Среда, 18 Септември 2019   
Волкот од Македон

volkВолкот од Македон

Во приватната колекција на хералдичарот Дерек Хауард во Брисел, претседателот на Македонското Хералдичко Здружение ја пронаоѓа книгата The Glory of Generositie (Слава на Великодушните), во која го открива приказот на грбот на кралот Македон од Ематија.

Станува збор за книга издадена во Лондон во 1586г., каде авторот не се задржува на објаснување кој е овој крал Македон, ниту пак дава други информации. Само е испишан блазонот (описот) на грбот. Преводот гласи:

Македон, крал на Ематија, носи сребрен исправен волк на црно поле. Мислам дека неговиот грб е поставен на округол штит.

volk2 

Ематија ја претставува територијата околу Солун, Берија, во поширок смисол територијата на Македонија.

извор: Македонско Хералдичко Здружение

За да се надоврземе на горенаведената информација, ќе Ве потсетиме на неколку реда напишани од античкиот автор Diodor Siculus (90-21BC):

18.1 Озирис не беше сам во походот, така оди Египетската приказна, беше придружен од неговите два сина Анубис и Македон, кои што се разликуваат во своите храбрости. И двајцата ги носеле најзабележителните воени симболи, земени од одредени животни чиј што карактер не е како храброста на луѓето, Анубис носел кучешка кожа, а Македон носел предни делови (шепи) од волк. Поради оваа причина, овие две животни биле почитувани од Египјаните. На походот го зел и Пан…

20.3 ...син му Македон замина како крал на Македонија, која што беше именувана по него...

…и на нашиот АРхАНГЕЛ:

Немир ноќен
тој ме зема
и ме гони да го следам
ветрот моќен
да го јавнам
да го победам

Мојот брат самотен
војува до прва зора
ноќта да ја испие
за нов и светол ден

Источно е таа сила
ти си тоа сонце, мила
врела , убава и цела
Македонија

Пред себе, брату мој
заколни се на молк
пред нас препознај се 
во Човек и во Волк

Македонската Фаланга пред секој поход имала ритуал ист како славењето на пролетта, со додадени мистични симболики за прочистување на армијата – ритуално се прочистувале преку растргање куче на две половини – претпазливост од раскол (schism). - Доволно симболички за да се “заштитат” од волкот самотник, одметникот од глутницата.

 Напишано од Дедо Варадин, ЛОЗА 2012

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.