|
|
КОИ СЕ БУГАРИТЕ И КАКВО ИМ Е ПОТЕКЛОТО? |
КОИ СЕ БУГАРИТЕ И КАКВО ИМ Е ПОТЕКЛОТО? БИДЕЈЌИ БУГАРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДА КРАДАТ ИСТОРИЈА И ДА ГО НЕГИРААТ ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ КАКО НАРОД, ДА ГИ ВИДИМЕ ФАКТИТЕ, КОИ СЕ БУГАРИТЕ И КАКВО ИМ Е ПОТЕКЛОТО? Бугарите се народ кој потекнува од прабугарски турко-татарски племиња, кои од планината Кавказ се доселуваат на Балканот во 7 век, а нивниот водач - татаринот Хан Аспарух е првиот бугарски владетел кој од 679 до 681 година ја основа првата бугарска држава на Балканот, позната како Дунавска Бугарија. Во 7 век Бугарите воопшто не го познавале старословенскиот јазик, туку зборувале на својот прабугарски (татарски) јазик. Бугарите зборувале на прабугарски (татарски) се до 9 век. Врховниот бог на кој му се поклонувале Бугарите бил Тангра, а нивната религија е позната како Тангризам. Тангра бил врховен бог и на Хуните, Монголите и Алтајците. Се до 9 век сите бугарски владетели ја носеле титулата Хан (карактеристична за Татарите и Монголите). Во тие 2-3 века ќе дојде до мешање на Бугарите со античките Тракијци и со неколку словенски племиња кои живееле на територијата на денешна Бугарија. И дури тогаш ( во 9 век) Бугарите ќе го примат христијанството и старословенскиот јазик, ќе почнат да ги менуваат своите татарски лични имиња со словенски. Но тие ќе го задржат своето татарско национално име - Бугари, и татарското знаме (бело-зелено-црвена боја). Истото знаме во иста боја (бело-зелено-црвено) денес е национално знаме на Татарите од Република Татарстан. Првиот бугарски владетел кој ќе го прими христијанството и христијанската титула кнез е Борис Први, дури во 9 век - (864 година). Тоа се фактите. А денес гледаме како Бугарите се обидуваат да ја крадат македонската историја, како се обидуваат да ги претстават Кирил и Методиј како Бугари, и како сакаат да го скријат своето татарско потекло. Најтрагично од се е што Бугарите се обидуваат да го крадат и македонскиот јазик и да го претстават како некаков старобугарски јазик. Доволно е да се погледне нивното татарско име - Бугари, и да се види нивното татарско знаме (бело-зелено-црвено), и станува јасно кои се Бугарите и какво е нивното потекло. Од татарското име, знаме и потекло, за Бугарите бегање нема. Затоа Македонците никогаш не биле и нема да бидат Бугари.
На фотографијата во бугарски музеј, еден Бугарин позира облечен како основачот на Бугарија - татаринот Хан Аспарух, а во позадина му се восхитуваат бившиот бугарски премиер Симеон Саксобурготски и сега покојниот докажан негатор на Македонците Божидар Димитров. |