Среда, 28 Август 2019   
МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (3)

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

ФЕЉТОН: МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (3)

ВОДАЧОТ НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ БОРИС САРАФОВ ВО СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЈАВНО ТВРДЕЛ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ НИ БУГАРИ НИ СРБИ, ТУКУ ПОСЕБЕН НАРОД

Да го спомнеме и еден од водачите на Илинденското востание, големиот маке­дон­ски револуционер Борис Сара­фов (кој само поради тоа што бил десничар, неправедно беше сатанизиран од некои македонски ис­то­ричари комунисти). Борис Сарафов во 1902 година изјавил:        

Ние Македонците не сме ни Срби ни Бугари, ами просто Маке­донци. Македон­скиот народ постои независно од бугарскиот и срп­скиот. Ние им сочув­ствуваме и на едните и на другите, и на Буга­рите и на Србите, и којшто ќе го помогне нашето осло­бодување - нему ќе му речеме благодарам, но Бугарите и Србите нека не забо­раваат дека Македонија е само за Македонците!“         

Оваа изјава на Борис Сарафов била дадена за весникот „Балкански Глас­ник“ во бројот од 07.07.1902 година.         

Веќе во 1903 година, т.е. во годината на самото Илинденско вос­та­ние, Сарафов повторно е дециден:          

Во Србија и во Бугарија се уште не ја сфаќаат огромната важ­ност за автономијата на Македонија и затоа се борат за да дока­жат дека во Македонија живеат Бугари и Срби. Ние Македон­ците не сме ни Бугари ни Ср­би, ние сме само Македонци и ние сака­ме сло­бо­да за нас и за нашата Ма­ке­донија“.          

Оваа изјава Сарафов ја дал за весникот “Штампа” (30.11.1903), а слична ваква изјава била објавена и во софискиот дневник “Мир” (02.12.1903).        

Борис Сарафов давал изјави дека Македонците се посебен народ и за други европски весници (Подетално кај: Блаже Ристовски: Крсте Мисирков..., стр. 808).          

За Борис Сарафов како за македонски (а не бугарски) нацио­нален деец пишувале и странските весници. Така, на пример, авст­рис­ки­от весник „Die Zeit“ за Борис Сарафов и за неговото зала­гање за са­мостојна Македонија со одделна македонска нација, како и за него­вото спротиставување против бугарските и српските интереси во Ма­кедонија, во 1902 година пишува:      

„Сарафов работи на тоа Македонија да добие политичка самос­тојност. Факт е дека постои извесна разлика помеѓу македонскиот дија­лект и јазикот што се зборува во Србија или во Бугарија, по­ради што постои желба дијалеткот на оваа провинција самос­тој­но да се развива. Во таа смисла Сарафов ја даде девизата: Маке­донија на Македонците!... Ако Сарафов сериозно мисли за самос­тојноста на Македонија, ние можеме само да му посакаме среќа во неговите пот­­фати во иднината...Ако тој се залага неговата тат­ковина да добие автономија и ако притоа ги одбива голе­мо­бугар­ските и го­лемосрпските барања, тогаш тој ја заслужува моралната под­дрш­ка од Австро-Унгарија...“           

Францускиот весник „Le Temps“ (30.07.1903) пишува дека Борис Сарафов изјавил дека македонските востаници одлучиле или да ум­рат или да извојуваат слобода. Весникот пишува и дека Борис Са­рафов изјавил дека македонските востаници ќе ја остварат прог­ра­мата “Македонија на Македонците”, независно од Бугарија.           

Дека Сарафов бил далеку најпознатиот тогашен македонски ре­волуционер во Европа, сведочи и написот од истиот француски весник, објавен на 08.08.1903, во кој пишува за почетокот на Илин­ден­ското востание. Овде читаме:        

„Востанието избувнало во Битолскиот вилает, на повик од Борис Сарафов, главниот македонски воен командант и неговите пријатели, од кои ќе наведеме некои досега непознати имиња на не­когашни учители: некој си Дамјан Груев или кратко Дамјан, по­тоа Пере Тошев и Лозанчев“.         

