Среда, 27 Декември 2023   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „ Зар дојдовме дотаму што Македонија си ги јаде своите синови кои се борат за нејзината слобода?! “ (11)

1Dra3

По првичните испитувања во тајниот затвор на СДБ, агентите незадоволни од одговорите од најпознатиот македонски дисидент, започнале со мачење. Драган Богдановски бил однесен во ќелијата бр 2 во која имало опрема за мачење. Откако бил соблечен само по гаќи и маица, започнало крвничко тепање, кое траело се додека Богдановски не се онесвестил. Видно разочаран од своите сонародниви кои безмилосно го тепале и „татковината која ги јаде своите синови“ Богдановски за голготата низ која минувал во својот дневник ќе напише:

„Ме пробуди ладната вода што ми ја истурија врз главата. Ги гледав ѕверските лица на удбашките началници како душмански ме гледаат. Милиционерите ми врзуваа синџири околу глуждовите на рацете потоа ме кренаа на раце, ме донесоа до дрвениот столб, ја завртеа рачката на механизмот и јас виснав во воздухот обесен на алките за столбот за мачењето. Испружен на синџирот со сета моја тежина и со боловите од тепањето по стапалата ми се чинеше дека моето тело пукна на илјадници парчиња...

- Ќе зборуваш, ќе зборуваш, мамето твое фашистичко! – рече Илиевски и ми ги повлече долните гаќи и ги фрли на подот во келијата. Потоа со обете раце ме фати за тестисите, ги стегна колку што можеше и со сета своја тежина се обеси на нив. Крикнав од болка и паднав во некое бунило на полусвест...Таглењето на тестисите со повтори неколку пати, но кога видоа дека сум истоштен до умирачка а не признавам, удбашките началници им наредија на милиционерите да ме сметат од столбот за мачењето, да ме одведат во мојата келија и пред да ме легнат во креветот да ме избањат под тушот во мојата келија.

Се сеќавам дека топлата вода пријатно дејствуваше врз моите разранети од тепањето нозе, но потоа веднаш заспав на креветот бидејќи бев физички истоштен. Спиев некој тежок сон, но во бунило, од време на време боловите во нозете ме будеа и тоа ми напомнуваше што се има случено со мене. Утредента кога милиционерите ме пробудија за појадок, устата ми беше испукана за вода, се напив само од чајот, јадењето не го ни чепнав.

Лежев грбечки на креветот и се виткав од болките во нозете и тестисите. Нозете ми беа отекле до колената а тестисите се беа надуле како некои балони, гаќите ми беа од нив напнати и ми се причинуваа големи болки... Незнам што повеќе болеше: дали физичкиот бол од измрцвареното тело или од психичкиот бол во душата, кој доаѓаше од сознавањето дека сум тепан од мои македонски браќа, иако тие мои браќа се изроди од мојата македонска нација. Тешко го поднесував фактот што бев злосторнички тортуриран од Македонци во една република кои некои се осмелуваат да ја наречат македонска национална држава. Зар дојдовме дотаму што Македонија си ги јаде своите синови кои се борат за нејзината слобода?! – се прашував. Но очајот го победив во моментот кога погледнав назад во трагичната македонска историја – вистинските борци за македонската слобода биле маченици и херои, дека тие издржувале слични тортури или умирале под нив без да отворат уста пред непријателот. Си реков на себе: “Драгане македонската трагична историја ти доделила сега на тебе да го носиш крстот на македонската Голгота, носи го маченички и храбро умри за Македонија!...“. При оваа мисла ги победив ужасните физички и психички болки, се видов голем во Пантеонот на македонските бессмртници. Удбашките злосторници моите мачители ми се видоа гнасни изроди, морални пигмеји, туѓински наемници, еднакви со српските џандари, бугарските полицајци и грчките андарти, кои од синовите на Македонија пиеле крв. Бев готов на удбашите да им плукнам во лицата, во првата прилика кога се најдат пред мене.

Таа прилика дојде околу десет часот. Милиционерите ме одврзаа од синџирите и ми рекоа да станам ќе одиме горе кај иследниците. Но штом станав и штом го направив првиот чекор се струпулив, паднав. Стапалата ме болеа небаре газев на сечива од секири. Двајцата милиционери ме фатија под мишки и практички ме однесоа горе во ловџиската соба. Ме седнаа на столица спротивно моите два џелата...

- Ние имаме конкретни докази и живи сведоци кои пред судот можат да посведочат дека ти си работел за Француската полиција рече Никола Илиевски – се сеќаваш ли на твојот пријател Џелал од Крушево, тој заради тебе беше осуден шест години затвор кои ги одлежа во Идризово. Тој е жив, живее во Крушево. Се сеќаваш ли на југословенскиот генерален конзул Милуновиќ кого ти во Париз во 1958 година го предаде на француската полиција и Французите го прогласија за персона нонграта, му дадоа 48 часа време да ја напушти Франција. Милуновиќ беше наш човек, ти му ја упропасти кариерата.

