Среда, 02 Јануари 2013   
Границата помеѓу Бугарија и Турција во делот на Македонија

Balkans_ethnological_map

(20 септември 1879 година)

Член 6

Од Манчу, точка сместена помеѓу Сиври -Тач и Кадри -Тепе, каде што границата помеѓу  Бугарија и Источна Румелија се спојува, во согласност со актот од 14 август о.г., со главниот гребен на Родопите обележан на австриската карта како граница на стариот санџак на Софија, јужната граница на Бугарија, одејќи право кон југ, ја следи преку главната верига на Родопите јасно означената линија за поделбата на водите помеѓу басените Места-Карасу (Рополница и Граничар) од една страна, и Искар од друга, преку Ручкаја-Чал и Налбант; во висина на Курџалак, таа го зема правецот кон запад преку Чабирна и Демир-Капија се’ до Кидиница Гора, каде што скршнува кон ју-гозапад, па преку Коџа-Корица-Гора доаѓа до Ај-Гедик (врв на планината)...

Таму таа повторно скршнува кон запад и следејќи ја линијата за поделба на водите помеѓу басените на Рилска Река и Бистрица Река, притоки на Струма-Карасу, таа доаѓа кај потпорниот ѕид  на Воденица Планина до врвовите на Мрџик-Тепе, Кадиица, Маркова Скала, Царев Врв, Мусовра, Дерезлица, Кирело и Фетир. Таа на Бугарија и’ го остава Рилскиот манастир и селата Пастра, Рилосело и Истоп, а на Турција селата Бистрица и Добрава и градот Џумаја.

На 2.300 м, југоисточно од Бараково (Баракли) границата ја напушта делбената линија за да се спушти кон Рилска Река преку нагласениот гребен на вториот потпорен ѕид источно од Бараково... Оваа линија скоро да го дели грото на поседите на Бараково оставени на Турција од една страна и на Параминово (Паромин) оставени на Бугарија, од друга.

Границата потоа се спушта на патот по долината на Рилска Река се’ до нејзината утока со Струма и свртувајќи на север, оди по текот на Струма се’ до 600 м на оваа утока кон запад во долот кој ги дели селата Текија (Јелешница) што и припаѓаат на Бугарија и Бучино што и‘ припаѓа на Турција. Преку горниот дел на тој дел таа доаѓа до врвот Чордак-Камик; Потоа по гребенот на Влаина, јужно од Бучино; тој басен во целост заедно со селата Лисија, Дреново, Клисура и’ останува на Турција; наспроти тоа, територијата на Фрохопл и Червеница и’ останува на Бугарија.

Преку Гора Ерсејковица и Гора Дирнберица границата доаѓа до веригата на Голема Планина до врвот Синианова Чука (што одговара на Гитка на австриската карта). На оваа верига која ги дели водите на Јелешница од оние на Саса-Дере што се вливаат во Брегалница, таа сукцесивно врви накај Гора Планина, расфрланите куќи на Ветрен, Стервиж Врв, врвовите Жива Кобила, Стибаница, Куцулиница, Јадропаница, Балтајница и Руен, оставајќи и’ ги на југ на Турција селата Косевица, Млаштица и Саса.

Од Руен границата се спушта и понатаму, следејќи го општиот правец југоисток кон северозапад, кон патот од Ќустендил за Егри Паланка преку делбената линија помеѓу водите на Лепница од една страна и оние на Крива Река, притока на Егри-Дере, од друга; таму таа доаѓа до врвовите на Сака-Баши, Бождерица и Бачевица.

Таа го сече горенаведениот голем пат кај караулата Дере-Багдар, која се наоѓа на котата 1247 од австриската карта, се качува понатаму кон север и следејќи ја вододелницата, минува по врвовите на Могилер, Сдранхофер, Трново, Сузрана и оставајќи и’ ги на Бугарија селата Каменица, Ѓуешево, Скакавица, Раници, Пеколница, Червен Дол, Коприва, Бабечено, Черешново и целиот басен на Покрива Река со селата Жеравино, Голеш и Караманица. Селата Жедуло, Радилиско, Фурпач, Медош, Сурсера, Луки и’ остануваат на Турција. Кај Бабина Полјана, демаркационата линија поминува преку врвовите Гулемиј-Врв-Гора и Вило-Коло, оставајќи и’ ги на Бугарија селата Доганица и Дукат, а на Турција Пролиесие и Червен Град, и 4 км јужно од Црн Врв доаѓа до Гора-Патарица, место на составувањето на бугарско-турската, турско-српската и српско-бугарската граница, на изворите Суга - Лубата на исток и Орличка на запад.

Член 8

Границата помеѓу Манчу и Гора-Патарица е нанесена во размер 1/42000 на скица изготвена според руски карти и мерења, извршени специјално за комисијата од страна на англиски службеници, а која ќе биде дадена во прилог на овој акт за да биде консултирана, доколку се укаже потреба како објаснувачки документ.

Гореприведената скица ја прикажува, освен тоа, областа помеѓу Чам-Куру и Манчу и на тој начин ја комплетира скицата приложена кон Актот од 14 август, кој се однесува на границата помеѓу Бугарија и Источна  Румелија...

Македонија во меѓународните договори...,  стр. 238-240;

Г.Е. Норадоунгхиан, Рецеуел д’Ацтес Интернатионаух, Т.ИВ, п.238-240;

Документи за борбата ..., т.И, док.178, стр. 239- 242;
 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.