|
|
Македонија мора да поднесе тужба за сторен геноцид врз Македонија и Македонскиот народ |
Грчките фашистички окупатори си даваат за право да присвојуваат Македонска територија историја и име! Додека вистината е сосема многу поинаква. Грција е за прв пат формирана 1832 година на Македонскиот полуостров на Македонска територија со исламизирани и православни Македонци. Формирана е за цел да биде колонија на Англија и Германија со кралот ото први од Баерн. Таа е создадена прво на Полуостровот Мореа 1881 година се здоби со Македонска територија која ја окупира со воена сила. Во 1913 година на Букурешкиот договор Грција се здоби со 51% од Македонската територија, како воен плен. Грција нема провинција која се вика Македонија. Таа има окупирана територија од Македонската држава!!! 1941 -1949 година под затриље на втората светска војна во Македонија дивееше најстрашната војна во која се убиваше се што е Македонско. Се изврши најголемиот геноцид од страна наа грците, Англичаните и Германците. Наместо да ги обвиниме и да одговараат пред правдата во Хаг за стореното злостворство и направениот геноцид врз Македонците. Истите тие мислејки дека со промената на нашето име ќе се ослободат од она што го имаат сторено во минатотот а тоа е геноцид врз еден Народ и одземање на 51 % од неговата територија. Им порачуваме јавно да знаат дека тоа што тие го имаат направено никогаш не застарува, и ние како народ никогаш тоа нема да го заборавиме. Тие исто така знаат дека се вештачка држава со вештачка историја и култура и држава која е формирана во 1832 година и стара е само 184 години. Таа вештачка држава нема никакво право на името Македонија. Ако мислат со тоа што имаат окупирано 51% од окупираната територија на Македонија и дека со тоа стекнуваат право на името Македонија гадно се лажат. Понатаму од кога окупатори поставуваат услови на овој свет! Дали постојат закони за нив или тие се недостапни секогаш за правдата. Вештачката држава Грција нема ништо заедничко со Хелените од Антиката бидејки тие се два различни етникума. Европа за да се спаси од тужбата и срамот за направениот геноцид и за да не ја врати назад Македонската територија која ја има окупирано преку нивната колонија Грција создава лажна историја за една вештачка држава. Вештачката држава Грција за да прикаже дека има право на името Македонија, окупираниот дел на Македонија ( Егејска Македонија ), го преименува во Македонија и сите топоними од Македонски ги преименува со грчки имиња. Да се запрашаме понатаму зошто немаат ниту една песна за Македонија, не новокомпонирана, зошто доколку се тие Македонци не се нарекуваат себе си Македонци а не Грци, зошто не играат Македонски ора и не зборуваат на Македонски јазик???, затоа што тие немаат никаква допирна точка со Македонија, освен како окупатори. Македонија мора да поднесе тужба за сторен геноцид врз Македонија и Македонскиот народ. |