Македонскиот народ во својата борба за национално ослободување и обединување на неговата распарчена од балканските империјалисти татковина даде уште една скапа жртва. Ноќта меѓу 31 јули и 1 август 1974 г. во Минхен на ѕверски начин беше убиен од досега неоткриени убијци организациониот секретар на Централниот Комитет на Движењето за ослободување на Македонија Благој Шамбевски. Пред олтарот на македонската националноослободителна револуција која трае скоро цел еден век, падна уште еден револуционерен великан. Во Македонскиот Пантеон на бессмртните предводници на македонската славна револуционерна епопеа влезе уште еден верен и заслужен син на македонската нација. Местото на паднатиот Шамбевски во овој Македонски Пантеон се наоѓа меѓу најзаслужените и најславните македонски револуционери, како што се Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Сандански, Карев и други. Смртта на Благој Шамбевски, или на Шамбета, како го викавме интимно ние неговите другари е голема загуба за македонската ослободителна кауза, и посебно за ДООМ, зошто тој беше еден од најзаслужените вдахновители, организатори и предводници на современата илинденска борба на македонскиот народ за ослободување и обединување и еден од најстабилните столбови на ДООМ.
Ова нешто убаво го знаеа организаторите на неговото убиство, затоа тие посегнаа на неговиот живот, надевајќи се со ова крваво злосторништво дека ќе нанесат смртен удар на ДООМ. Но него¬вите убијци било од која злосторничка антимакедонска централа да се, тие се лажат ако мислат дека со неговото убиство го имаат ликвидирано Движењето на чие чело стоеше Шамбевски. Борбата продолжува и бојните другари на Шамбевски ќе го одмаздат својот паднат соборец.
Шамбевски не беше нова и случајна личност во современата македонска револуционерна борба. Зад себе тој имаше славно револуционерно минато од цели три децении. Уште за времето на својот живот тој за многумина македонски патриоти, и особено за новите македонски борбени генерации беше станал жива револуционерна легенда. Во 1946 година тој е еден од главните организатори во Битола на организацијата ВМРО-Возобновена, чија цел е да ја продолжи борбата на некогашната гоцеделчевска централистичка ВМРО за самостојна и обединета целокупна Македонија. Во тоа време Шамбевски беше еден од оние будни македонски младинци кои веднаш по Втората светска војна согледаа јасно дека македонскиот народ е измамен во неговите надежи и стремежи за национална самостојност и обединување од страна на Титовата антимакедонска Југославија и нејзините лакеи и слугерани во Македонската Република, србоманските кметови како Колишевски, Смилевски, Апостоловски, Гигов, Минчев, Арсов и други македонски изроди.
Во оваа клика од белградски марионетки во Македонската Република, Шамбевски гледаше нови врховисти, нови предавници на животните интереси на македонскиот народ и на илинденскиот идеал, па затоа тој организира нова народна борба против угнетувачите и предавниците на Македонија. Во оваа нова македонска револуционерна борба заснована на илинденскиот идеал на македонскиот народ. Шамбевски беше бестрашен и неуморен. Таков си октанува и кога паѓа во рацете на титовата крвничка полиција. Титовите крвници жестоко го мачат, го подложуваат на најѕверски тортури, но се што им признава е тоа дека тој се борел свесно за вистинско ослободување на Македонија и за нејзино обединување. Пресудата против него гласи: „Петнаест години строг затвор за „антинародна" и антидржавна дејност“. Борецот Шамбевски тогаш стиснува заби по примерот на другите бессмртни револуционери во македонското револуционерно движење и со достоинство и нескршен дух ја поднесува голготата на долгогодишниот робијашки живот. Со својот висок револуционерен морал тој пркоси на новите врховистички