|
|
Димитар Поп Георгиев Беровски – „Нетрпеливоста растеше и решив да организирам востание во Македонија“ - (1874 година) |
“Јас пак тогаш избегав од прогонот на цариградската полиција, потајно отидов во Солун. Во Солун и надвор (околу) Солун успеав да живеам прикриено од турските власти приближно околу половина година. Тука имав можност да примам подробни податоци за дејствата на Херце-говското востание. И случајот ми помогна да ги следам сите движења на турските војски по суво и по море кога пристигнуваа и се упатуваа со железницата преку Митровица за Босна и Херцеговина. Најсилно движење на војските за Босна и Херцеговина се забележуваше околу крајот на 1875 и во почетокот на 1876 година. Вестите за херцеговските востанички акции, движењето на турските војски и мојата положба за мене станаа еднакво неподносливи. Од ден на ден нетрпеливоста растеше и јас во месец декември 1875 година решив да организирам востание во Македонија, со кое ќе се даде помош на херцеговското востание со задржување на еден дел од турските војски...” И. Катарџиев, Кресненското востание 1878..., стр 16 |