- Се сеќавам и на двајцата, како да не се сеќавам, но тоа не е никаков доказ дека сум работел за француската полиција, - одговорив. Вие удбашите од Скопје во 1958 година ми го имавте испратено во Париз Џелал да ме шпионира, бидејќи знаевте дека тој некогаш во Македонија беше мој пријател. Во Париз тој дојде божем да учи француски јазик во училиштето Алијанс Франс, а всушност вие го бевте испратиле да ме шпионира. Но тој излезе чесен човек, заради мојот другарски однос кон него, една вечер тој се напи малку повеќе и почна да плачи и низ плачење ми кажа дека се срами од себе си, зашто гледа каков другар сум, а тој бил испратен од вас да се дружи со мене, и да дава извештаи на југословенскиот конзул во Париз Милуновиќ, со кого се сретнувал тајно секогаш на различно место во Париз. Тој ми кажа дека Милуновиќ му дал и специјален фото апарат со специјална електрична светилка да ги слика писмата што ги добивав. Кога ми го кажа тоа, го прашав дали сака утредента да појдеме заедно во префектурата на полицијата и тоа што ми го кажа на мене да и го каже на француската полиција. Се двоумеше, но кога му реков дека може да добие политички азил во Франција се согласи. Утредента појдовме во полицијата, се јавивме на шалтерот за информации. Службеничката што не сослуша телефонираше некаде, по десетина минути дојдоа два цивилни агенти и не одведоа на петтиот или на шестиот кат на префектурата. Таму во една канцеларија Џелал им ја кажа задачата по кој дошол во Франција. Агентите ми заблагодарија што сум го довел Џелал и ми рекоа да си ја гледам работата. каква полициска стапица му направиле тие на конзулот-шпион разбрав два-три месеци подоцна кога конзулот беше испаден од Франција. Со помошта на некој бугарски емигрант француските полицајци фабрикувале писмо од “Ванчо Михајлов“ до мене, ги пресликување и му ги давале на Турчето Џелал да му ги носи на средбата со југословенскиот конзул. Така еднаш на плоштадот Трокадеро, кога Џелал му го предаваше писмо со лажните писма од “Ванчо Михајлов“ на конзулот, цивилни агенти ги опколиле двајцата и им побарале лични документи. Конзулот бил фатен на дело каде му предава плико со пари на Џелала, бил фатен и материјалот од “Ванчо Михајлов“, тоа било достатни докази конзулот да биде прогласен за персона нонграта и да биде испаден од Франција. Џелал после овој случај добил политички азил во Франција, како е дошол во Југославија и како сте го фатиле тоа не ми е познато.

- Го фативме во Љубљана, беше дошол со лажен италијански пасош. – рече Илиевски. – Но тој ни кажува друго. Тој те видел многу пати во друштво со цивилни полицајци од Ренсењеман женерото видел и како земаш пари од полицајците и дека во префектурата влегуваш слободно како да си службеник на полицијата.

- Ништо од тоа не е вистина. Може би лажел да си ја олесни својата положба – реков.

... Силната бучава од полицискиот хеликоптер кој се спушташе на рудината пред куќата го прекина нашиот разговор. Низ прозорецот видов како од хеликоптерот слегнаа Тошо Шкатров и еден за мене непознат цивил, кој во рацете носеше голема кожна чанта, и пилотот. Само неколку минути потоа во “ловџиската соба“ влегоа Тошо Шкатров и со него за мене непознатиот човек, кој потоа се покажа дека бил лекар на Секретаријатот на внатрешните работи на Македонија и соучесник во тортурите што ги правеле удбашите, зашто тој им кажувал на удбашите торционери до која граница можат да ја притиснат т.е. колкави тортури може да издржи жртвата... Името на овој лекар никогаш не го дознав, а името на препаратот “серум на вистината“ сега сум го заборавил, но се сеќавам дека тоа беше црвенкаста течност.

Како што очекував, во “ловџиската соба“ влегоа Шкатров и непознатиот човек. Удбашите се поздравија со стискање на раце, потоа Шкатров провокативно ми се испули во лицето и ми рече:

- Ќотекот велат старите дека излегол од рајот, дека и тој е божји изум... Ние враќаме само мило за драго... сега ти ќе го јадеш ќотекот... Единствениот начин кој ќе те спаси од ќотекот е да признаеш се.

- Ви стојам на располагање, убијте ме, но јас нема да признаам она што никогаш не сум бил...“

(продокжува)

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.