|
|
ДОЗВОЛА ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ ДА СОБЕРЕ ЧЕТА БОРЦИ И ДА СЕ БОРИ НА СТРАНАТА НА РУСКАТА АРМИЈА ВО РУСКО-ТУРСКАТА ВОЈНА |
ДОЗВОЛА ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ ДА СОБЕРЕ ЧЕТА БОРЦИ И ДА СЕ БОРИ НА СТРАНАТА НА РУСКАТА АРМИЈА ВО РУСКО-ТУРСКАТА ВОЈНА
( 31 август 1877 год.)
“За заштита на татковината од беспоштедните грабителски банди башибозуци и Черкези, Неговото Императоско Величество Врховниот командант му дозволува на Ѓорѓија Пулевски да собере чета јунаци.
Дејствувајќи самостојно, четата треба да ја помни целта за којашто е собрана и во никој случај да не подигнува оружје против мирните жители обезоружени муслимани и христијани.
Четата е должна да им помага на Императорските војски, непрекинато доставувајЌи им податоци за бројот, расположението и движењето на турските војски.
Началник на штабот на Активната армија Генерал -аѓутант Непокојчицки (Артур. А. Непокојчицки
началник на Главниот Штаб на руската армија на Балканот, н.б.)
ЦДИА-Софија, ф: 708, оп.1, ае 397, л. 8;
Б. Ристовски, Портрети и процеси..., И, стр. 259; |