|
|
Тешки бомбардирања на Битола за време на Првата светска војна |
За време на Првата светска војна, Централните сили употребувале бојни отрови против силите на Антантата, По битката на Црна река во октомври 1916 година, бугарската војска која им се приклучила на Централните сили во есента 1915 година, ги задржала позициите на Ниџе и се повлекла на падините на Баба Планина и на месноста Црн Врв. Од таму тие вршеле бројни и тешки бомбардирања на градот Битола, кој поради тоа станува познат како втор Верден (француски град изложен на бројни бомбардирања). Бомбардирањата на Битола започнуваат во пролтетта 1917 година и траат повеќе од година дена се до пробивање на фронтот. Овој период преставува еден од најтешкиот и најкрвав период во историјата на градот. Голем дел од овие бомбардирања биле извршени со бојни отрови од кои најмногу страдало градското население. Во ноќта помеѓу 28 февруари и 1 март 1918 година, бугарските сили го гранатирале градот Битола повторно со бојни отрови при што настрадало голем број невино цивилно насление. Последиците од ова бомбардирање ќе бидат забележани од тогашните фотографи. Две години потоа, белградскиот „Илустровани лист“ („Ilustrovani list“, во Белград, 26. V – 10. VI 2020, број 8) ќе објави фотографија на една група битолски жени и деца кои таа ноќ биле убиени од гранатите со бојни отрови. |