гледа дека грчките претензии биле спуштени по на југ до Кичево и Велес. Грчката пропаганда исто така почнала да издава и статистички податоци за бројот и составот на населението во Македонија, во овие статистики намерно бил зголемуван бројот на Грците со цел да се докаже дека тие биле доминантно население во Македонија. Грчката пропаганда почнала да отвора разни училишта и културно-просветни организации во Македонија. Преку нив се собирале приврзаници и се ширела националната грчка свест, особено меѓу власите, кои своите деца ги испраќале исклучиво во грчките училишта. За финансирање на овие институции се ангажирало самото грчко министерство за надворешни работи преку своите конзули во Солун, Битола, Скопје и Серес, биле давани големи парични средства за функционирањето на просветната пропаганда. Друштвото за ширење на грчката писменост со седиште во Сер до 1879 година добило 189 000 драхми, а оваа сума во 1885 година се искачила на 536 000 драхми. Финансиските средства за ова друштво во 1896 година изнесувале 1.000.000 драхми. Како што се зголемувале средствата така се зголемувал и бројот на грчките училишта во Македонија со текот на годините. Ако грчката пропаганда во 1877 година имала 256 училишта и 10 968 ученици веќе во 1886 година имала 836 грчки училишта. На тој начин во 1896 година во Македонија егзистирале 970 грчки училишта со 53 633 ученика. Спред еден англиски податок кој се повикува на весникот Селаника газет во 1885 година во Солун имало 11 грчки училишта во нив работеле 39 учители и 29 учителки а наставата ја посетувале 1060 ученика и 1230 ученички. Според истиот податок во Серскиот санџак имало 166 грчки училишта со 168 учители и 33 учителки, а училиштата ги посетувале 5 333 ученика и 949 ученички . Во Драмскиот санџак и во тамошните кази имало 99 училиште со 91 учител и 31 учителка, а овие училишта биле посетувани од 4861 ученик и 1387 ученички. Во Битола била отворена полна машка и женска гимназија, една богословија (1884 година) и неколку основни училишта, особено забавишта. Покрај училишта грчката пропаганда располагала и со неколку културно-просветни друштва како што биле: Друштвото на пријателите на просветата, гимнастичко, музичко, добротворно, театрално и др. Исто така била отворена и една печатница во која подоцна се печател, на грчки јазик, неделниот весник Фос. И покрај сите обиди кој грчката пропаганда ги презела за зацврстување на своите позиции во Македонија таа не успеала да го спречи преминувањето на македонците под јуриздикција на Егзархијата, и затоа грчката пропаганда почнала да се користи и со методи од репресивен карактер. Грчките чети на Катархјас и Каракас во 1880 година испратиле заканувачко писмо до жителите на селото Ѓавато од нив побарале или да го затворат словенското училиште или да се иселаат во Бугарија, во спротивно тие истакнале дека ќе дојдат грчки чети во селото и нема да остават ниту живо куче. Слични закани имало и до останатите македонски села. Грчката пропаганда се користела и со рушвети и обвиненија кај турските власти. Во 1880 година во Струмица повторно било отворено егзархиското училиште, но грчкиот владика веднаш ги обвинил родителите на учениците дека се бунтовници и биле уапсени 15 души. Во 1888 година во селата Муртино и Моноспитово тамошното македонско население дошло во судир со локалните турци, и веднаш овој судир бил искористен од страна на Грчкиот струмички владика да побара остранување на егзархиските учители и нивана замена со грчки. Во селото Босилово сите жители преминале под духова јуриздикција на Егзархијата со исклучок на свештеникот и неговото семејство но грчката пропаганда успеала да издејствува преку рушвет црквата да остане на Патријаршијата.
По Илнденско востание организатор на првите грчки чети во Македонија бил Германос Каравангелис – грчкиот митрополит во Костур. Во Атина бил формиран таканаречениот Македонски комитет кој требало да раководи со организирањето и препраќањето четите во Македонија. Андартските чети добиле задача да по секоја цена и со сите средства да бидат уништени комитетите на Македонската револуционерна организација по селата, а на нивно место да бидат создадени грчки комитети преку кој ќе се држи грчкиот патриотизам.... Извори
|