предавници, кои за да го скршат неговиот челичен револуционерен дух го држат цели осум години во Идризово во строга изолација по влажни и мрачни карцери. Но и ова долгогодишно мачење кое му го расклати здравјето не го скрши неговиот челичен револуционерен дух. Со таков челичен илинденски дух нашиот Шамбе дојде и во емиграција во 1962 година и тој дух им го пренесе на стотици и илјадници Македоници во странство. Во Западна Германија каде што живеше, и во сите други западноевропски земји, како и во прекуокеанските, неуморниот Шамбевски стана проповедник на македонската илинденска идеја, нов апостол на македонската револуција и способен организатор. Неговите заслуги за изградување на ДООМ како солидно и вистинско национално револуционерно движење се извонредно големи, но тој има уште поголеми заслуги и за дејноста на ДООМ внатре во сите три зони на распарчена Македонија. Шамбевски беше организатор на бројни патриотски акции извршени внатре во Македонија, тој има и своја заслуга за изградување на внатрешна мрежа на ДООМ. Затоа, тој беше трн во очите на Титовите наемници во таканаречената „Социјалистичка“ Република Македонија, кои отворено со писма испраќани директно од Македонија или преку телефон му се закануваа со убиство. Шамбевски не знаеше за страв, тој не се исплаши од тие заканувања. Кога ние неговите бојни другари му обрнувавме внимание да биде внимателен за својот живот, тој ни одговараше: „Нека се закануваат пцетата ако си немаат друга работа! За мене ќе биде чест да загинам за Македонија, како што загина мојот другар Методи Коларов во 1947 година кого што новите врховисти на нашиот процес го осудија на смрт и го стрелаа во битолскиот затвор. Не сакам да умрам како баба во постела ...“
Шамбевски е роден во 1921 година во село Долно Орпци, Битолска околија. Произлегува од старо и големо патриотско семејство, кое на македонската револуција има дадено повеќе борци. Остави во Минхен ожалостена супруга Зора и деветгодишен син Роберт, а во Битола ќерка Трајана, зет Ѓорѓи и две внучиња.
Шамбе беше вистински патриот, неговото срце пукаше од бол кога гледаше и слушаше неправди и страдања што ги поднесува неговиот народ. За него секој Македонец и Македонка беа негов роден брат и сестра. Помагаше со се што можеше на сите Македонци кои се обраќаа до него или ги сретнеше во невоља на пат. Имаше широко македонско срце, неговиот дом во Минхен секојдневно широко беше отворен за Македонци во невоља, гладните ги нахрануваше, бездомните ги оставаше да спијат кај него, на безработните им помагаше да најдат работа.
Шамбета го нема повеќе на македонскиот револуционерен фронт, но неговите убијци залудно ликуваат, зошто тој ќе им се одмазди мртов од гробот. Шамбевски беше учител во едно револуционерно училиште, тој воспита и оформи за револуционерна дејност десетици и стотици млади македонски патриоти кои ќе го продолжат неговото револуционерно дело. Шамбевски мислеше навреме за изградување и подмладување на раководниот и борбениот кадар на ДООМ, тој постојано зборуваше на неговите другари во Централниот Комитет на ДООМ „Ние ќе бидеме лоши револуционери ако навреме не си оформиме револуционерно и организационо млади луѓе, кои при нашето исчезнување од овој свет, или ако ни се случи нешто друго, требе да ја продолжат нашата народна работа“. Почивај спокојно боен другар!, твојата борба продолжува, има кој да те наследи на кормилото на македонската илинденска револуција. Да те наследи и да те одмазди. Нема да оставиме славното илинденско знаме кое ти го држеше така често, и кое така виооко го развеваше, да падие во нечесни раце, да биде свиткано. Него ќе го развиеме наскоро во страдалната македонска земја. Македонската револуција во чиј пламен ти изгоре продолжува кон својот победоносен крај.
НЕКА ТИ БИДЕ ВЕЧНА ПАМЕТ !
