Ден на востанието на Република Македонија или Ден на народното востание на Македонскиот народ познат и како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбатата за национално ослободување на македонскиот народ. Тоа е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствена државност. Со овој историски чин, македонскиот народ покажал дека на никој нема да му дозволи да го турне на страната на фашистичките окупатори. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку напротив, жешко подрачје за окупаторот на кого му ги расипала сите планови и одиграла значајна улога во целокупниот расплет на Втората Светска војна.
Фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 год. ствараат нови, потешки и посложени услови за југословенксите народи и народности во нивната борба за национална и социјална слобода. Македонија, повторно, е поделена помеѓу германскиот, италијанскиот и бугарскиот окупатор. Тоа уште повеќе ја зголемува трагедијата на македонскиот народ - едно поробување се заменува со друго, потешко и помрачно.
Оруженото востание, започнато на 11 октомври 1941 година, претставува исклучително значаен историски чин во долготрајната народно-ослободителна борба на македонскиот народ.
Држејќи се до принципите на герилското војување, припадниците на Прилепскиот партизански одред "Гоце Делчев" (формиран во месноста Црвени Стени, близу до Прилеп), се распределуваат во три групи, го напагаат бугарскиот полициски участок и затворот и вршат прекин на телефонските врски и електричната инсталација. Кумановскиот (Козјачки) партизански одред , бил формиран на 12 октомври 1941 годона, во областа Студена вода, а Карадачкиот партизански одред, во областа Менкова колиба. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Активноста на овие партизански одреди е скромна, но претставува иницајлна каписла за продолжување на борбата.
|