|
|
ТУШЕ ДЕЛИИВАНОВ, ДРУГАР НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: ТРЕБА ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКАТА СВЕСТ КАЈ СИТЕ МАКЕДОНЦИ - 1936 г. |
Петар Делииванов - Туше бил македонски револуционер од Кукуш, соборец и другар на Гоце Делчев и еден од неговите најблиски соработници во ВМРО. Во негова статија објавена во весникот „Македонски вести”, тој говори за фактот дека македонската свест постои и треба да се зачува. Делииванов смета дека единствениот начин да се реши македонското прашање е создавање самостојна и независна држава Македонија. Најбитниот дел од статијата гласи: „...Засега положбата е безнадежна. Меѓутоа, колку и да е мрачна таа денес, промени сепак ќе настанат... Еве што треба, без да очајуваме, да очекуваме од развојот на работите, поставувајќи си должност да ги насочиме усилбите и дејноста кон помагање и зачувување на македонската свест кај сите Македонци, каде и да се наоѓаат тие, а да ги одбегнуваме сите пречки што ја отежнуваат нашата положба. Сметам дека, од кажаното овде, се сфаќа оти јас го претполагам решавањето на македонското прашање во неговата целина, и тоа во смисла на создавање од Македонија на една независна, самостојна државна единица, којашто ќе ги прекине сите расправии и непријатности меѓу балканските држави, за да настапи најпосле мир и мирно битисување на тој несреќен полуостров.” ИЗВОР: „Македонски вести”, 24 јуни 1936 г., бр. 59, стр. 1. Сѐ ова докажува дека и Делииванов и Гоце Делчев и сите други вистински македонски национал-патриоти имале еден ист идеал - Македонска Држава и утврдена македонска нација. Тоа значи борба против грчкиот, српскиот, но и против бугарскиот шовинизам. |