Драган Богдановски
Величенствена сохрана на паднатиот борец
Сохраната на паднатиот од злосторнички и криминални раце големиот борец за остворување на илинденскиот идеал на македонскиот народ, организациониот секретар на Централниот Комитет на ДООМ, Благој Шамбевски се направи на 6 август по пладне во гробиштата Нордфридхоф во Минхен. Неговото ожалостено семејство неговите борбени другари од ДООМ и бројни пријатели, вложија се од себе да му приредат на паднатиот борец величенствена сохрана. На 6 август во 14 часот капелата на гробиштата во која беше изложен ковчегот со телото на паднатиот борец беше полна од соборци, пријатели и роднини на покојникот. При немање на македонски православен свештеник во Германија, по решението на Централниот Комитет на ДООМ, погребниот обред го направи ректорот на Хрватската католичка мисија во Германија, отец Д-р Доминик Шушњар, долгогодишен личен цријател на покојникот. Отец Шушњар во Божјата служба за покојникот беше помаган од уште двајца хрватски свештеници. По отслужувањето на Божјата служба за покој на душата на македонскот борец и маченик, отец Шушњар се прости од покојникот со кус говор, во кој меѓу другото рече: „Браќа и сестри христијани! "Ожалостено семејетво и соборци на нашиот напрежалив Благој Шамбевски. Денес нашите срца се кинат од болка и жал, зошто кажуваме полследно збогум на еден вистински христијанин, на еден извонредно чесен човек, примерен татко и сопруг, одличен другар и пријател, како што ние сите го познававме нашиот Благој Шамбевски. Божјо провидение и воља била да отиде во вечен покој кога уште му беше потребен на своето семејство и на својот македонски народ, за чие што добро тој работеше и страдаше целиот свој живот, но Благој се пресели од овој привремен во Вечниот Свет со чиста христијанска душа и како маченик за својот македонски народ, кој никогаш нема да го заборави, а ќе го слави за вечни времиња како еден од своите најголеми синови. Сите знаеме дека Благој Шамбевски својот честит живот го беше посветил на праведната македонска ослободителна кауза. Како што Божјиот Син страдаше за спас на човештвото, така и Благој страдаше за спас на својот поробен и распарчен македонски народ. Како Христос што беше маченик на Голгота, така и Шамбевски беше маченик на Македонската Голгота. Непријателите на неговиот македонски народ и на човечката слобода го мачеа и држеа долги години на робија, но тој никогаш не изгуби верба во правдата и во слободарскиот дух на својот македонски народ. За правда и за ослободување на својот македонски народ Благој работеше до последниот свој здив, до последниот удар на неговото правдољубиво и слободарско македонско срце. Нека му е вечна памет“!
После словото на отец Шушњар четворица членови на Централниот Комитет на ДООМ го изнесоа на раце ковчегот со телото на паднатиот македонски револуционер и долга поворка се упати кон гробот во гробиштата. Најнапред, пред поворката, соборецот на Шамбевски, Ване Симитчиев, носеше железен крст, кој привремено, додека не биде изграден споменик, ќе стои на гробот на паднатиот голем син на ропска Македонија. По ковчегот бојни другари на паднатиот борец носеа многубројни венци од роднини, пријатели и од организациите на ДООМ и МНОД, меѓу кои на челно место беше венецот од ЦК на ДООМ, на кој со златни букви беше напишано: „ЦК на ДООМ на својот водач и славен син на Илинденска Македонија Благој Шамбевски“. Откако ковчегот беше спуштен во гробот, од името на Движењето за ослободување и обединување на Македонија од Благој Шамбевски се опрости Радомир Коеоваки, кој меѓу другото рече:
„Драги Благој! Ние твоите соборци од редовите на Движењето за ослободување и обединување на Македонија се поклонуваме пред твоето тело над отворениот гроб и ти се колнеме дека ќе ја продолжиме светата илинденска борба во која ти падна како голема и скапа жртва. Ти се колнеме драги Благој дека ќе останеме верни на идеалот за кој што ти беше осуден 15 години робија, за кој живееше, страдаше и се бореше целиот твој живот. Ти беше не само наш соборец, туку и револуционерен учител и предводник, ние ти должиме многу и ќе те носиме во нашите срца и мисли се додека сме живи. Твојот светол лик на чесен македонски патриот ќе го пренесеме и на идните македонски генерации. Илинденската борба драги Благој продолжува, твојата смрт драги Благој е голема загуба за илинденската борба, но Македонија и друг пат давала вакви скапи жртви, но не паѓала на колена пред убијците. Илинденска борба ќе продолжи и по твојата маченичка смрт, биди уверен во тоа драги наш македонски брате! Твоето име е испишано со златни букви во историјата на македонското национално ослободително и обединително движење. Твоето место е во Пантеонот на македонските револуционерни великани и кога ти драги Благој, се сретнеш во Македонскиот Пантеон со Гоцета, Дамета, Перета, Јанета, Карева и со други македонски револуционерни великани, пренеси им ја драги Благој, нашата порака дека Илинденската Револуција продолжува, дека таа не е мртва ни затлеана, дека иљадници и милиони македонски срца чукаат за неа. Кажи им дека Илинден е вечно жив и ќе победи...
