Среда, 30 Август 2023   
Јане Сандански : “Да живееш значи да се бориш - поробениот за слобода, а слободниот за совршенство"

“Ние треба да работиме за будење на сознанието кај македонските маси дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потпираат на туѓа помош, зашто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност, да не поробат".

,,Вие (врховистите) ја сакате слободата на Македонија и Одринско како етапа на идните Ваши завојувања и анексии, додека кај нас слободата е легната во основата како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас - Внатрешните и Вас - Врховистите"!

“Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што ние дадовме и продолжуваме да даваме".

“Првпат агитирав во смисла да се постави Организацијата самостојно, да се почувствува населението слободно, на тој начин што ќе се отстранува од турските власти и што ќе се концентрира власта во рацете на Организацијата, така што населението на дело да види малку слобода, да ја осети таа слобода и да ја засака".

,,Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други тирани, па ни со бугарска тиранија и бугарскиот кнез. Ние се бориме Македонија да стане автономна, независна, слободна држава, Македонија на Македонците!".

"Јас не очекувам брзо ослободување на Македонија. Тоа може дури и да не дојде додека сум жив, но јас сакам да го зачувам народот и да го организирам и ако тоа стане, тој сам ќе си ја извојува својата слобода".

“Ние не ја мразиме Бугарија и нејзиниот народ, туку се спротиставуваме на нејзината политика, која е спротивна на нашите идеали и интереси".

"Да пиеме за слободна и автономна Македонија за која се бореа и дадоа скапи жртви сојузените балкански народи" - на банкетот во Солун, по повлекувањето на Турците 1912 година.

"Ние водиме борба против вас, врховистите, затоа што сакате да ја потчините Организацијата и да ја направите орудие на бугарскиот дворец. Со вашата оружена интервенција во Џумајско, вие на ослободителната борба и придадовте карактер на вештачко движење кое се инспирира од вас од официјална Бугарија, а не од внатрешността и од самиот поробен народ. Со тоа вие и го убивате престижот и оставате впечаток дека ние сме орудие на бугарската држава, и со сето тоа мy пречите на ослободителното дело. Ние решително им се спротивставивме на вашите офицери зашто го знаеме нивното воспитување, нивните интимни замисли. Тие се луѓе што дале клетва за верност на бугарскиот кнез и на бугарската држава, и тие не можат да бидат ништо друго освен нивни слепи и послушни орудија. А пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други такви, па ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население, тие ќе му диктираа да го бара приклучувањето на Македонија кон Бугарија, како што стана со Источна Румелија во 1885 година. Ние ја месевме погачата, вие ќе ја јадевте."

"Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население."

"Ние имаме своја аграрна програма тесно поврзана со нашата општа политичка програма: првата се изразува низ барањето за доделување на земја на селаните, а втората, политичката, се содржи во барањео од Македонија да се создаде автономна област во рамките на отоманското царство. А најмногу од се друго се плашиме од тоа нашите "мили пријатели" Бугарите, Србите и Грците, да не дојдат да не "ослободуваат", зошто тие, всушност, ќе дојдат да не поробат."
“Од несреќата од Версајскиот договор нашиот народ ќе ја има, наспроти сите неволји, барем таа добра страна, што ќе се ослободи еднаш засекогаш од опекунството на една политика, која е секогаш готова да го жртвува секое парче од неговата земја и ќе раскине дефинитвно со одродени македонски синови, кои наоѓајќи се далеку од неговата несреќа, одамна заборавиле дека дошле од македонската земја, упорно ја потпомагаат таа политика на тргување со нашата татковина, меѓу другото, и во знак на благодарност за добриот живот и поминот на кој предавнички се радуваат поради нејзиното богато покровителство. Да извлечеме реална поука од сето тоа и да се подготвуваме уште од сега за блиското остварување на чистиот македонски народен идеал".

Македониум

 

На прво место

News image

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови

Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови и штетни ...

Историја

News image

Христијанската црква во Македонија до појавата на светите Кирил и Методиј

Христијанството во Македонија почнало да се проповеда уште во апостолско време. По своето обраќање в...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД БАЛКАНСКИОТ ФОЛКЛОР НА ЏОРЏ (ГЕОРГИ) ТОМОВ (34)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

За празниците во Велес

Од книгата „Така се зборува во Велес“, приредила Снежана Петрова – Џамбазова, Скопје 2007. За праз...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.