Дури и јапонскиот весник „Осака Мајничи Шимбун“ во бројот од 14 август 1903 година, пишувајќи за Илинденското востание, Борис Сара­фов го опишал како водач на Маке­дон­ците:           

„Повикувајќи се на вестите што доаѓаат од Лондон, воста­нието се  уште се шири, а згора на тоа извршен е и атентат врз рускиот конзул.Востаниците се составени од: Македонци, Бугари и Албанци, додека за најважна личност се смета Борис Сара­фов, кој ги води Македонците. Борис Сара­фов е голем револуционер и сега иднината на Македо­нија зависи од него“.         

Во овој напис мошне значајно е јасното издвојување на Маке­дон­­ците од Бугарите и од Албанците (кои во тоа време имале свој бунт во Косово), а за Сарафов децидно се вели дека ги води токму Ма­ке­донците.         

За Борис Сарафов низ европските весници почнала да се соз­дава слика на фанатичен македонски револуционер, кој е подготвен на се за да ја добие слободата на Македонија. Понекогаш се одело и со претерувања. Како пример за ова ќе го спомнеме написот од фран­цус­­киот весник „L Avenir de la Vienne“ (“Иднината на Вијен”) објавен во бро­јот од  29.08.1903 година. Овде читаме:          

„Водачите на македонското востание изјавија дека имаат намера да ги рашират во Константинопол бакцилите на азиска колера, на чумата и на малите сипаници, да ја затрујат реката Дарлас, која го снабдува градот, со клици на не помалку страшни болести, особено доводот на водата во палатата на султанот. Се вели дека Сарафов и неговите партизани  имаат намера од Конс­тан­тинопол да направат град на ужас, каков што никогаш не е виден. Султанот е избезумен.“          

Да кажеме и дека Сарафов во 1903 година дал изјава  за посеб­носта на македонскиот јазик во однос на српскиот и на бугарскиот.         

Претходно, во 1900 година, Сарафов го финансира излегу­ва­ње­то на драмата „Прилепски светци“ од бугарскиот писател А. Стра­ши­миров, која, со помош на Ѓорче Петров, била напишана на еден ма­ке­донизиран јазик. Целиот тираж од 3.000 примероци на оваа драма бил распродаден за само еден месец.          

Борис Сарафов во истата година финансиски го помогнал и изле­­гу­вањето на познатата „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрин­ски, а го организирал и нејзиното изведување во Софија.           

Сарафовиот весник „Деб’р“ во 1905 година бил единствениот весник во Бугарија што смело го најавил излегу­вањето на списанието „Вардар“ на Крсте Мисирков, поради кое Мисирков бил осуден на смрт од бугароманите.           

Како се чувствувале најголемиот број обични востаници и ло­кал­ни војводи штом нив­ниот водач Борис Сарафов јавно изјавувал дека е Македо­нец, а не Бугарин, нека размислат бугарските пропа­гандисти. Надвор од умот е да се тврди дека сите илинденци се чувствувале „Бугари“, а истовремено нивниот водач и идол Борис Сарафов, јавно насекаде да изјавува дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, туку посебен народ - Македонци. Исто така ќе треба да одговорат и на прашањето: зошто денешната бугарска историографија не пишува ништо за македон­ските национални пројави на Борис Сарафов (како и на другите илин­ден­ски револуционери)?

99

Изјавата од Борис Сарафов за посебноста на Македонците ја објавил и Димитрија Чуповски на руски јазик.

Продолжува

 

Историја

News image

Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин камен

СВЕДОШТВО ОД 1918-ТА ЗА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА: Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин каме...

Иселеници

News image

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (11)

МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ХРИСТОФОР“ И ДУХОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО КРСТ...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (7)

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА ИЗРАЕЛ  ДЕНЕС

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (26)

ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.