Ти падна Благој за Македонија, твојата смрт е голема загуба за (Македонија, твојата смрт е голема загуба за македонското ослободително и обединително движење, специјално за ДООМ, но ние не плачеме над твојот гроб иако нашите срца се кинат од бол и жал. Ние не плачеме, затоа што сме вистикски револуционери, затоа што ти не не учеше за леење на солзи, туку за револуционерна издржливост, за машкост и борбеност. Ние најдобро ќе ти се одолжиме, најдобро ќе го чуствуваме твојот светол лик со уште позасилена работа на македонскиот национален ослободителен и обединителен фронт. Почивај спокојно наш боен другар, нека ти е лесна туѓинската земја во која ќе почиваш, но ќе дојде ден кога благодарниот македонски народ твоите мошти ќе ги пренесе во ослободена и обединета Македонија. Нека ти е вечна слава!“
По извршениот погреб присатните се собраа во еден ресторант недалеку од гробиштата каде по македонскиот обичај во чест на паднатиот борец беше приредена трпеза за Бог да прости. Редакцијата на „Македонска Нација“ сожалува што не може да објави слики од сохраната, таа не сака убијците на Шамбевски да видат кои се патриоти кажале последно збугум на големиот син на македонскиот народ. П.Т.
Убијците на Шамбевски внапред се легитимираа
Благој Шамбевски беше убиен ноќта меѓу 31 јули и 1 август на, работнота место во хотелот „Ројал“ во Минхен каде тој работеше како ноќен портир. Крвавото злосторништво беше откриено во 6 часот на 1 август од девојката, собарка што ги мести собите. Рецепцијата на хотелот се наоѓа на првиот кат, а влезните врати долу,на улицата секое утро биле до 6 часот заклучени. Тоа утро како и секое друго, девојката ѕвонела на електричното ѕвоно Шамбевски да и отвори, но овој пат вратата не се отварала. Тогаш таа ја поттурнала и се зачудила кога видела дека вратата стоела отворена. Качувајќи се на катот таа не го нашла Шамбевски на неговото место во приемниот салон, нешто што уште повеќе ја зачудило и таа тргнала да го бара од кат на кат во хотелот. Откако ги изминала сите катови без да го најде, нејзиното внимание се сопрело на една соба на чија врата стоел клуч. Тогаш таа чукнала на вратата но откако не добила одговор, се обидела да ја отвори, но клучот бил завртен вратата била затворена. Кога отклучила и влегла внатре таа стрепнала од ужас Шамбевски лежел во собата,на кревет со главата и други делови од телото облиени во крв. Девојката веднаш телефонирала на сопственикот на хотелот, кој од своја страна веднаш алармирал на полицијата. По кажувањето на девојката, а и според други сведоци кои подоцна имаа прилика да го видат телото на Шамбевски, главата одзади му била разбиена со некој тврд, веројатно железен предмет. Досега ништо не се знае за начинот на кој убистиото било извршено. Најверојатно е дека убиецот или убијците дошле ноќта како лажни клиенти да бараат соба за ноќевање и кога Шамбевски ги повел да им ја покаже собата тие го удриле со чекан или накој друг тврд предмет по главата. За скандалозното држење на полициската иследничка комисија која беше формирана ќе пишуваме во друга прилика.
