|
|
Бугарија имала еден интерес, ВМРО имала друг интерес |
Никола Србов За денот... Малку познат факт е дека ВМРО на чело со Тодор Александров во 1923 година имала на располагање над 120.000 луѓе во Македонија кои во даден момент би се вклучиле во борбата за Македонија од кои една третина под оружје. Чехословачката дипломатија известувала дека ВМРО располага дури и со одреден број на артилерија и милионски суми на пари во банки. Се прашувате ли зошто Александров создавал толкава организација доколку на располагање би ја имал бугарската армија која во тој период била најмоќна на Балканот? Едноставно, Бугарија имала еден интерес, ВМРО имала друг интерес. А се запрашувате ли зошто сето ова не било активирано од страна на ВМРО? Едноставен, нам секогаш ни фалела дипломатија која би го вметнала македонското прашање во актуелните геостратешки поместувања на големите сили кои би овозможиле ова да се активира, и тоа е факт. А сте се запрашале ли како Грција која имала најслаба армија била најуспешна во балканските војни?Едноставно, имала моќна дипломатија и политичари кои нам секогаш ни недостасувале. И секако, ова не е напишано во писмо од Гоце или Тодор или Ванчо, како што некои во 21 век сакаат да прикажат дека така се пишува и изучува историјата, историјата е наука која се занимава со нешто повеќе од "читање писма". |