|
|
Почит кон оснивачот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски 1929-1998 |
Драган Богдановски, македонски емигрант, револуционер и борец за самостојна македонска држава, против комунистичкиот режим на СР Македонија, во состав на СФР Југославија и против режимите на Бугарија и Грција, каде сеуште се асимилираат Македонците, под нивните шовинистички власти, стана еден од најголемите современи поборци за македонската кауза, во македонското движење во диаспора. Пред оснивачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ, во Република Македонија, одржано на 17 Јуни 1990 година во Скопје, во Германија се донесе одлука за преименување на предходно предложеното од Драган име, ДПМНЕ да се додаде ВМРО и идната партија да се вика ВМРО-ДПМНЕ. Во наредните месеци, пред повекепартиските избори, во сеуште под Југословенска власт на СР Македонија, Драган Богдановски се врака во СР Македонија. Заедно со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ствара нови ограноци и врши пред изборни кампањи, во скоро сите градови на СР Македонија. За одбележување е и говорот, пред иљијадната публика ,на митингот во Охрид. Паралелно со тоа се организираат и вршат осниваки Собранија во диаспората, каде се оформуваат ограноци на ВМРО_ДПМНЕ во Австралија, Канада и Европа, во соработка со Драган Богдановски, Координативното тело на ДПМНЕ и со централата на ВМРО-ДПМНЕ во 90-те години од миналиот век. Позначајните функции на Драган Богдановски во ДПМНЕ и во ВМРО-ДПМНЕ: - Пртетседател на координативниот Одбор на ДПМНЕ за диаспората; - Почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, избран на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп одржан на 5-6 Април 1991 година и - Претседател на задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа, од 1991 до 1993 година. Драган Богдановски, поради неговиот немирен револуционарен дух, поради отсуството со децении од родна Македонија и најпосле поради дел од неговите недосататоци, кои секој од нас ги има, во помала или во поголема мерка, при своите изразувања и усмени конверзации, бива изолируван до самоотстранување и до дистанцирање од ВМРО-ДПМНЕ. Иако првиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ,во републиката и претседател на првата ВМРО-ска Влада, Љубчо Гепргиевски, кој не беше доследен на ВМРО-вските принципи, за лојалност кон единствената ВМРО-ска партија и организација, кој како и неговиот министер, Љубе Бошковски, кои дезертираа од матичната ВМРО-ДПМНЕ, стварајки други политички партии, но првиот, користејки ги четирите светли букви, му најде мана, на оснивачот Драган Богдановски. Тој бугароман, како народот го нарекува, го нарекол Драган Богдановски за контрадикторна личност, поради свои лични процени, интереси и мислења, наводно, околу неговото отслужување на 11-годишната затворска робија во Идризово, СР Македонија. Без разлика на било што, г-динот Драган Богдановски останува засекогаш заслужен оснивач на ВМРО-ДПМНЕ. Вршејки ги своите национално-политички-патриотски македонски должности, Драган Богдановски, почина на 31. Мај 1998 година, Во Копенхаген-Данска, патувајки од Шведска за Германија. После неколку месеци, неговите посмртни остатоци, со помош на македонските патриоти, негови најблиски соработници, пренесени се од Шветска и погребано е во гробиштата во Куманово, Република Македонија. На погребот на македонскиот великан и оснивач на ВМРО-ДПМНЕ, во присаство на членови на неговото семејство, а за жал и срамот на неговите сопартијци, од централата на ВМРО-ДПМНЕ, раководена од Љубчо Георгиевски и ограноците од градовите на Република Македонија, никој од нив не присаствувал на погребот. Од неговата смрт е навршено 12 години, баш во времето на отпочнувањето на прославата на 20 годишнината од оснивањето на денешната ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, кој го води Македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, кон прогрес и посветол живот, отколку поранешните комунистичкмо-социјалистички и шовинистички општества и нивните следбеници, против кој се бореше Драган Богдановски, очекуваме од Премиерот, како подржувач од Македонците од републиката , а и од цела патриотска македонска диаспора, да му оддаде потребна почит и изрази признание за овој македонски великан. Нека му е вечна слава и лесна македонската земја, на нашиот ценет Драган Богдановски, кој не задолжи сите нас и нашите идни Македонски генерации, да го продолжиме неговото дело за обединување и ослободување на Македонците и на Македонија. Сопартијците и најблиските соработници на Драган Богдановски, кои го создадоа и придонесоа за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ,кои денес се покојни, во времето на прославата од 20 годишнината на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, да ги спомнеме и да им оддадеме потребна почит. Тие несебични патриот беа: Панко Самковски, Михаил Шариновски-Солунски, Крсто Шкодров, Спасе Трпоски и други од Австралија, како и поединци од Канада, Америка, Европа , а од Македонија, покојниот Костадин Диневски-Динката, кој е заслужен за поврзувањето на Борис Змејковски со Драган Богдановски, кој штотуку излегол од затворот и почнал да организира нова македонска национално политичка партија. На сите нив, заедно со големиот Драган Богдановски, нека им е лесна земјата и вечна слава, амин! Јанко ТОМОВ, Бризбен, Австралија, 26 Мај 2010 |