|
|
„Бунтовник“ |
„Бунтовник“ бил весник кој излегувал во Софија во периодот 1898 - 1899 година како неофицијален орган на Задграничното претставништво, односно на Македонската револуционерна организација, преку кој се преставувале целите и намерите на Организацијата во однос на Македонското прашање. Главен и единствен уредник на весникот бил Ѓорче Петров кој во тој период во Софија, покрај Гоце Делчев бил нелегален преставник на Организацијата и како задграничен преставник ги застапувал и штител нејзините интересите. Весникот се печател на бугарски јазик и неговото издавање било тајно, нередовно и ненумерирано. Во своите спомени Ѓорче Петров истакнува дека тој издал 11 броеви во ограничен тираж и го растурал на помали групи на лица кој се интересирале за македонското револуционерно дело. Весникот бил наменет за македонска емиграција како и бугарскиот народ со цел да се придобијат нивните симпатии кон Организацијата, но весникот бил растуран и во Македонија за да се придобие и македонското население кон револуционерното дело. Од овој весник се сочувани само три броја и врз основа на нив може да се заклучи дека целта на „Бунтовник“ била да се коментира Македонското прашање и да се пропагира револуционерна борба. Најголемиот дел од текстовите се на Ѓорче Петров преку кој тој агитирал за револуционизирање на населението и за кревање на едно можно идно востание. Бугарскиот трговски агент Атанас Шопов од Солун во еден свој извештај до бугарскиот премиер истакнал: Д. Груев... бил училишен инспектор во Солун... негови коресподенти во Софија биле Ѓ. Петров и поранешниот секретар на трговското агентство во Солун, Стаматов, кој работел по негови упатсва. Овој извештај бил испратен во 1898 година кога Ѓорче Петров го издавал „Бунтовник“ и јасно е дека таквата дејност била во согласност на самата Организација. Ѓорче Петров поради својата, покрај другото и издавачка дејност дошол во судир со бугарските oпштествени кругови и затоа Димитар Ризов во јули 1898 година до бугарскиот премиер Констатнин Стоилов инсистирал Ѓорче Петров: да се мавне од Бугарија, каде ги брка со својата подземна и весникарска дејност, и да се испрати во оние пунктови на Турција, каде ќе биде безопасен. ИзвориВанчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски Факултет, Скопје, 2003 |