Среда, 14 Февруари 2024   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Шкатров ми ја стави цевката од пиштолот на челото“ (18)

1XL5

Драган Богдановски со хеликоптер бил доведен од тајниот затвор на Удба во Скопје, во канцеларијата на тогаш најглавниот шеф на УДБА за Македонија Тошо Шкартов. Додека бил во канцеларијата иследниците се обиделе да го испијанат за да добиат повеќе информации за престојната конгресот на ДООМ. Иако алкохолот лесно го совладал неговиот истоштен организам, сепак не бил пијан, но јазикот како што вели Богдановски, му бил премногу “одврзан“ и самиот чувствувал дека е полу пијан. Во својот дневник Богдановски за испрашувањето во канцеларијата на шефот на УДБА пишува:

„Моите иследници веројатно имале цел да ме поднапијат и кога видоа дека во тоа успеале, Шкатров рече: “Знаеш ли дека твоите другари што се собрани за конгресот сите тебе сега те знаат дека се наоѓаш интерниран на островото Сан Ре во Нормандија во Франција. Ние ги доведовме до таа заблуда, им пишавме писмо од твое име и го имитиравме твојот потпис. Им пишавме дека француската полиција те интернирала на островото поради немање на паспорт т.е. за илегален боравок во Франција и поради тоа не можеш да дојдеш на конгресот. Знаејќи те дека навистина немаш пасош, тие многу лесно поверуваа во нашата махинација. Сега ќе ѕвониме кај Исаковски во Бремен и ти ќе размениш неколку зборови со Исаковски и со делегатите од Австралија. Прашај ги што ќе стане со конгресот, и кажи им дека не можеш да дојдеш на конгресот, зашто не можеш да побегнеш од интернацијата. – Во тој момент Шкатров од фиоката извади револвер, на чија цевка беше натакнат пригушувач....

- Ќе го завртиме бројот на Исаковски и ти ќе зборуваш, како што ти кажавме, но само ако се обидеш да кажеш дека се наоѓаш во рацете на УДБА, јас ќе те застрелам и ништо нема да се слушне во Бремен.

Телефонскиот апарат го ставија на масата пред мене. Шкатров ми ја стави цевката од пиштолот на челото, а Илиевски го вртеше бројачникот на телефонот. Врската со Бремен автоматски беше воспоставена, и слушалката ми беше ставена на увото.

Од другата страна на жицата се јави познатиот на мене глас на Исаковски. Повеќе од љубопитство, колку од страв, а може би и само благодарение на дејството на алкохолот, реков: “Здраво Јоване, што правиш, тука Драган“.

Понатаму дијалогот вака течеше:

Исаковски: од кај се јавуваш?

Јас: од Нормандија, од Франција.

Исаковски: Ќе дојдеш ли за Конгресот?

Јас: Многу жалам, ама не можам да дојдам. Ви пожелувам успех во работата и остварете го она што јас го имав планирано во конгресните документи.

Исаковски: Да не си болен, гласот ти е некако многу изменет, ми се чини дека не е твојот глас?

Јас: Нешто сум настинат.

Исаковски: Сега насред лето!

Јас: Дај ми го Шариновски и другарите од Австралија да разменам збор со нив.

Исаковски: Еве ти го Шариновски.

Шариновски: Здраво живо, како си?

Јас: Како можам да бидам добро кога не сум во состојба да дојдам на конгресот. Мојата желба лично да се запознам со тебе, со Ристета и Донета Димов пропадна во вода.

Шариновски: Ние мораме да се видиме макар и после Конгресот.

Јас: Тоа ќе биде многу тешко, но јас ти го предавам ДООМ во рацете и мислам дека не грешам. Поздрави ги сите другари на конгресот.

Во таа смисла изменив и неколку зборови со Ристевски и Димов. Ристевски ми се тажеше дека авионската компанија им ги изгубила куферите на патот од Перт до Париз. Погрешно ги испратила на некој на некој друг авион и во некој друг правец.

Наеднаш Илиевски ми го прекина разговорот, плашејќи се да не кажам нешто што би го открило моето заточение во УДБА на Македонија. Шкатров си го прибра пиштолот.

Колку што се срамував од моето учество во ова нова удбашка махинација толку се радував што конгресот на ДООМ ќе се одржи.

По лицата на удбашите се гледаше дека беа задоволни од начинот и од излезот на разговорот со Бремен.

- Сега заслужуваш еден добар ручек во најдобриот ресторант во Скопје, но се плашиме некој

да не те препознае – рече Шкатров. Затоа, ти Митко скокни до некоја ќебапчилница и за нашиот гост донеси 20 ќебапи. Освен тоа купи леб, пиперки и патлиџани, пиење имаме тука. Нека руча тука во канцеларијава, па после ќе го носите на хеликоптерот во Идризово.

Половина час подоцна порачаното јадење го донесе Николовски а јас јадев сам во канцеларијата. Удбашите продолжија да пијат виски. По ручекот пак седев во лимузината полициска, ескортиран од двете други коли во кои имаше вооружени милиционери. По истиот пат се вративме до факултетот на државната безбедност во Идризово. Но овојпат штом се качив во хеликоптерот, веднаш ми ги врзаа очите за да не видам на која страна ќе сврти хеликоптерот. Назад со мене на Караџица се врати само иследникот Никола Илиевски...“

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.