|
|
Најрешавачко оружје за продолжување на борбата за национална слобода |
(2 август 1949 год.) РЕЗОЛУЦИЈА НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОМУНИСТИЧКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (КОЕМ): СО КОЕМ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДОБИВА НОВО НАЈРЕШАВАЧКО ОРУЖЈЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА БОРБАТА ЗА НАЦИОНАЛНА СЛОБОДА “И. Првата конференција на Комунистичката организација на Егејска Македонија е свикана во периодот кога народно-демократското движење на нашата земја и националноослободителната борба на нашиот народ влегоа во решавачки пресврт, стигнаа пред крајната победа. Во огнот и тешкотиите на суровата и долгогодишната борба се роди КОЕМ, дел на КПГ... ИИ. Сите борби на македонскиот народ во текот на целиот револуционерен период, поради самата историска потреба, имаа цел создавање на народно-демократска социјалистичка Македонија. Тие борби беа организирани и раководени од македонките комунисти, членови на КПГ... III. Народно-демократската борба што ја води во нашата земја работниот народ со својата борбена авангарда ДАГ за слободата и демократијата на Грција е борба за физичко и национално суштествување, за извојување на национална слобода, и воста-новување.... IV. Токму во решавачкиот момент се свикува конференцијата на КОЕМ, која ценејќи ја гореизнесената ситуација, решава: 1. Со ентузијазам го поздравува и одобрува создавањето на КОЕМ како една историска нужност и една решавачка етапа во борбата на македонскиот народ за слобода и независност. Со КОЕМ македонскиот народ добива ново најрешавачко оружје за поефикасно продолжување на борбата за национална слобода, но и социјално ослободување, за народна демократија и социјализам.... 2. Декларира своја полна приврзеност кон народно-демократскиот блок на работниците од целиот свет на чело со Советскиот Сојуз и др. Сталин, блок кој е единствена гаранција за заштита на нашиот народ од канџите на американските империјалисти, гаранција за извојување слобода и независност на нашата земја. 3. Борбено ја декларира својата решеност да ја продолжи, со уште поголем интензитет и решителност, борбата што ја водат двата наши народи, со својата вооружена авангарда ДАГ, за ослободувањето на Грција...Како последица на заедничката победа ќе биде извојувањето на национална слобода на нашиот народ... ...5. Нашите националноослободителни организации НОФ, АФЖ, НОМС, се олицетворение на најблагородните стремежи на нашиот народ за неговата слобода и народната демократија... ДАРМ, ф: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, К.-21/7; А М, Егејска Македонија во НОБ 1949, т.ВИ, док.186. стр.401- 404; |