Среда, 03 Јуни 2020   
Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (9)

0000

Името на великанот со гордост го носеле и повеќе спортски друштва во Македонија, во кои претежно членувале млади Скоевци и спортисти. Така, во Прилеп, во 1941 година, преку спортското друштво „Гоце Делчев“, се собирале преку продажба на влезници, слики и значки со ликот на Г. Делчев, добороволни прилози за НОВ. Исто така, по повод на Илинденските демонстрации во Прилеп и во други градови на Македонија, демонстрантите носеле портрети со ликот на Г. Делчев.

Гоце Делчев бил инспирација и за пишување и пеење на песни во НОВ. Во Прилепско, во 1941-1942 година, од страна на Блаже Спирковски била напишана песна во која се споменува и Г. Делчев.

Песната на овој автор била испеана со следниве зборови:

„Ние што сме партизани,

Борци сме смели,

Нам не ние жал што ќе умреме,

В бој за слобода.

Спомените ги браќа мили Гоцета Делчев,

Дамета Груев, Питу Гули,

Јане Сандански...“.

Песна за Гоце испеале и СКОЈ-евци и учениците од прилепската гимназија за време на излетот во околината на с. Прилепец, на 7 октомври 1941 година. Песната која гласно и сложно ја пееле сите ученици ги содржела следниве зборови:

„Спомнете го браќа,

Гоцета Делчев,

Гоце Делчев за народ загина,

за народ загина за Македонија“.

Сепак, една од најзначајнате песни од времето на Втората светска војна, во која се споменува апостолот, е револуционерната песна „Во борба македонски народе“, каде визуелно, излегувањето на партизаните во борбата за слобода, требало да ги штити и храбри знамето на Гоце Делчев, односно знамето кое, по ослободувањето, требало да се вее како ореол заштитник над новата македонска држава.

Паралелата меѓу Илинденското востание и народноослободителната војна е вешто синтетизирана и умешно вметната во текстот и ја претставува исконската желба на партизаните конечно да го завршат она што Илинденците го започнале за фромирање на посебна македонска држава. Зборовите на оваа безвременска песна, која и денес буди емоции и инспирации, се следниве:

Со векови окованa во пранги,
под ропство пишти Македонија,
појќе не трпиме бесчесни лаги,
во бој последен борци влегоа!

Во борба, во борба, во борба,
македонски народе.
За света народна слобода
со песни и радост се мрее!

Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее,
во гори, полја и на сите страни,
фашистичка крв насекаде се лее.

Синови сме на нашата татковина,
на илинденските наследници,
строиме живот, слобода, иднина,
за, жени, деца, старци, младинци.

Името на безвременскиот великан Делчев е запишано и во текстот на државната химна „Денес над Македонија“. Во неа, при споменувањето на дел од Илинденците, на прво место е запишано името на Гоце Делчев. На овој начин, на секое место и во секоја прилика, засекогаш името на Гоце Делчев гордо ќе се споменува и ќе претставува историска личност која достојно е поставена на највисокот место на пиедесталот во македонската историја. Затоа, вистинска чест е да се продолжи делото на Делчев како иднина на секој патриот и граѓанин за успешна и силна Република Македонија.

Крај

 5.8

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.