Сега ќе кажеме само тоа што полицијата настојувала да спречи секаков публицитет на ова убиство, како со ова нешто да сакаше да напрви услуга на злосторничката политичка полиција на една балканска држава која на територијата на Сојузна Република Германија досега неказнето изби голем број непријатели на тиранскиот режим што царува во таа криминална балканска држава. Само во градот Минхен досега беа убиени четворица хрватски политички првенци и тројца српски. Во серијата на овие политички убиства во Минхен, Благој Шамбевски е осма жртва. Само три недели пред убиството на Шамбевски, (во Минхен беше убиен во многу слични околности водачот на српската емиграција во Германија Јаков Љотиќ, кој беше најден во својот стан задавен со својата сопствена кравата. Љотиќ беше стар 80 години. Политичките непријатели на Титовиот социјалфашистички режим било тие да се Хрвати, Срби или Македоици, не оверуваат во „неапособната“ на германската полиција кога е во прашање откривање на убијци и други криминални елементи, а веруваат во една толеранција или поточно речено во едно замолчување на германоките истражни органи пред дејноста на југословенската бандитска удба на територијата на Сојузна Република Германија. Со ова свое замижување пред крволочната дејноет на удба, германската полиција, а со неа и владата во Бон, ја окуражуваат и олеснуваат крволочната дејност на удба во Германија. Колку беше скаидалозно и гнасно држењето на германската полиција во случајот на Шамбевски се гледа и од фактот што таа просто го открадна телото на Шамбавски и цели пет дена не даде никој од неговата фамилија, или пријатели да го видат. По сите правила на едно демократско законодавство, полицијата требаше да ја повика барем жена му на Шамбевски да дојде на местото на убиството.
Но ако германската полиција по една или друга причина сака да помине молкум преку убиството на големиот македонски патриот, за нас македонските патриоти од Движењето за ослободување и обединување на Македонија нема никакво сомнение дека убијството на Шамбевски е организирано и извршено од злогланата Титова удба која сега носи име Служба за државната безбедноет. Удбашките зликовци директно од Македонија и надвор од странство повеќе пати му се закануваа на Шамбевски дека ќе го убијат ако не престане со својата политичка дејност. Така на пример, оваа пролет кога во „Македонска Нација“ се појави статија за петмината студентм од Струмица, која пред македоискиот народ, и посебно пред младата македонска генарација, го обнови споменот за гнасното убиство на петмината млади синови на Илинденека Македонија, извршено во 1951 година на најѕверски начин од, злоглансната удба, Шамбевски доби повеќе заканувачки писма во кои удбашите му се закануваа дека наскоро ќе го убијат. Во едно вакво пиомо испратено од Скопје а потпишано со „Чествн македоноки патриот“ се вели:
„Бандиту Шамбевски! Ти и твојот чауш Богдановски сте гадови и предавници на македонскиот народ а не патриоти. На лукав начин, а за гнасни цели кои служат само на вашите господари што ве плаќаат, вие го исокристувате убиството на петмината ванчомихаловисти и врховисти од Струмица за да ловите риби во матна вода. За ликвидираните од народната правда пет бугарашки и буржоаски копилиња Македонија не плаче и нема зошто да тажи, зошто ако тие не беа навреме ликвидирани, сега ќе беа исти бандити какви што сте вие околу вашата гнасна пачавра „Македонска Нација". Но знајте гадови, нашите раце се долги, тие ќе ве најдат каде и да се наоѓате. Вашите дни се одброени, и вие наскоро ќе завршите под анџар како што завршија петмината за кои што сега пишувате“.
