|
|
Апел до сите македонски друштва, организации и до сите Македонци во Австралија (1992 година) |
Пандо Шамбевски (1992 година) „Драги браќа и сестри Македонци, време е да се освестиме, да ги завршиме меѓусебните караници помеѓу нашите друштва и организации, зашто со тоа самите себе се распарчуваме... Самите себе и со тоа и штетиме на сета наша македонска нација... Со меѓусебните несогласу-вања ние нанесуваме штета на нашата Македонија за која бараме приз-нание во светот, а самите помеѓу себе не се признаваме... Затоа имаат право да се шегуваат со нас, затоа што ние Македонците сме најнеорганизирани во Австралија... Еве , јас не сум ништо друго по нација, освен Македонец. Затоа го испраќам овој апел до сите вас за да се собереме заедно, како една ФАМИЛИЈА, сите наши друштва и организации кои што се регистрирани и да изнајдеме начин како да направиме една семакедонска заедница со координационен одбор (тело) на сите Македонци и Македонки. Сите друштва и организации да се сооединат под тоа тело во кое ќе бидат застапени со по двајца членови - делегати... Во тоа тело потребно е да се зачленат и други видни граѓани од македонско потекло кои извр-шуваат професионални дејности и наши бизнисмени... Тие луѓе можат многу да придонесат за афирмација и заштита на македонската нација во Австралија. Ова тело да се регистрира во австралискиот парламент и да ги застапува сите македонски побарувања од австралиската влада... Покрај координацијата на македонските друштва и организации оваа заедница да соработува и со нашата татковина Македонија, со што ќе го помогнеме и изградувањето на нашата стара татковина, а со тоа ќе го подигнеме угледот на македонскиот човек во целиот свет...” |