Среда, 23 Јануари 2013   
Говор на Павле Раковски на II конгрес на НОФ

Чување и зацврснување на македонското единство и на нашето борбено единство  со грчкиот народ- 26 март 1949 година.

pavle-rakovski

ЗАДАЧИТЕ НА НОФ

„... ДАГ е вооружената авангарда на народот, на грчкиот и на нашиот, која достојно ја брани нашата земја од дефинитивното поробување и катастрофа. Помасовното учество на нашиот народ во редовите на ДАГ и уште поголемата помош за неа, е основната задача на НОФ.

Нашето единство, македонското, како и понатаму борбеното единство со грчкиот народ, е неопходен предуслов за победата. Без нашето македонско единство и без понатаму борбено единство со грчкиот народ, ќе доживееме само катастрофи. Нашите непријатели го знаат тоа и затоа прават се што можат за да не расцепат. Но народот се има многу напатено од такви расцепи, тој има искуство и не се мами. Кој прави шу-шу со цел да го скрши нашето единство како Македонци, кој прави шу-шу-шу со цел да не раздели од борбениот грчки народ, од соборците...Тој работи во корист на непријателот и за нашата катастрофа. Целите на борбата на ДАГ, целите на ПДВ, целите на политичката линија на КПГ во врска со нашето македонско прашање се многу јасно формулирани во Резолуцијата на Вториот пленум на ЦК на КПГ.

Не треба да постои никакво сомневање дека како резултат на победата на ДАГ и на народната револуција, македонскиот народ ќе има свое полно востановување, такво какво што самиот сака, пролевајќи ја денес својата крв за да го извојува тоа. Тие се и нашите цели, целите на политиката на НОФ... Чувањето на македонското единство, чувањето и зацврстувањето на нашето борбено единство со грчкиот народ, чувањето на чистотата на политичката линија и нејзиното популаризирање е обврска на сите нас, на секој член на НОФ, на секој Македонец и секоја Македонка патриот...”

Извор:

ДАРМ, фонд: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, а/е 37/Б/49;

Архив на Македонија, Егејска Македонија во НОБ 1949, т.VI, Скопје 1983, стр 147-148;
 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.