Во текот на јули месец Централниот Комитет на ДООМ го упати до македоиокиот народ својот Илинденски проглас. Неколку стотини примероци од овој проглас беа испратени од странство преку пошта на адреси и во југословенскиот дел на Македонија. Други неколку стотини егземплери беа распространети внатре на самиот терен во СРМ. По растурањето на овој проглас, Шамбевски како и Богдановоти, добија директно од Македонија повеќе заканувачки писма. Овие удбашки писма дојдоа од сите краишта на СРМ, а нивните автори удбашите, ги диктирале или саморачно ги напишале да изгледаат како „народен гнев“ против патриотската дејност на ДООМ. Сите овие писма или отворени картички немаат адреса кој ги праќа, на некои од нив ни југословенските поштенски марки не се поништени, така да не се знае ни од кое место доаѓаат, ни на која дата се испратени. Во сите овие писма удбашите се закануваат со убиство на Шамбевски и Богдановски. Јазикот во нив е простачки и вулгарен, што дава јасна слика за „културното“ ниво на удбашкиот џган. Тоа де¬ка овие простачки заканувачки писма доаѓаат само од професионални удбаши потврдува овој факт на Илинденскиот проглас распространет во СРМ не стоеше (никаква адреса, а сите зака¬нувачки писма дојдоа на домашната адреса на Шамбевски во Минхен. „Разгневените“ читатели на Прогласот не можеле да бидат други освен професионални удбаши кои ја знаеле домашната адреса на Шамбевски.
Редакцијата на „Македонска Нација“ одбра три од овие заканувачки писма, три картички, и ги објавува во факсимил за македонската општественост. За појасно разбирање на овие уд¬башки заканувања картичките ги одбележуваме 100: ДОКУМЕНТ БРОЈ 1, 2 и 3. Текстот на каритичките го објавуваме и печатно, но тој може да се чита и во својот оритинал пренесен факсимилно.
Во ДОКУМЕНТ БРОЈ 1: (картичка испратена од Битола на 19 јули 1974 година) пишува: „Гаду Благоја „Ова што го добивме од тебе сега кога ја славиме годишнината од нашата слободна Македонска Република на ништо не ни личи, но само на работи што можат да ги прават умноболни луѓе, шизофреничари, предавници на својот народ, и непријатели на со векови измачуваниот макед. народ кој денес се гордее со својата сло¬бодна Република Македонија. Мисли што работиш зашто за тебе нема долг век.
Миле“. Во ДОКУМЕНТ БРОЈ 2: (картичкај испратена од Битола на 19 јули 1974 година) пишува: „Ти магариште Благоја, „Ова што го чиниш со поголемето од тебе магаре Богдановски, и другите безделници околу вас знаете дека е неопростиво издајство и срам за нашиот македонски народ. Зар вие имате нешто човечко. Вие сте биле и сте арамии, пљачкаши, лажговци, скитници и што не друго само не луѓе. Јас сум борец на Демократската армија. Знам каква е борбата, знам зошто сум се борел и како денес живеам во слободна Македонија. Ако ми паднете со заби ќе ве изгризам, издајници ниједни. За вас место е само затво рот и линчувањето!
Гоце“. Во ДОКУМЕНТ БРОЈ 3: (картичка без поништени марки и без секаков печат) пишува: „Слушај, ти прасе пољањско! „Такви продадени души, меѓу нас македонците, можат на прсти да се избројат, каков што си ти и твојот Бандит Драган. Со ова, мислам јас дека ти давам најубав одговор на твоето писмо, иако ти не заслужуваш, оти си толку мизерен и расипан, неможеш од моја рака да добиеш писмо. Со тебе, јас ќе се расчистам само со анџар и тоа знај за скоро време. Само така можам да те позравам за Илинден.
Аљабаковски“. Убијците удбаши денес можат да ликуваат дека направиле перфектно убиство бидејќи раката на законот не може да ги достигне по проста причина што тие се бандити убијци во служба на еден бандитски режим и една криминална држава, но тие се лажат ако мислат дека македонскиот народ нема да научи еден ден кој и зошто го убил неговиот верен син Шамбевеки. Македонакиот народ ќе ја научи вистината за убиството на Шамбевски и ќе ги осуди убијците, како што ги осудувал дссега и сите други убиства на чесните македонски патриоти и револуционери.
|