Среда, 23 Август 2023   
Македонци по народност со исламска вероисповед

Бројноста на Македонците-муслимани во Македонија се движи од 40.000 до 100.000 луѓе. Највеќе се населени во Долна Река (Општина Маврово Ростуше), Торбешијата (Скопско), повеќе села во Струшко , Општина Центар Жупа и поширокиот Дебарски регион, Тетовскиот регион каде спаѓаат селата Јеловјане и Урвич, Општина Пласница, Општина Долнени, Битолско (во повеќе села од поранешната Општина Бистрица), селото Велешко итн.

Македонците со исламска вероисповед се исто така мнозинство и во македонските етнички територии надвор од границите на Република Македонија, особено во областите Гора (во Косово и Албанија) и Голо Брдо (во Албанија).

Во некои случаи за оваа категорија луѓе се користат термините Торбеши, Горанци, Помаци, Аповци или Потури.

Терминот „Торбеши“ има негативна и погрдна конотација. Има неколку теории за настанокот на името од кои најпознати се дека поради маките од османлиите овие луѓе ја ставиле главата во торба (и преминале во исламот) и дека ја продале својата христијанска вера за торба сирење. Ова мислење категорично е невистинито и неприфатено, бидејќи верата не се продава ниту купува, туку поради нивното постојано патување на гурбет и со торба на рамо за да печалат пари за опстанок.

Покрај името Торбеши кое е општоприфатено (но сепак погрешно и погрдно) за Македонците-муслимани во разни краишта постојат разни имиња. За Македонците-муслимани во Кичевско се користи името Аповци (од турскиот збор „апо“ што значи браќа), а во некои краишта во источна Македонија се користи и името Потури кое пред сè има погрда конотација.

Поради тоа што овие луѓе се Македонци, нивните здруженија и организации постојано апелираат да се престане со употребата на разните имиња (кои често имаат погрдно значење) и за нив да се користи само името Македонци бидејќи тоа и се.

Според регионите во кои живеат македонски муслимани (т.е. етнички Македонски со исламска вероисповед) се нарекуваат со различни имиња. Главна карактеристика за сите нив е што го зборуваат македонскиот јазик во дијалектна форма според регионот во кој живеат. Но сепак поради различноста на регионите во кои живеат секоја група има задржано свои специфични етнолошки карактеристики. Според тоа македонските муслимани можат да се поделат на следниве категории:

  • Торбеши (Македонци-муслимани) кои главно живеат во регионот Торбешија во Скопската котлина и Реканската облат по долината на Радика,
  • Горанци кои главно живеат во областа Гора,
  • Помаци во Пиринска Македонија и Грција.

Првите податоци за исламизирањето во Македонија датираат некаде од средината на XV век. Отпрвин примањето на исламот било доброволно и најчесто во ислам преминувале оние луѓе кои имале големи имоти и кои биле побогати со цел да ги зачуваат своите имоти и богатства од одземање од страна на османлиите. Еден дел од Македонците христијани го примиле исламот со цел да ја задржат земјата и имотот, за и понатаму братски во задруги да ја обработуваат со своите роднини кои останале христијани. Со примањето на исламот на побогатите Македонци, османлиите отпрвин сметале дека тоа ќе послужи за пример на останатото население во Македонија да ја прими исламската вера.

Подоцна откако доброволното примање на исламот земало многу мали размери, османлиите+ започнале и со насилна исламизација на македонското население која се остварувала или преку директно исламизирање или преку принуда најчесто со киднапирање на женски членови на семејствата, ослободување од плаќање на даноци итн. Македонците-муслимани иако ја смениле својата вера, тие низ вековите не го примиле турскиот јазик и го задржале македонскиот јазик, а останале и македонските обичаи и традиции (прослава на Ѓурѓовден, посета и дарување во христијанска црква кога се има болно дете, а во некои куќи на Македонци-муслимани сѐ уште се чуваат православни икони итн.).

Во поново време (особено во текот на 90-тите години на ХХ век и во денешницата) Македонците со исламска вероисповед се предемет на напади на големонационалистичките апетити и пропаганди особено од страна на Албанците, а во помала мера и на Бошњаците, Турците и Србите. Во последно време се поголеми и пожестоки се притисоците и на Бугарите, особено во областите Гора и Голо Брдо, врз тие македонски муслимани со цел да се претстават како „етнички Бугари“. Во косовскиот дел на Гора постои здружение на Бугари-мохамедани (муслимани).

Организациите на Македонците-муслимани жестоко реагираат (особено г-дин Исмаил Бојда) преку повеќе написи во весниците и јавноста поради притисоците вршени од страна на Албанците во западна Македонија да се попишуваат како Албанци, заведувањето со албански имиња и презимиња во матичните книги во повеќе општини, насилното воведување на албански јазик во училиштата итн.

Во најново време во Република Македонија, се забележуваат тенденции за одделување на Македонците-муслимани од македонската национална целост и конституирање во посебна етничка група. Оваа тенденција е поддржувана и пропагирана од страна на пратеникот и бизнисмен Фијат Цаноски и неговата политичка партија ПЕИ.

Македонските муслимани од Гора (Горанци) во Косово официјално побараа да бидат вклучени во новиот предлог за уредувањето на Косово како посебна македонска национална заедница, со загарнитирани најмногу 9, а најмалку 3 пратенички места, со овозможено образование на мајчин македонски јазик и давање на културна автономија на областа Гора.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.