|
|
Македонски имиња на месеците |
Македонски имиња на месеците Потеклото на македонските имиња на месеците е поврзано со природните циклуси или земјоделските работи кои се вршат во периодот на соодветниот месец. Тие имиња се слични кај сите словенски народи. Нив ги има во црковнословенскиот јазик и сѐ уште се употребуваат во верските календари. Денешните современи имиња, по потекло од латинскиот јазик, најпрвин почнале да се употребуваат кон крајот на XIX век. Тогаш најчесто биле со завршеток на -ја, на пример: јануарија, февруарија, септемврија, декемврија итн. Со текот на времето, овие имиња речиси сосема ги истиснале од употреба старите. Старите, традиционални, словенски имиња на месеците сѐ уште се употребуваат во современите хрватски, чешки и полски јазик. име на месецот јануари февруари март април мај јуни јули август септември октомври ноември декември македонски коложег сечко цутар тревен косар жетвар златец житар гроздобер листопад студен снежник хрватски Siječanj Veljača Ožujak Travanj Svibanj Lipanj Srpanj Kolovoz Rujan Listopad Studeni Prosinac чешки Leden Únor Březen Duben Květen Červen Červenec Srpen Září Říjen Listopad Prosinec полски styczeń luty marzec kwiecień maj czerwiec lipiec sierpień wrzesień październik listopad grudzień |