Среда, 08 Јануари 2020   
Кралеви на Античка Македонија

anticki kralevi

Аминта III (или II), син на Архидеј и дедо на Александар Македонски, бил крал на Античка Македонија од 393 п.н.е. (или 389) до 369 п.н.е.

Аминта дошол на тронот по десет години проблеми со наследството по убиството на Архелај I. Но тој имал многу непријатели во самата Македонија; во 393 п.н.е. бил истеран од страна на Аргеј II и Илирците, но следната година си го повратил кралството со помош на Тесалија.

Склучил договор со Спарта, кои му помагале да го намали Олинт (379 п.н.е.). Исто така, влегол во сојуз со Јасон од Фера и предано одржувал пријателство со Атина.

Од неговата жена, Евридика II имал три сина, од кои сите подоцна станаа македонски кралеви: Александар II, Пердика III и Филип II Македонски.

Александар II Македонски бил крал на Античка Македонија од 369 до 368 п.н.е., по смртта на неговиот татко Аминта III. Тој бил најстар од неговите три сина.

Иако веќе бил полнолетен, Александар бил многу млад кога дошол на власт. Ова било многу проблематично за него, бидејќи неговите непријатели продолжиле да војуваат со Македонија. Александар едновремено бил соочен со илирска инвазија од северозапад и напад од истокот од страна на претендентот Павзаниј. Павзаниј набргу зазел неколку града и се заканил на кралицата-мајка, која била во палатата во Пела со нејзините млади синови. Александар ги победил непријателите со помошта на атинскиот генерал Ификрат, кој пловел по македонскиот брег за да го освои Амфиполис.

На барање на Алевдаите, Александар интервенирал во граѓанската војна во Тесалија. Успешно зазел контрола врз Лариса и неколку други градови, но, изневерувајќи го ветувањето кое го дал, поставил гарнизони. Ова ја испровоцирало Теба која била водечката воена сила во Стара Грција во тоа време. Тебанскиот генерал Пелопид ги истерал Македонците од Тесалија. Потоа го неутрализирал Александар со тоа што ги заштитувал амбициите на Александровиот зет Птоломеј од Алор, и го натерал Александар да го напушти неговиот сојуз со Атина и да се сојузи со Теба. Како дел од овој нов сојуз, Александар морал да предаде заложници, вклучувајќи го и неговиот помал брат Филип.

За време на еден фестивал врз Александар бил извршен атентат по наредба на Птоломеј. Иако братот на Александар Пердика III станал крал, тој бил под старосната граница, и Птоломеј бил поставен за регент.

Проломеј I или Птоломеј од Алор бил регент на Македонија од 368 до 365 п.н.е. Извршил атентат врз неговиот претходник Александар II за да ја заземе власта. Владеел како регент за младиот Пердика III сѐ додека Пердика не го убил во 365 п.н.е.

Според Хамонид, тој бил помладиот син на Аминта II „Малиот“, кому Аминта III му ја дава својата ќерка Евриноја за жена.

Аминта IV бил крал по титула на Кралството Македонија во 359 п.н.е. и член на династијата Аргеади.

Аминта бил син на кралот Пердика III. По смртта на татко му во 359 п.н.е. станал крал, сѐ уште бил малолетен. Негов тутор и регент на кралството станал Филип II Македонски, најмладиот брат на Пердика, кој тогаш имал 23 години. Истата година Филип II Македонски се прогласил за крал на Македонија. Иако ја узурпирал власта на својот млад внук, не го сметал за опасност по неговото владеење, дури му ја дал раката на својата ќерка Кинана. Но, после убиството на Филип II и доаѓањето на Александар Македонски на власт во 336 п.н.е, ситуацијата се променила. Александар сметал дека Аминта претставува опасност на неговиот пат до престолот и веднаш го погубил.

Филип II Македонски (382 п.н.е. - октомври 336 п.н.е.) кралувал со Кралството Македонија од 359 п.н.е. до 336 п.н.е. Бил татко на Александар Македонски во бракот со Олимпија, како и на Филип III Аридеј во бракот со Филина од Лариса. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава.

 moneta 

Монета со ликот на Филип II Македонски

Филип бил роден во Пела во 382 п.н.е., како најмлад син на кралот Аминта III и кралицата Евридика. Во младоста (во периодот од 368 п.н.е. - 365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град во Грција во тоа време. За време на својот престој во Теба се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да го запоседне македонскиот трон во 359 п.н.е.. На почетокот бил регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, но подоцна ја презема целата власт во своите раце.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.