|
|
Животописот на Аристотел (IV дел) |
АРИСТОТЕЛ ВО НАУКИТЕ И ФИЛОЗОФИЈАТА (I дел)
Ангелина Маркус Аристотел е човекот што владеел со сите науки во неговото време. Претставен ни е како филозоф, научник, песник на оди, беседник, историограф со голема снага на изразување, со јасност, ученост, стил. Предавал реторика во своите школи. Тоа му е наследено од дијалошките разговори на софистите. Говорите и предавањата му биле совршени. Го интересирала политиката, а театрологијата, уметноста, правото и законите, с# во смисла на енциклопедиско знаење обработено во универзален систем. Науката и филозофијата не биле издиференцирани и му овозможиле на Аристотел изобилство од поединечни предмети и појави од физика, метерологија, биологија, поетика, учење за државата, за моралот, за економијата, во корелацијата со филозофските учења и филозофските дисциплини како логика, етика, естетика. Тука Аристотел ја завршил најголемата систематизација на целокупното човеково сознание со што стана татко на науките. Ги издвои сродните градива и ги подреди под степен на важност и самостојност. Потоа & се посвети на филозофијата да го среди тој разноличен материјал кај претходните филозофи. Ги систематизира по сродност на проблеми, а не по тоа што поминале крај Атина или бегале од отровот кукута. Аристотел се потрудил на секој филзооф да му го одреди местото и припадноста на филозофската школа и придонесот за развој. На филозофските учења за светот, човекот и мислењето. По систематизацијата следи синтеза во развојноста на филозофските проблеми. Во таа обемна работа Аристотел е прв од филозофите што ги толкува различните учења и со тоа стави темел на историја на филозофијата. Укажа и какви се влијанијата, на различните филозофски учења, зашто филозофијата е израз и одраз на времето и условите во коишто филозофите живеат. Дали филозофските учења ќе се изложат проблематски или систематски, тие мора да бидат поврзани со времето во кое се појавиле. Тоа не важи за изложување на закони во природните науки. Не е потребен редослед на некој закон од физиката, тој си важи автономно; во филозофијата не е така. Аристотел најде нешто заедничко во разновидноста на светот, а тоа е битие како праоснова на светот кај милетските, елејските филозофи, кај Хераклит и Демокрит, Емпедокле и Анаксагора. Тоа е водата, воздухот и апејронот (неодреденост) кај Талес, Анаксимен и Анаксимандар, оганот кај Хераклит, хомемериите (ги именувал Аристотел) кај Анаксагора, а биле објаснети како семиња на нештата што кај Демокрит преминале во атоми. Така материјата како битие, суштина, основа на светот во разновидност се консолидира како ентелехија кај Аристотел. Тоа е почетна, прва, проста фаза на материјата присутна како земја, вода, воздух и оган со петтиот елемент етер – движечка сила или духовност. Аристотел во филозофијата го вовел материјалното и движечкото под дејство на сила што се оформува без да му штети на материјалното постоење на појавноста. Идејата за етерот кај Аристотел доаѓа од движењето на битието како спротивност, како њус кај Анаксагора, што била сила да ги бранува материјалните честички во прво придвижување или моќта на привлекување и одбивање, на слично и различно, застапено кај Емпедокле. Материјалистичката линија на битието што се движи кај сите спомнати филозофи од просторите на македонската држава ни претставуваат единство на светот во Аристотеловата сеопфатна филозофија, отелотворена во македонската држава. Во таа смисла, Аристотел со филозофијата и науките претставува идејно освојување на светото пред Александар. Како што Аристотел ги создаваше книгите, списите, библиотеките, така Александар ги создаваше градовите Александрии и се ширеше македонскиот дух и култура како основа за нови цивилизации во светот. Сепак и Аристотел и Александар пред с# биле и се Македонци, наследници на својот народ и претци на нас Македонците. Александар не само што се грижел за науките и самиот бил научник. Аристотел бил научник и цар на филозофијата какви што се и повеќето филозофи со царско потекло на чело на народ како првосвештеници. Кога во рака ќе се земат оригинал дела на Аристотел, сосема е нешто друго отколку што се пишува, коментира или се споредува со Платон во учебниците. Изворните дела на Аристотел, со тоа што се кажува за него, многу се разликуваат од интерпретациите. Така се губи и смислата и јачината на стилот и суштинската содржина на мисловноста. Тоа што се нуди во скратена форма, неповрзано со условите и можностите на творештвото за генијалните разјаснувања, согледување и воспоставување на законите во сите науки, ја обезвреднува Аристотеловата мисла. Сега се сведува на тоа дали Аристотел бил Македонец, а Александар дали им припаѓа на сите народи што ги покорил. Тоа е заслугата на Грциве – обезвреднување и запоставување на нивните дела за да се истисне историското место на Македонците. Ако сакаме да ги наброиме сите списи од Аристотел во милион редови, или книги повеќе од 450.000 примероци, треба да напишеме нова книга само за тоа и повторно да докажуваме како и арапската и европската наука создадени се и разнесени по светот од Македонија, од Аристотеловите списи. Библиотеките горени и крадени од сите македонски градови, не само од Александрија, сведочат за вистинското варварство на “културните народи”. Прва инквизиција направена е во Атина со горење на книгите на филозофот Протагора, а тој софист – учител по филозофија, дошол да ги описмени демократите, желни за власт и владеење со неуки и знаење. Судирот на филозофите во Атина има големо значење како судир на различни идеологии. Презирот кон Атина го искажал и Хераклит, во еден фрагмент: “власта на демократите личи на детска игра со камчина”. Се откажал од управата на Ефес како крал и го задржал првосвештенството, посветувајќи & се на филозофијата. Аристотел, поучен од судбините на филозофите кон крајот на V век во Атина се чувал да не посегнат и по неговиот живот. Сепак, на крај и посегнале. Благодарение на системот, помошта и организираноста на македонската држава, Аристотел правилно го одредил местото и улогата на претходните и современиците филозофи. Од сите нив учел, само од Платон немало што да научи, единствено него го критикувал. Аристотеловата критика на Платоновите идеи се критика на неодржливоста на идеализмот воопшто, ќе примети Ленин во книгата “Филозофските тетратки”. Таа критика е единствената врска, можеби затоа Платон и не го спомнува Аристотел, а ниту Филип. Атина и денеска го обожава и го сака Аристотел со сите науки и цело македонско царство. Продолжува |